Понудата е една од првите работи по кои клиентите ја градат сликата за Вашата компанија. Јасно дефинирана и концизна понуда е основата за долгорочна успешна соработка. Затоа е многу важно сета Ваша креативност и бизнис логика да ги вложите во креирањето на понудите.

Во продолжение прочитајте неколку совети како секогаш да имате најдобра понуда:

Реагирајте брзо

Најчесто клиентите кога имаат потреба од некаков производ или услуга разгледуваат понуди од повеќе компании. Многу е важно да бидете експедитивни и брзо да реагирате на побарувањата од клиентите. Не дека ќе ја изберат Вашата понудата поради тоа што први сте ја пратиле, туку со тоа врежувате потсвесно информација кај купувачите дека брзо ќе ги добиваат сите услуги кои ги побарале од Вас. Како сериозна компанија, добро е да имате перфектно разработен систем за креирање на понуди кој ќе ја зголеми Вашата експедитивност и точност. Наједноставно и најбрзо решение е понудите да ги изработувате на Вашето софтверско решение. Ова за повеќе од двојно ќе го намали времето на чекање, ќе ја зголеми сигурноста и намали можноста за грешки во понудите. Дополнителна предност е можноста од понудата веднаш да се креира фактура и истата веднаш да биде прокнижена, а производите ажурирани во материјалната картица, лагер листа и сите извештаи. Дали Вашето софтверско решение во моментов има можност за креирање на понуди, профактури и резервации? Дознајте како може да го забрзате процесот за креирање на понуди.

Едноставноста е секогаш победничка комбинација

Парадоксално е тоа што секогаш кога изнесуваме премногу факти кажуваме најмалку. Бидете разбирливи, едноставни и концизни. Колку е клиентот по збунет толку е подалеку од донесувањето на одлуката. Колку и да сакаме да се распишуваме и да се фалиме колку е добар нашиот производ и компанија, клиентот кога купува единствено го интересира што добива, како тоа ќе го реши неговиот проблем и колку ќе го кошта тоа. Одвојте ги останатите маркетинг активности од понудите. Вашата едноставност и прецизност, ќе ја намали можноста за дополнителни поплаки на клиентите поради работи кои останале не кажани поради сложеноста на понудата. Постои можност да ја креирате најдобрата понуда со само неколку клика!

Луѓето сакаат да гледаат убави работи

Што и да креирате во животот, естетиката е еден од клучните сегменти кои ќе Ви донесат успех. Едноставно луѓето сакаат да гледаат убави работи. Погрижете се Вашите понуди да бидат секогаш привлечни и убави за око. Доколку понудите ги правите директно преку софтверот, разговарајте со програмерот околу изгледот на понудите и како може да ги направите според стандардите на Вашата компанија. Понекогаш не сме свесни колку малите сегменти кои сме ги довеле до перфекција ја прават голема нашата компанија. Еден недостаток води код друг, исто како што и една позитивна промена води кон конечен успех. Одберете компанија која се грижи за Вас.

Немојте да се плашите да понудите повисока цена

Многу важно е да направите темелна анализа на пазарот, како и анализа на Вашите производи и комитенти пред да лансирате нов производ или услуга. Ова ќе ви помогне како да го направите тоа со помалку ризици. Креирањето на цената е секако една од клучните работи, но не секогаш пресудна дали клиентот ќе се одлучи за Вашата понуда. Секогаш мора да бидете искрени пред себе и пред клиентите. Понудете вистинска вредност и производ кој ќе го реши проблемот на клиентот. Тоа е многу поважно од тоа да понудите производ кој е има пониска цена од конкурентските производи. Најевтиниот производ е секогаш најскап.

Направете понуда каква што и Вие би сакале да добиете! Побарајте понуда!