Од Корисниците на Зонел Софтвер

Нашата мисија е да ги реализираме потребите на нашите Корисници и да испорачаме решенија кои ги интегрираат тие потреби во нашите софтверски решенија. Во Зонел Софтвер ние не испорачуваме само софтвер – ние ја испорачуваме комуникацијата, вниманието и грижата за потребите на нашите клиенти и по купување на некое од нашите решенија.

Затоа, апсолутно можете да се потпрете на фактот дека не сте „само уште еден клиент“. Ќе добиете една од најперсонализираните услуги кои некогаш сте имале прилика да ги добиете и не само заради фактот што тоа е правило на нашата компанија.


За HELIX дознав преку пребарување на интернет. Програмот го користиме активно од 2008 година. Искуството се HELIX е големо во позитивна смисла бидејќи во текот на годините нашата база е збогатена т.е. доработенa со поголем број опции во користење на програмскиот пакет кој пак ни ја олеснува потребата во обработка на материјално финансовата евиденција. При контрола на инспекциските служби имаме пофалба во презентација на документацијата од материјално финансовата евиденција за точноста на податоците.

                                                   Лимиди


Зонел Софтвер е компанија за која знаеме од почеток на нејзиното постоење. Носечката личност на нашата компанија беше директно инволвирана во изнаоѓање на најсоодветни решенија кои во тоа време ги креираше тимот на Зонел Софтвер и ги имплементираше како решенија во тогаш „најновиот” софтвер на пазарот. Соработката беше беспрекорна и на задоволство на двете страни. Со Helix се дружиме од самите почетоци, заедно растеме и созреваме.

                                                   Ком-Прес


Како долгогодишен корисник на вашиот програм, морам да истакнам дека сте едни и единствени. Вашиот програм со леснотија го совладуваат корисниците на обуките за сметководство во Космо Иновативен Центар од Скопје и со интерес го бараат да го внесат во работењето во нивните трговски друштва.

М-р. Весна Хриџиќ – тренинг менаџер во Космо Иновативен Центар – Скопје


Работам со ЗОНЕЛ  Софтвер скоро 20 години. Не се сеќавам како дознав за софтверот, ама знам дека од првиот момент кога започнав да работам со Helix, па се до сега, имаме прекрасна соработка и комуникација.HELIX е современа и напредна програма за сметководство, која постојано се надградува и ги задоволува сите наши потреби и воедно и потребите на нашите клиенти.

ГМ Консалтинг


ЗОНЕЛ-Професионален тим со кој секој посакува да работи.

М-р. Виолета Костовска – „САРП ЛТД“ ДООЕЛ – Скопје


Искрено се најдобро функционира. Никогаш немало проблеми со тоа што нѝ треба. Направен е во согласност со сите законски прописи. Презадоволна сум и од Вашата подршка.

„КОРНИ“ – Трговија на големо и мало со плочки и санитарна опрема 


Измислен програм што може да го посака секој книговодител. Пред тоа сменивме 3-4 програми а од 1994 година го користиме само HELIX. Извонредна поврзаност на податоци од моментално автоматско книжење до автоматско составување завршни пресметки.

„УНИ-КОНТ“ – Сметководствено биро


Иако не соработуваме долг временски период,  верувам дека оваа соработка ќе продолжи уште многу долго. Уште од самиот почеток бевме многу импресионирани од методологијата на работење на софтверот, логиката што е адаптирана, како и прецизноста која ја нуди софтверот. Сето ова те носи до тој степен за да си многу посигурен во себе и да очекуваш позитивни резултати.

Тими Консалтинг


Мојата приказна со Зонел започнува во мај месец 1997 година и од тогаш сум корисник на книговодствениот програм. Имам малопродажба, производство, услуги, материјално, со еден збор сè комплет што нуди програмот. Моите зборови за пофалба се излишни, бидејќи изминативе 15 години директорот Ваш најмногу знае колку сум задоволна, не само што ми оди лесно работата него во овој момент имам бројка од 65 претпријатија кои со леснотија ги работам со овој програм. Кога сум јас задоволна од програмот мојата клиентела е уште позадоволна затоа што сè е прегледно кога ќе побараат било каков извештај и го добивааат во најкус можен рок. А тоа е така затоа што се работи ден за ден и нема застој во работата благодарение на брзината на програмот а и моја. Јас го работам со песна. Е сега имав мал проблем околу пресметките но не од програмот, јас си сработив сè ама погрешно сум запишувала податоци но и тоа се среди благодарение на тимот Ваш на корисничка поддршка. Што повеќе да кажам него да продолжите да работите како досега посветено, упорно и да бидеме со програмот на Зонел чекор напред пред сите други. Поздрав до целокупниот тим на чело со Зоран Настески.

Весна Василевска, „Скарлет арт дооел Скопје“, Сметководствено Биро


Јас сум презадоволна и на сите кажувам дека може да го користат HELIX. Лесно се учи и го препорачувам.

„МА-ГО Компани“ – Сметководствено биро


За Зонел Софтвер знаеме многу одамна поради тоа што нашите родители се сметководители. На препорака на нашиот татко се одлучивме „HELIX“ софтверот да го користиме и во нашата фирма. Од досегашното кратко работење со HELIX искуството е позитивно. Системот е добро осмислен и едноставен за користење.“

ASICS Македонија


Софтверот за материјално и финансово работење со дополнителни деловни извештаи како што е Helix на Зонел Софтвер е една од најбитните работи веднаш после организационата структура и квалитетот на вработените и тимот во една фирма. Со добар софтвер успехот на фирмата и вработените се прегледува, контролира и е мерлив за да се откриваат и грешките како и да се унапредува организацијата и профитот на целокупното работење на сите во фирмата

Дигиком Компјутери