МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ

Конечно, решение за секој магацин

КАКО да го зголемите прометот од 3 до 10 пати ?
Како да постигнете
многу поголем успех со многу помалку време, труд и вработени ?
Не експериментирајте – користете потврден метод!
Многу повеќе време за анализа и планирање!

Максимален автоматизам и достапност на секоја информација и во секое време !

НАЈПРОФЕСИОНАЛЕН СОФТВЕР ЗА
МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ И КОМЕРЦИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ – HELIX  – М

Не само што го штеди Вашето време и пари, туку и неколку пати ги мултиплицира!
И не само тоа. Максимално ја зголемува Вашата професионалност, педантност и брзина што се најбитни елементи за да бидете најконкурентни и најуспешни на пазарот на производи и услуги

Дали

  • Сакате да ја зголемите продуктивноста на вработените вклучени во трговијата ?
  • Сакате да го намалите времето за изработка на една фактура ?
  • Сакате да го елиминирате дополнителното евидентирање во книга на фактури со заведување на купувач, број, датум, износ, … ?
  • Сакате моментален пристап до листа на купувачи со најразлични информации за нивниот долг, плаќање, Вашата продуктивност, профит ?
  • Сакате да се ослободите од бескрајните калкулирања на трошоците од увоз и нивниот распоред по производи ?
  • Сакате да го избегнете секогаш одново пресметувањето на потребни количини на репро материјали при производство?
  • Дали сакате пристап до исти податоци од повеќе компјутери во мрежа а тоа да функционира брзо, стабилно и безбедно ?

Ако барем едно прашање има потврден одговор, тогаш HELIX-M е наменет токму за Вас.

Трговија на големо или мало? Магацинско работење? Сигурно се сложувате дека процесот на избор и набавка на производи за продажба не е едноставен и моментален. Избор на цени, квалитет, количини, добавувач, а многу често и патување во странство.

Откако тоа ќе го реализирате и производите се обезбедени, започнува долга организација од издавање документи до синхронизација на вработени. Токму во овој дел HELIX максимално ќе Ви ја олесни работата.

Многу трговци ќе се сложат дека времето за изработка на еден документ – фактура е пресудно за големината на прометот поготово во случај кога бројот на фактури во еден ден е поголем од 5 до 7. Денеска купувачот кој Ве посетил е обично нестрплив и со очекување дека ќе функционирате само за него па дури и ако се работи за нарачка по телефон или по писмен пат. Доколку времето за да биде услужен со одговори на одредени прашања и испорака на производите со документ е малку поголемо тој брзо одлучува да се упати кон друг добавувач, а денеска конкуренцијата е многу голема, често со изговор дека ќе се врати подоцна или слично.

И оправдано. Ваша обврска (а и желба) е да бидете што побрзи во изработка на документи и испорака на нарачката. Вистинската мерка е единствена: брз програм кој преку внесување на неколку неопходни податоци ќе ги изврши сите потребни пресметки (ДДВ, Основици без ДДВ, Рабат, Износ за наплата, …) и моментално ќе отпечати фактура и испратница во колку сакате примероци. Можност за корекција и дополнување ? Ништо поедноставно.

Не само тоа. Целокупната евиденција за производите, залиха, лагер листа, материјални картици – моментално се ажурирани. Исто така купувачот е задолжен со целиот износ и сите овие информации Ви се достапни веќе во следната секунда!

HELIX – ЛИДЕР ВО ОБЛАСТА НА МАТЕРИЈАЛЕН
И КОМЕРЦИЈАЛЕН СОФТВЕР

Повеќе наши мерења, а и сведочења на наши корисници покажаа дека на овој начин HELIX ќе Ви овозможи од 3 до 10 пати зголемување на прометот за ист временски интервал.

Што се случува со вработените кои дотогаш ја изработувале целата оваа документација? Нивното време драстично се намалува и стануваат многу попрецизни бидејќи преку 95% од сите пресметки се одвиваат автоматски од страна на HELIX-M и Вашиот компјутер.

Кога купувачот ќе ја плати фактурата преку жиро сметка (на извод) или во готово наплатата (целосна или делумна) на едноставен начин се евидентира и купувачот автоматски е раздолжен за износот што го уплатил. При тоа HELIX располага со специјален систем за наплата кој не бара баш никaкво познавање на книговодство или било какво книговодствено контирање. Наплатата е крајно едноставна дури и ако се работи за еден поголем износ со кој се наплаќаат повеќе фактури а при тоа да не се наведени нивните броеви.

Комерцијалниот дел на HELIX е специјално дизајниран успешно да се справи со сите барања од корисникот, без разлика дали се работи за комплетна евиденција за еден купувач или крајна спецификација сите купувачи. Сите прегледи се флексибилни за произволен период, магацин, датум, датум на доспевање и тип на документи.

Посебно е изградена опција за следење на работата по дистрибутери односно поделба по региони, градови, населби, се до ниво на поединечен дистрибутер.

Тука е исто така и комерцијалниот увид во прометот по производи поединечно, нивни аналитички прегледи со податоци за количинска продажба, промет, остварен профит, топ-листи за најпродавани производи и т.н..

Прегледите во HELIX се пажливо изградени во вид на табели во неколку бои со нагласени полиња или графикони со можност за зголемување (zoom-ирање) и печатење. Постои и можноста за снимање (export) во вид на Excel документ за подоцнежна обработка или праќање по е-маил.

Ако барем еднаш сте имале увоз и сте се обидел да ги распоредите сите зависни трошоци од царина, шпедиција, транспорт и др. во набавната цена на секој производ тогаш знаете колкава помош ќе Ви пружи HELIX кој целата таа работа ја обавува потполно автоматски со притискање на само едно копче.

Опциоја за производство? HELIX вклучува во себе можност за внесување и подоцна ажурирање на пропишани нормативи посебно за секој финален производ. Понатаму се се одвива потполно автоматски. Калкулирање и автоматско раздолжување на потребни количини од репро-материјали, калкулирање на набавна цена на финалните производи со вклучени трошоци и моментално достапна пропратна производна
документација. Бескрајно олеснување за многу области од угостителство до градежништво и печатници.

HELIX не би бил комплетен доколку не дозволува тимска работа
Потполно интегрирано програмско решение кое не познава граници.
Можност за истовремена работа на повеќе работни станици во мрежна околина или преку интернет
со корисничка најава и дефинирани привилегии на секој корисник
.

Истовремено фактурирање, изработка на прегледи, анализи, печатење графикони и тоа
од произволен број компјутери !
Замислете уште и далечинско поврзување и интегриран систем на повеќе оддалечени локации со безбеден пренос во една централна база дури и од повеќе градови.
Се на дланка!
HELIX навистина нема граници !

Исто така големо олеснување и непроценлива заштеда на време и труд претставува автоматското креирање на прием во друг интерен магацин доколку се работи за испратница меѓу магацини или продавници.

Брзо и едноставно внесувате само излезна испратница и
HELIX автоматски место Вас ќе креира идентична влезна приемница во
дестинациониот магацин или продавница, ќе ги ажурира
материјалните картици на сите производи во двата магацини
и трговските книги во магацините и продавницата.
Максимална брзина и прецизност со 100% отклонета можност за грешки
.

Значи HELIX ќе Ви овозможи:

  • Зголемување на прометот од 3 до 10 пати;
  • Намалување на времето за изработка на сите видови документи, а посебно фактурирање, со што ќе ја рационализирате работата на Вашите вработени;
  • Со HELIX во најмала рака добивате најмалку уште еден вработен повеќе кој е бескрајно вреден, прецизен, педантен и брз, а истовремено на располагање во секое време: празници, викенди, 24h на ден а за својата работа не бара никаков надомест;
  • Потполна автоматизираност, интегрираност и компактност на сите податоци и информации независно за сите магацини и продавници;
  • Потполнo автоматизирани пресметки и распоред на трошоци од увоз, извоз, производство вклучувајќи и евиденција по дистрибутери односно поделба по региони, градови, населби и сл.;
  • Богатство на информации, прегледи, графикони и Excel документи;
  • Во секое време комерцијален финансов приказ на Вашите купувачи и должници и остварен количински и финансиски износ од промет по производи;
  • Професионален водич за потполно автоматизирано префрлање пописи за секој магацин од една во друга календарска година;
  • HTML кориснички ориентирана верзија на HELP програм за помош и објаснување на програмот;
  • Специјално изграден сервисен дел за детекција и корекција на сите кориснички грешки;
  • Целосно тимска работа од повеќе компјутери истовремено или далечинско поврзување од повеќе градови;

ОБУКА И СЕРВИС?

Постојат многу други програми за материјално работење но ни оддалеку не го содржат она што може HELIX да Ви го понуди за иста или почесто помала цена. Освен тоа специјално формираниот тим на ЗОНЕЛ Ви нуди и комплетна подршка и одржување.

Покрај комплетен и квалитетен програм добивате и бесплатна доживотна обука изворно од стручни лица кои од сам почеток активно работат на негово дизајнирање.

Нови или промена на вработен(и), одамна некористени заборавени опции – неограничен број пати повторување на обуката и тоа во Ваши простории !

Не сте од Скопје? Тоа не е никаков проблем. Како што рековме неограничена бесплатна обука во Вашите простории.

За сите подетални информации јавете се веднаш во ЗОНЕЛ или притиснете овде.

Секогаш прецизни и навремени промени на HELIX-M поради промани во законските прописи.

Екипата на ЗОНЕЛ Ви стои на располагање и за секаков вид интервенција низ цела Македонија. Цена за патни трошоци? – Бесплатно.

Покрај интервенции поврзани со HELIX-M и Вашите податоци нудиме и можност за извесни дополнувања по Ваша желба.

Доколку се уште немате компјутер ЗОНЕЛ може да Ви помогне околу изборот и набавка на работни станици, сервер, умрежување, совети за одржување, дури и за Ваш современ настап на Internet преку изработка на персонална и информативна Web страна.

Ова веќе значи се на едно место!

Интензивно и професионално 30-годишно искуство Ви стои на дофат. Затоа за сите информации обратете се во ЗОНЕЛ.

Се разбира постои можност за купување на цел или делови од HELIX-M. Доколку купувате нов или менувате постоечки програм избегнете го повторно напорното менување во иднина. Вистински програм е вистинскиот избор. Еден е HELIX – лидер за книговодствени програми.

Симнете безплатно демо: ДЕМО

Не одлагајте повеќе. Правилната одлука е само една! ПРОВЕРЕТЕ!

Екипата на ЗОНЕЛ Ве очекува: 02 / 2401-204 и 2401-205 секој работен ден од 8-16h.

Ви посакувам многу успех на секој план
Со почит, ЗОНЕЛ

Зоран Настески – управител

 
 

Донесете вистинска одлука!

Одберете компанија која го разбира Вашиот бизнис и навистина се грижи за Вас!