fbpx

Што е продажба? Продажбата претставува основа за секој бизнис за негово нормално функционирање и секој бизнис мора да продава доколку сака да опстојува. Технички продажбата претставува трансфер на одреден производ или услуга од наша страна кон клиентите за што добиваме финансиски надомест.
 
Меѓутоа во суштина продажбата е трансфер на емоција и енергија и ваша искрена желба да им помогнете на клиентите да ги остварат своите соништа. Всушност најдобриот продавач никогаш не продава и затоа најважно е во морето од понуди да им пружите на Вашите клиенти вистинска вредност.
 
Успехот во продажбата не паѓа од небо, ниту пак доаѓа од секојдневно бесцелно контактирање и посетување на компании додека ве држат нозете и гласот. Најуспешните светски продавачи одамна имаат заклучено дека продажбата најпрво се креира во главата и дека само квалитетно анализирање и планирање ќе ги однесе на врвот!

  • Кој производ е вашето златно јајце?
  • Кој е вашиот најсреќен ден за продажба?
  • На кој клиент треба најмногу да посветите време во моментов?
  • Кој клиент само Ви ја црпи енергијата?
  • Како да имате најдобра наплата? …

Сето ова е достапно на преку 1700 најуспешни македонски менаџери за продажба, корисници на HELIX , а отсега може да биде достапно и на Вас. Побарајте презентација! Дознајте како најмоќните комерцијални извештаи можат да ве направат најдобар продавач!

КАКО СО ПОМОШ НА HELIX ВАШАТА ПРOДАЖБА КОНСТАНТНО ДА РАСТЕ?

Искуствата на нашите клиенти покажуваат дека со користењето на HELIX M во просек нивната продажба пораснала 3-10 пати.
 
Како е тоа можно кога задачата на еден софтвер е да изработува фактури, да води лагер листа, материјална картица… и слични активности од тековното работење на една компанија?
 
Тајната е во тоа што HELIX не е само софтвер туку движечка енергија која Ве носи кон врвот! Максималната поврзаност и автоматизација на HELIX  професионалниот софтвер Ви овозможува двојно да го намалите времето кое го трошите во процесите од тековното работење.
 
Наместо да копате како рудар претворете го Вашето работење во уметност! Времето е најважниот ресурс кој го поседуваме.  Понудете им го сето време на светот на Вашите клиенти и тие ќе Ве однесат на врвот.
 
Добриот маркетинг без да ги  коригирате слабостите во сите сегменти од Вашето работење е издишан балон и Ви носи само краткотраен успех. Една слабост води кон друга, исто како што една позитивна промена води кон друга.
 
Доколку сакате да станете најдобри потребен Ви е најдобриот софтвер на пазарот!

 Побарајте презентација!