HELIX K – Книговодствено работење

Дефинитивно најдобар избор за секое книговодство. Од овој момент оставете ја конкуренцијата далеку зад Вас! Комплетно книговодствено работење со сите законски прописи!

Денеска времето е најскапо!

А книговодството на едно претпријатие е секогаш напорна работа која бара максимална концентрација а често пати е поврзана и со посета на банки, берзи и други институции.

Како драстично да го намалите времето за книговодство и да имате многу повеќе време за планирање, анализа и контакти со Вашите комитенти?  Книговодство на Вашето претпријатие и со преку 200 фактури на ден ?

Решението е HELIX! УБЕДЛИВО НАЈПРОФЕСИОНАЛЕН ПРОГРАМСКИ ПАКЕТ, кој не само што го штеди Вашето време туку максимално ја зголемува Вашата ефективност, прегледност, прецизност и педантност. Тоа пак значи дека од Вашиот компјутер добивате најмалку уште еден вработен повеќе кој е бескрајно вреден, коректен, послушен и брз, а истовремено на располагање во секое време: празници, викенди, 24h на ден а за својата работа не бара никаков надомест. Во секое време се ажурни и потполно усогласените обрасци со постоечките законски прописи (Сл. Весник) и задоволните контроли од страна на законски надлежните институции.

HELIX – ЛИДЕР ВО ОБЛАСТА НА КНИГОВОДСТВЕНИ ПРОГРАМИ

На кој начин HELIX-K стана лидер во областа на сметководствените програми?

Не постои само една негова особина виновна за тоа што е омилен кај книговодителите.

Едноставно користење:
Една од најважните особини за секој програм е едноставноста на неговото користење. Досега можеби сте се соочувале со комплициран, заморен и монотон програм за сметководство или едноставно сакате програм кој на едноставен и интуитивен начин и сам ќе Ве води низ неговото користење со објаснување и пораки на секој екрански панел. Работата со него е подеднакво едноставна и само преку тастатура (за корисници на постари ДОС програми) и со сите предности на WINDOWS-от за работа со глушец.

Поврзаност на податоците и автоматско финансово книжење:
За секој книговодител нема поголема благодет од поврзаност на податоците и автоматско финансово книжење на секој документ. За ова сведочат и најскептичните книговодители. Брзо и едноставно внесување на само основните неопходни износи и моментално ажурирање на сите материјални и финансови книжења. Само како пример:
Ако внесувате испратница од еден во друг магацин, продавница или фактура тогаш брзо и едноставно внесувате само излезна испратница и HELIX автоматски место Вас ќе креира идентична влезна приемница во магацинот или продавницата, ќе ги ажурира материјалните картици на сите производи во двата магацини, трговските книги во магацините и продавницата,  автоматски ќе го задолжи купувачот доколку документот е фактура и сите овие промени ќе ги искнижи автоматски во финансово со ажурирање на сите потребни аналитички, финансови и синтетички картици, бруто биланс, рекапитулар и заклучни листови.

Контен план:
На кои финансиски конта HELIX ќе ги изврши книжењата во главна книга и дали е тоа временски брза операција? Моментална. Контата ги задавате во облик на теркови со Ваши произволни вредности на едноставен начин за што постои специјално креиран водич. Понатаму се се одвива автоматски. Терковите во било кој момент можете да ги промените или дополните.

Едноставно корегирање на документи и безбедност на податоците:
Корекцијата на секој вид документ е многу едноставна при што програмот повторно ги коригира сите автоматски ажурирања на материјалните и финансиски книжења. Крајно олеснување, нели?

Заборавете го губењето податоци, неочекувано бришење или било какви оштетувања на податоците дури и при работа во мрежа. HELIX е креиран на специјален начин за Вашите податоци да бидат максимално безбедни дури и при прекин на електрична енергија.

HELIX располага и со специјално дизајнирана сервисна конзола за автоматска детекција и корекција на сите кориснички грешки од погрешни или пропуштени датуми до потполна споредба на материјално и финансово во секој момент и генерирање на професионален извештај по документи кој може да се сними и отпечати.

Можности и функции?
Овој простор е мал за да наброиме дури и само дел од можностите на HELIX. Само некои од нив би биле:

  • Финансиско работење од комплетни денарски и девизни книжења и извештаи до потполно автоматско составување на Завршна пресметка со печатење на обрасци и подготовка на XML датотека;
  • Пресметка на ДДВ и електронско поднесување до УЈП (Е-Даноци).
  • Материјално работење од денарски и девизен прием и излез, материјални картици, лагер листа, пописни листи, услуги, до производство со нормативи;
  • Малопродажба/малопродажно работење со приемници, повратници, нивелации, ПЛТ, трговска книга (ЕТ) и картици на производ;
  • Пресметка на плата/Лични доходи од припрема и печатење на рекапитулар со автоматско финансово книжење до вирмани, платни списоци, исплатни ливчиња и верзија на програмот богата со информации за бодови, вредност на бод, минат труд, задршки, казни и награди, хранарина, превоз, боледување, … Потполна усогласеност со најновиот систем на ПИОМ!
  • Благајна со внес на каса прими/исплати, нивно печатење, автоматско книжење, автоматско генерирање редоследен број и префрлање салдо во следниот благајнички извештај;
  • Основни средства со евиденција на инвентар, докнижувања, расходувања, ревалоризација, амортизација, ревалоризација на амортизација, РЕВ-3;
  • Камати со изработка на каматни листи според законски, договорни или слободни стапки;
  • Останати опции: Печатење налози (вирмани) ПП30 и ПП50 со меморирани комитенти, копирање на податоци, …;

Печатење на документи:
Заштедете и на многу обрасци бидејќи сите потребни документи HELIX ги печати на најобична хартија на било каков печатар (матричен, ласерски, InkJet, …). Сите обрасци како финансови налози, аналитички и финансиски картици, обрасци за завршна пресметка, ПЛТ (приемен лист), ЕТ (трговска книга), ПДД-МП (рекапитулар за плата), материјални карици, пописни листи и многу други се дизајнирани со најголема прецизност според изглед објавен во Сл. Весник. За ова сведочат многу инспекциски контроли и задоволни корисници.
Освен печатените извештаи и сите други екрански прикази во HELIX се максимално прегледни, богати со сите потребни информации, флексибилни за навигација и пребарување, и располагаат со локатори и филтри. Многу од нив покрај табеларен преглед можат да се видат и во облик на графикон со можност за зголемување (zoom-ирање) и печатење или да се снимат како Excel/PDF документ за подоцнежна обработка или праќање по е-маил.

Самостојно префрлање на салда во нова календарска година:
Најмала грижа претставува префрлањето финансиски и материјални салда од една во друга календарска година. Специјално креираниот водич (Wizard) тоа го прави за Вас за секоја фирма и тоа произволен број пати без опасност за дуплирање на податоци. Значи HELIX е потполно независен и зависи само од Вашата имагинација за негова употреба.

Ако претходно изложеното го обедините ќе добиете еден комплетен програм кој ќе Ви овозможи:

  • Многу повеќе слободно време за анализа и планирање;
  • Многу поголема конкурентност на пазарот и исто толку поголем успех. Нашите корисници сведочат за зголемување од 3 до 10 пати;
  • Крајна едноставност во работата и за почетници и за најнапредни професионалци;
  • Максимална поврзаност на податоците и автоматско книжење на сите видови документи;
  • Максимална сигурност и заштита на податоците;
  • Специјално развиена сервисна конзола за откривање и корекција на сите кориснички грешки;
  • Специјално изграден сервисен дел за детекција на разлики меѓу материјално и финансово книжење и професионален приказ по документи;
  • Голем спектар на можности и функции за максимална прегледност и контрола на сите информации. Табеларни, графички прикази и export во Excel формат. Повеќе програми на едно место што го прави HELIX незаменлив и единствен на пазарот;
  • Професионален водич за потполно автоматизирано префрлање финансиски и материјални салда од една во друга календарска година;
  • Можност за поврзување со Ваши дислоцирани корисници кај кои се води материјално работење и едноставно префрлање на нивните веќе внесени документи директно кај Вас. Искористете ја можноста и едноставно упатете ги документите во Ваши финансови налози. Така ќе водите книговодство и со преку 200 фактури на ден само со притискање на неколку копчиња;
  • Непроценлива заштеда на сите обрасци кои сте морале до сега да ги купувате;

Корисничка поддршка:
HTML кориснички ориентирана верзија на Help програм за помош и објаснување на програмот; И нешто што го нема ниеден програм во Македонија: Мултимедијално ЦД со преку 13h снимен видео материјал директно од работа со HELIX!!! Непроценлива помош и водич директно со слика и говор кој може да го слушате неограничен број пати и баш кога Вие ќе посакате !!!

Значи ли до сега изложеното дека е се на едно место ?
Не! Постојат и други индивидуални програмери или програмерски фирми кои ќе Ви понудат само дел од она што го содржи HELIX. Но покрај тоа што HELIX содржи многу повеќе опции и програми во себе за иста или помала цена, специјално формираниот тим на ЗОНЕЛ СОФТВЕР Ви нуди и други не помалку важни погодности поврзани за пакетот HELIX-К.
Покрај комплетен и квалитетен програм за сметководство добивате и бесплатна доживотна гаранција изворно од стручни лица кои од сам почеток активно работат на негово дизајнирање.
Нови или промена на вработен(и), одамна некористени заборавени опции – неограничен број пати повторување на обуката и тоа во Ваши простории !
Не сте од Скопје ? Тоа не е никаков проблем. Како што рековме неограничена обука во Вашите простории.

За сите подетални информации јавете се веднаш во ЗОНЕЛ или притиснете овде.

Секогаш прецизни и навремени промени на HELIX поради промани во законските прописи.

Екипата на ЗОНЕЛ Ви стои на располагање и за секаков вид интервенција низ цела Македонија.

Покрај интервенции поврзани со HELIX и Вашите податоци нудиме и можност за извесни дополнувања по Ваша желба.

Доколку се уште немате компјутер ЗОНЕЛ може да Ви помогне околу изборот и набавка на работни станици, сервер, умрежување, совети за одржување …

Ова веќе значи се на едно место!

Интензивно и професионално 26-годишно искуство Ви стои на дофат. Затоа за сите информации обратете се во ЗОНЕЛ или притиснете овде.

Се разбира постои можност за купување на цел или делови од HELIX-К. Доколку купувате нов или менувате постоечки програм избегнете го повторно напорното менување во иднина. Вистински програм е вистинскиот избор. Еден е HELIX – лидер за книговодствени програми.

Порачајте бесплатен рекламен материјал (Презентационо ЦД, подетален опис на можностите на програмот со слики од неговата работна околина и референтна листа на корисници).

Не одлагајте повеќе. Правилната одлука е само една! ПРОВЕРЕТЕ!

Екипата на ЗОНЕЛ Ве очекува: 02 / 24-01-204 и 24-01-205 секој работен ден од 8-16h.
Ви посакувам многу успех на секој план

Со почит, ЗОНЕЛ
Зоран Настески – управител
++389(0)2/ 2401-204 и 2401-205

П.С.:
Според нашите мерења работата со HELIX ќе ги зголеми од 10 до 100 пати Вашата брзина, ефективен капацитет, а со тоа и Вашиот успех.
Затоа направете го вистинскиот избор бидејќи тој е единствен.
П.П.С.:
Истовремено крајна едноставност за користење и неизмерно голем спектар на можности, потполно автоматизирано книжење, максимална поврзаност и компактност на податоците. Бескрајно корисен сервис за кориснички грешки и материјални и финансови сложувања.
П.П.П.С.:
Неограничена и бесплатна гаранција. Извонредна можност за подршка и сервисирање на целата територија на Република Македонија при што цената за интервенција не ги содржи патните трошоци кои комплетно ги избегнувате.
П.П.П.С.:
Зад HELIX стои висока стручна интегрираност на најнови законски прописи и професионални техники на програмирање. Посебна и единствена на наши простори контрола на развојот на неговиот програмски код ја прави 100% сигурна Вашата иднина. А иднината е единствено оправдана причина за инвестирање.

4 причини зошто HELIX

  1. Иновативни решенија

    Cloud Решенија

    Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил

  2. Ефективни решенија

    Поврзаност на податоците.

    Автоматско книжење.

    Лесно управување.

  3. Исплатливи решенија

    Комплетна поддршка.

    Внимание на детали.

    Зголемена конкурентност.

  4. Интелигентни решенија

    Намалени трошоци.

    Точни податоци за правилни деловни одлуки.