fbpx

Честите измени во законот понекогаш ни влеваат несигурност и немир околу тоа дали работиме согласно законските нормативи. Ви претставуваме неколку совети како да го победите стравот од инспекции.

Потребно е основно познавање на законите

Не мора да бидете правник, но секогаш е добро да имате барем основно познавање на законот, бидејќи некои мали грешки кои ги правиме денес во иднина може скапо да не чинат. Денеска е многу лесно да се дојде до информации за законите и препорачливо е пред да започнете со било каков бизнис да истражите темелно околу сите детали поврзани со дејноста.

Доколку не сте сигурни – побарајте помош

Деловниот свет и законот не дозволуваат претпоставки. За се што не Ви е доволно јасно или можеби се сомневате побарајте совет  од стручни лица. Без разлика дали ќе одлучите почесто да контактирате со адвокатот, сметководителот или пак ќе вложите во софтверско решение адаптибилно на сите законски промени факт е дека успехот лежи во добро реализирано сојузништво.

Инспекции

Изберете сигурно софтверско решение!

Колку и да имаме квалитетни вработени и професионалци, сепак факт е дека човековиот фактор секогаш е подложен на грешки. Затоа многу важно е да поседувате сигурно софтверско решение како главен коректор на сите пропусти во работењето. Исто така, доколку сакате да ја олесните работата на Вашиот сметководител, и да му помогнете да се посвети на работата за која навистина го плаќате, од есенцијална важност е софтверското решение да има можност за автоматско поврзување со државните институции. Дали Вашиот софтвер овозможува комплетно автоматско поврзување со МПИН софтверот на УЈП? Дали даночните пријави и завршните пресметки Ви се достапни со само неколку клика?  Дознајте како може да направите конекција!

Бидете во чекор со сите промени

Нова законска измена. Веќе го имате побарано програмерот неколку пати. Се уште чекате термин да ја направи потребната измена. Клиентите се нервозни. Вработените не можат да земат плата… Сигурно ова Ви се случило повеќе пати во текот на Вашиот деловен живот. Заборавете повеќе на ова. Постои компанија која работи на поинаков начин! Конечно имате можност сите законски измени да ги добиете уште пред да помислите да го побарате програмерот! Корисниците на Helix успешно ги користат последните законска измени:

Работете секогаш согласно законите. Одберете компанија која се грижи за вас!

Вие бидете решението

Колку и да зборуваме за принципи и совети како да го решите проблемот со инспекциите и да го поставите Вашиот бизнис на здрави темели, сепак вистинската сигурност лежи во Вас самите. Донесете правила одлука уште денес! Договорете бесплатен термин!