За да ја преземете и инсталирате најновата верзија на Helix потребно е да ги направите следните чекори:

1. Во самиот Helix кликнете на Инсталирајте најнова верзија (MS SQL)


2. За да може да продолжите со постапката потребна е активна конекција на Интернет. Ако Вашиот компјутер е поврзан на интернет само кликнете на копчето Во Ред

3. Во следниот чекор за да ја преземете најновата верзија, кликнете на копчето Преземи. 

Индикаторот за симнување Ви покажува до каде е симнувањето на новата верзија

4. После завршеното симнување на најновата верзија целата постапка е автоматизирана. Се прави бекап на досегашаната верзија на HELIX и се надградува HELIX на најновата верзија.

За сите дополнителни прашања за инсталирање на најнова верзија на HELIX Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер Ви стои на располагање.