fbpx

Трговијата е многу повеќе од продажба на производи. Со годините, со развојот на општеството и технолошките пронајдоци, трговијата бележи значителни промени. Сепак, основните правила за успешно водење  трговски компании се фундаментални и постоеле отсекогаш. Во продолжение прочитајте ги 5 те правила кои мора да ги почитувате доколку се занимавате со трговија:

1.Понудете вистинска вредност!

Филозофијата дека трговецот треба да му „ували“ производ на купувачот одамна не функционира. Доколку не понудите вистинска вредност, осудени сте да завршите на маргините! За успешно да продавате немојте да се фокусирате на продажба! Развојот на Вашите производи или услуги е тоа што Ви носи сигурен успех. Не постои ниту еден квалитетен производ за кој не може да најдете купувачи. Најдобриот производ е комбинација од квалитет, упорност, љубов, максимално вложување и искрена желба да им помогнете на клиентите. Имаме решение како беспрекорно да ја водите Вашата трговска компанија! Работете како успешните! Закажете консултативен разговор!

  1. Планирајте го успехот!

Како работат успешните трговци? Едноставно, не можете да бидете успешни доколку успехот претходно го немате проектирано во Вашата глава. Успешните трговци одамна имаат сфатено дека единствено темелно планирање и анализа носи кон врвот! Во денешно време, со развојот на ИТ индустријата, не можете да кажете дека сте сериозна трговска компанија доколку ги немате сите потребните извештаи. Кој треба да знае во каква состојба е Вашиот бизнис ако не Вие самите?! Генерирајте ги потребните извештаи уште денес! Знаеме како трговијата можете да ја претворите во уметност! Helix M – решението кое го користат најмногу трговски компании во земјава!

Побарајте бесплатна демо верзија!

трговија

  1. Воспоставете контрола!

Вашиот бизнис треба да го водите Вие! Најголема грешка која ја прават новите трговски компании е тоа што целата документација и извештаи сметаат дека треба да ги води нивното надворешно сметководство. Оставете го сметководителот да ја работи својата работа. Филозофијата „Не знам тоа, сметководителот ми ги брка тие работи“ е една од главните причини за згаснување на голем број старт-ап компании. Несериозно е да го контактирате сметководителот за да проверите лагер листа, материјална картица, извештаи за продажба и наплата по периоди, промет по клиенти, производи… Едноставно мора да знаете во секое време како дише Вашиот бизнис. За да станете голема компанија треба да размислувате и работите како голема компанија.

Одберете успех!

  1. Продавајте и во сон!

Трговецот нема работно време. Продажбата е трансфер на емоции. Мора да дишете заедно со производот. Поради недоволната подготвеност на комерцијалистите често се пропуштаат најдобрите зделки. Мора да бидете подготвени во секо време да направите фактура и да ја заклучите продажбата. Во спортот екипата која ги реализира укажаните шанси секогаш победува! Џабе ако работи целиот тим доколку комерцијалистите не се во можност да реализираат. HELIX MOBILE – Вашата виртуелна канцеларија! Отсега можете да продавате од било каде!

Побарајте бесплатна демо верзија!

  1. Бидете упорни!

Единствен начин да не успеете во бизнисот е да се откажете! Успешните луѓе не ги менуваат одлуките преку ноќ! Останете верни на Вашите соништа! 

Закажете консултативен разговор!