1. Размислувате како дистрибутери

Најголемиот дел од големопродажните компании својата најголема стагнација ја доживуваат кога бизнисот им прераснува во рутина. Секојдневните обврски како дистрибуцијата, фактурирањето и  проблемите со наплатата, понекогаш не оддалечуваат од почетната визија зошто воопшто сме го започнале бизнисот. Ова секогаш е основата зошто некоја компанија се мачи и подолго време стагнира. Променете ги Вашите дневни рутини и насочете се кон креирање на стратегија како во годините кои престојат да креирате стабилна компанија која константно расте. Постои решение како секојдневните работни обврски да ги претворите во можност за нови продажби и развој. Oтворете ја Вашата виртуелна канцеларија уште денеска!  

2. „Сметководителот ми ги брка тие работи“

Успехот не паѓа од небо! Секој успех е плод на темелна анализа, планирање и фокусирана работа. Ставот дека не Ви е потребен софтвер за материјално работење ниту пак комерцијални и финасиски извештаи и дека за тоа е задолжен Вашиот сметководител е исто како да кажете дека Вашиот сметководител е одговорен за тоа како Вашиот бизнис ќе се развива во периодот кој следува. Од исклучителна важност е во секо време да имате квалитетни информации. Кој производ е Вашето златно јајце? Кој производ Ви е само товар на грбот? Кој клиент Ви носи најмногу заработка? Кој клиент е Вашиот најмрзелив плаќач? Вашиот бизнис на дланка со само неколку клика. Одберете сигурен партнер!

3. Се фокусирате повеќе на производите отколку на луѓето

Понекогаш премногу го ставаме акцентот на тоа колку се квалитетни и добри нашите производи наспроти подобрување на услугата за нашите клиенти. Дали навремено ги доставувате понудите и фактурите? Дали навремено ја испорачувате услугата? Дали сте подготвени секогаш да издадете фактура без разлика дали сте во канцеларија? Доколку не е така, што ве спречува во тоа? Вложете во подобрување на услугата и тоа ќе Ви се врати повеќекратно. Од Вашата најдобра година досега Ве дели само одлука!

4. Наплатата ја препуштате на совесноста на купувачите

Проблемот со наплатата е еден од најчестите проблеми поради кој згаснуваат трговските компании. Бизнис климата дека многу е тешко да си ги наплатиме побарувањата креира чувство на немоќ. Поради ова најчесто наплатата ја препуштаме на надворешните фактори без да се обидеме да влијаеме. Постои решение. Погледнете тука како да го креирате Вашиот план за наплата.

5. Трговија на големо со мали цели

Убавите работи не се само за големите и богати компании. Немојте да размислувате сиромашно кога поставувате цели. Одберете елегантно водење на бизнис!

Резервирајте го Вашиот термин за бесплатна презентација!