Каков е Вашиот бизнис во најголема мера зависи од тоа каков однос имате со клиентите. Вашите клиенти се Вашиот бизнис! Во продолжение прочитајте како да изградите беспрекорна врска со клиентите:

Одберете идеален систем за комуникација

Успешните луѓе најмногу се разликуваат од останатите по тоа како комуницираат. Успешната комуникација не е само пренос на одредена порака до друго лице. Успешната комуникација значи дека сте на иста фреквенција со клиентите. Доколку губите премногу клиенти веројатно некаде грешите во комуникацијата. Нема правило за тоа кој е најдобар начин за комуникација. Без разлика дали ќе одберете да комуницирате преку мејл , телефон, пораки или некој сопствен систем за комуникација, вложете се максимално во Вашите клиенти и тоа ќе ви се врати повеќекратно. Одберете кој систем за комуникација најмногу одговара за Вас и Вашите клиенти. Можеме да Ви предложиме сигурен систем за беспрекорна комуникација.

Договорете термин за консултативен состанок.

Како да ја подобрите наплатата?

Врската со клиентите често е нарушена поради лошата наплата. Ова е многу мачен процес кај македонските компании и најмногу бизниси згаснуваат само поради лошата наплата. Филозофијата на беспомошност и дека ништо не можете да направите во врска со наплатата ја турка Вашата компанија во амбис. Наплатата започнува од првиот контакт со клиентот! Односот кој го градите со клиентите може да замени многу извршители! Не е точно дека сте беспомошни! Можете да влијаете од самата изработка на фактурата и нејзината прегледност, до беспрекорната следливост на доспеаноста и навременото и често алармирање. Создадовме специјално за Вас правилник за беспрекорна наплата кој можете да го прочитате тука.

Како да изградите моќна врска со клиентите?

Mailer-от на Helix Ваша моќна врска со клиентите!

Работењето на повеќе системи секогаш предизвикува конфузија кај вработените. Експортирање на картиците за клиентите, фактурите и извештаите од Вашиот софтвер и нивно дополнително испраќање и креирање на посебни мејлови може да Ви одземе драгоцено време. Што мислите за решение кое автоматски го прави сето ова за Вас?! Имате можност за алармирање на клиентите за заостанат долг, испраќање на картици на клиенти, фактури… и сето тоа автоматски преку Вашиот софтвер. Не мора повеќе да паметите или запишувате датуми кога треба да испратите потсетување за долг. Helix заменува повеќе вработени истовремено! Изградете моќна врска со клиентите!

Побарајте бесплатна демо-верзија тука!

Победничка филозофија!

Создавајте трајни пријателства со Вашите клиенти. Животот без пријатели е сиромашен! Helix е силна потврда дека искрените пријателства креираат успех! Дружете се со победници!

Побарајте план за развој на Вашиот бизнис!