Информирајте се

Шансите се насекаде околу нас. Правовремената информација е секогаш клучна за правилно да ги искористиме можностите кои ни ги носи животот. ЗОНЕЛ Софтвер продолжува да Ве информира за сите можности како би Ви помогнале да го развиете Вашиот бизнис:

 Со цел да се поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научно истражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации – Фондот за иновации и технолошки развој  објави Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации. Можноста може да ја погледнете тука.

Во исто време ЕУ преку својата програма Horizon 2020, преку Инструментот кој е наменет за Мали и средни претпријатија кој има за цел премостување на јазот помеѓу Јавното и Приватното финансирање со цел да се зголеми Конкурентноста на ЕУ има континуиран повик за аплицирање на проекти за Мали и средни претпријатија.

Инструментот H2020 SME-инструментот е релевантен за:

  • SME- единечни компании (“стари и млади”) со интересна технологија или бизнис-иновативни проекти.
  • Компании со портфолио на Инвеститор – кои имаат потреба од дополнително финансирање

Запознајте ја Вашата компанија

За да можете да креирате добар проект најважно е одлично да ја познавате Вашата компанија со сите предности и недостатоци. Навремено и темелно документирање на процесите во Вашето работење е фундаментално во креирањето на успешни проекти. Една од најголемите грешки кои ги прават старт-ап компаниите е ставот дека софтверско решение ќе им треба кога ќе станат голема компанија. Вистината е дека софтверското решение Ви е потребно за да станете голема компанија! Извештаите за продажбата, продуктивноста на вработените, профитот од секој производ (поединечно или по групи), процесот на производство, како и комплетниот историјат за Вашето работење ќе биде здрава основа за креирање на квалитетен проект и можност Вашата компанија да биде една од компаниите кои ќе добијат грант од 325.000,00 евра.

Произведете вредност!

Процесот на производство на Вашиот иновативен производ може да биде мошне сложен доколку системски нe го поставите на здрави нозе уште од самиот почеток. Често пати, вметнувањето на нов производ во Вашиот производствен погон значи главоболка и за Вашите административни работници, технолози и сметководители доколку процесот не е интегриран во софтверското решение. За секој производ, процесот на производство е различен, па така не смееме да си го дозволиме тој луксуз секогаш да работиме по шема која ни ја наметнува софтверската компанија. Дали софтверската компанија со која соработувате е подготвена секогаш да Ве следи во Вашите иновативни процеси на производство? Доколку имате идеја и визија за иновација на нов производ кој ќе го подобри нашиот живот, реагирајте уште денеска. Договорете термин за презентација на најдобриот софтвер за производство!

Добијте бесплатни информации и совети

Тука сме за Вас секогаш да Ве информираме за сите можности како би Ви помогнале да го развиете Вашиот бизнис од секој аспект. Добијте бесплатно советување како да изработите најдобар проект конкурентен на сите повици за грантови. И не само тоа, стоиме комплетно позади Вас како софтверска и другарска поддршка до самото финализирање на Вашиот иновативен производ или услуга и нивното комерцијално пробивање на пазарот. Не ја чувајте Вашата брилијантна идеја во фиока.

Договорете термин за бесплатно советување уште денеска!