Тимот на Зонел Софтвер континуирано ги следи најновите законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истата ја имплементира во HELIX.

Имплементирани се две нови Законски измени согласно најновите измени во законската регулатива:

Законска 81 (28.12.2018): Пресметка на персонален данок – 01.01.2019 год.

Согласно донесените измени на Законот за данокот на личен доход од јануари 2019 година се воведува прогресивен данок за доходите од работа, авторските доходи, од самостојно вршење на дејност, доход од одигурување (пензиски придонес и пензиски надоместок) и доход од продажба на сопствени земјоделски производи. Овој доход се оданочува со стапка од 10% на годишната основа од 1.080.000 денари, а над овој износ со стапка од 18% и данок на доход од капитал кој се оданочува се пропорционална даночна стапка од 15%.

Законска 80 (28.12.2018): Нови коефициенти за пресметка на придонеси за плата – 01.01.2019 год.

Согласно измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување oд јануари 2019 година, придонесите од плата ќе се пресметуват со примена на следните стапки:

  • 18,4% за задолжително пензиско и инвалидско осигурување;
  • 7,4% за задолжително здравствено осигурување;
  • 0,5% стапка на дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување и
  • 1,2% за задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност.

За повеќе детали околу оваа  Законски измена имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.