Намалете ги трошоците

Не е некоја новост информацијата дека доколку ги намалите трошоците во производствениот процес, ќе имате поголема заработка при продажбата на финалниот производ. Сепак, зачудувачки е фактот дека многу мал број на компании имаат воспоставено сигурен систем за производство кој ја сведува на минимум можноста за манипулација од вработените или пак несовесно користење на репроматеријалите. Непишано правило е дека се додека има простор за грешки вработените ќе прават грешки. Дали во моментов имате комплетна следливост на репроматеријалите и работењето на Вашите вработени? Дали залихата на репроматеријалите соодветствува со количината на произведениот готов производ? Дали воопшто имате споредбени извештаи? Некаде помеѓу овие прашања можете да ја барате причината доколку не сте задоволни како во моментов работи Вашиот производствен погон. Работата со нормативи не е новост кај софтверските компании и најголем дел од производствените софтвери поддржуваат работа со нормативи. Сепак, нормативот не значи ништо доколку истиот правилно не биде проследен во понатамошна материјална, комерцијална и финансиска евиденција и не претставува главен коректор на аномалиите во производствениот процес. Сите овие прашања ќе ви помогнат да ги намалите трошоците и да го зголемите профитот. Можеме да Ви помогнеме доколку одлучите да креирате беспрекорен систем за производство.

Закажете Ваш термин за консултативен разговор.

Беспрекорен систем на набавки и координираност

Квалитетот и брзината на производството зависи од повеќе фактори а еден од најважните е поврзаноста на секторите. Автоматизацијата на целиот процес и поврзаност со сите останати сектори како набавки, комерција, сметководство, администрација е суштинско за производствениот процес да не трпи застои. Набавката на репроматеријалите и испораката во производствениот погон треба да биде автоматизиран согласно беспрекорна комуникација помеѓу технолозите и секторот за набавки. Дали во моментов Вашиот сектор за набавки има автоматизирана  правовремена информација? Дали Вашиот производствен погон секогаш е навремено снабден? Добрата комуникацијата е секогаш олеснување во животот и бизнисот. Доведете ја комуникацијата помеѓу секторите на беспрекорно ниво.

Можеме да ви помогнеме да креирате план!

Имајте милост за сметководителот

Производството може да биде ноќна мора за Вашиот сметководител доколку не креирате правилна врска помеѓу материјалното и финансовото работење. Како правилно да се прокнижат сите репроматеријали во сите фази на производството? Како правилно да ги водите готовите производи за да имате соодветни финансиски и комерцијални извештаи кои ќе ја унапредат продажбата? Точно е дека денеска најголемиот дел од подобрите софтверски решенија имаат можност за автоматско книжење. Сепак самата сложеност на производствениот процес, секогаш наложува контролата да ја има сметководителот. Прочитајте тука кое книжење е најдобро и најбрзо?! Постои можност Вашиот сметководител да има беспрекорен систем за автоматизирано книжење а при тоа да ја има целата слобода на светот.

Побарајте бесплатна демо верзија за софтверот кој го користат најмногу сметководители во земјава!

Кој е најдобриот софтвер за производство?

И на крајот клучното прашање. Кој е најдобриот софтвер за производство? Голем број на софтверски компании се натпреваруваат која ќе понуди подобар софтвер како би ги задоволиле сите потреби на производствените компании. Сигурно дека сте добиле понуди од повеќе компании и сите велат дека нивниот програм ги има сите опции кои се потребни на Вашата компанија. Како да препознаете кој е најдобриот софтвер за производство? Вистината е дека не постои таков софтвер! Она што е Ви е потребно во моментов е сигурен софтверски партнер кој ќе се прилагоди на сите Ваши барања. Закажете термин за бесплатен консултативен разговор тука уште денес и еднаш засекогаш решете ги сите проблеми со производствениот процес. Понекогаш самите си го комплицираме животот во желбата да бидеме најбрзи. Едноставноста е секогаш победоносно решение!

Одберете сигурен партнер!