Софтверот треба да Ви биде ветер во грб, а не уште една алатка која Ви ја успорува работата. Ви претставуваме топ 5 знаци како да препознаете дали Вашиот софтвер е уште еден мрзелив работник.

1.Работењето Ви е преминато во рутина

И најкомплицираното работење со текот на времето ни изгледа наједноставно само поради тоа што ни прераснало во рутина. Ова е една од најголемите замки поради која голем дел од компаниите сметаат дека се задоволни од својот програм. Какви и да се, променете ги вашите дневни рутини, тоа ќе Ви даде нова енергија и ќе Ве инспирира на позитивни промени.

2.Софтверската компанија со која соработувате нема јасно дефиниран план за развој на софтверот

Доколку софтверот не се развива – стагнира и вашиот бизнис! Ова е проста логика која му е јасна на секој успешен претприемач. Денеска промените во бизнисот благодарение на сите иновации и технолошкиот развој не биле толку големи како никогаш досега во историјата.

Филозофијата „користиме ист програм веќе 20 години и презадоволен сум, се навикнавме, воопшто не планирам да го менувам“,  е погубна за Вашиот бизнис доколку Вашиот софтверски партнер не ги следи трендовите и промените.

3.Имате чувство дека премногу работите, а сепак нема резултати

Напорната работа секогаш дава резултат, но само доколку се фокусираме на работите кои се навистина важни.  Мали грешки во работењето, акумулирани во подолг период значат катастрофа за Вашиот бизнис. Затоа е многу важно секојдневните работни процесите да ги поедноставите максимално и да се фокусирате на креативниот дел, бидејќи тоа ја носи компанијата напред. Истражувајте константно нови начини и бидете отворени за промени. Денеска постојат софтверски решенија, кои благодарение на одредени автоматизми можат двојно да ја забрзаат Вашата работа.

4.Комуницирате директно со програмерот

Парадоксално е тоа што доколку директно комуницирате со програмерот, ќе треба подолго да чекате да ја добиете потребната услуга. Проблемот со овие т.н. „човек-фирма“, не е секогаш квалитетот на софтверот ниту пак неговата стручност и вештини, туку најчесто е во капацитетот и можноста да услужува повеќе комитенти истовремено. Секогаш кога се одлучувате за некакво софтверско решение, истражете малку повеќе за компанијата, колку долго е на пазарот, колку вработени има, колку клиенти има…  Овие карактеристики се многу поважни од самиот изглед и карактеристики на софтверското решение. Од ова најмногу зависи дали софтверското решение го успорува Вашиот развој.

5.Загрижени сте

Квалитетот на бизнисот и животот зависи од препознавање и вреднување на квалитетните работи.  Доколку сте премногу загрижени секој ден, многу е веројатно дека трошите премногу време на непотребни работи. Разгледајте ги сите можности како да ги поедноставните секојдневните работни обврски . Тука секако многу важна улога игра и софтверот кој го користите. Наместо да го трошите времето со експериментални софтвери,  одберете софтверско решение и компанија која се грижи за Вас.

Закажете термин за бесплатна презентација!