fbpx

Овие две работи се клучни за успехот на Вашиот бизнис

Кои се тие?

Зошто едната од нив е пресудна дали ќе напредувате незапирливо кон се поголем профит или ќе Ве однесе во сигурен неуспех со големи долгови?

Ние немаме тајни. Ви го предаваме нашето 26 годишно искуство со заслужена доверба од преку 1700 задоволни корисници. Многумина би Ве советувале за повеќе работи како клучни: Планирање и анализа на пазарот, паметно инвестирање без ризици, внимателен избор на вработени, баланс на плати и трошоци, скалесто проширување на набавките на стоки и репроматеријали, користење на услуги од експерти, … … до бескрај …

Според нашето искуство, клуч за Вашиот успех и напредок е крвотокот на Вашиот бизнис, односно цврсто управување со времето. А времето е нешто што најлесно се губи и тоа најнеприметливо и неповратно! Времето е Вашата најголема загуба!

А каде најмногу се троши времето? Најмногу време трошиме за да дојдеме до потребните информации. Секоја стока се набавува и продава со однапред познато време и трошоци. Но до информацијата се доаѓа со нејзино собирање, проучување и обработка, а често зависи и од други процеси и услови кои треба да се исполнат. Затоа тука тешко се остварува секое планирање. Затоа и загубите се најголеми.

Затоа Вам Ви требаат бескрајно прецизна и брза обработка на информациите. Од неа зависи и втората клучна работа за успешен бизнис, а тоа е правилната одлука. Непогрешлива одлука е можна само со точни и навремени информации. Ако Вашите информации доцнат, Вашите одлуки секогаш ќе бидат или избрзани или задоцнети. Често и пресудни за пропаст на Вашиот бизнис и многуте години потрошени со проблеми, нервози и финансиски вложувања!

Сами одлучете дали ќе дозволите ова да Ви се случи како на многу напредни компании со “краток рок“. А во ова турбулентно време, заканите одамна Ви се на прагот.

 Како да добијам понуда

 

Ако времето работи за Вас место Вие да “го ловите“, а често неуспешно и ако донесувате правилни одлуки, за Вас сите “рецепти“ ќе бидат корисни.

Но како да го претворите времето во послушен и вреден работник?

Оваа тајна ја знаат само малку и тоа само најголемите и најуспешните бизниси. Од овој момент ја знаете и Вие: Само со автоматизирани, ултра брзи и доверливи обработки на информациите кои се есенцијални за Вашиот бизнис и кои Ви се потребни во секој момент за правилни одлуки и идни стратегии. Точно најпотребните и точно во секој момент!

Докажано е дека ова е пресудно дали една идеја за најкраток период ќе прерасне во голема и успешна компанија или ќе се задуши во секојдневието во кое е само прашање на време кога ќе отпадне. Сите големи компании докажуваат дека нивниот софтвер е главниот катапулт за максимален успех, екстремен профит, експанзија и отфрлање далеку пред конкуренцијата!

Но има и едно единствено и големото разочарување: Изборот на софтвер не е купување портокали! Има многу софтвери, многу од нив се неквалитетни, многу немаат поддршка, не се знае дали ќе бидат соодветни за Вашите потреби и цели, цените многу варираат, од каде да почнете да барате, дали ќе бидете задоволни и колку време ќе функционирате, … … навистина многу вакви дилеми …

Но за среќа има одговор на сите тие прашања. И тоа докажано точен одговор. За точноста сведочат голем број години доверба освоена кај голем број компании, државни институции, производни погони, магацини и дистрибуции, услуги, малопродажни ланци од сите дејности, консалтинг и сметководствени куќи, домашни и странски, мали и големи, индивидуални бизниси, со цени од нула до Вашите можности. Професионална поддршка од телефон до современ Тикет систем, па дури и сервис 24/7 преку цела година.

Во овој одговор само едно нема да најдете: Ризик. 

 Сакам понуда

 

Дури и ако немате своја фирма, а сакате добра заработка.

За секоја компанија или консалтинг сметководствена куќа, од бескрајно значење се следните автоматизми (ќе наведам само некои):

  • Моментално ажурирање на сите финансиски книжења во Финансов налог, Аналитичка и Финансиска картица, Бруто биланс, Рекапитулар, Заклучни листови, Спецификација, Извод на отворени ставки, …
  • Во материјално: Моментално ажурирање на материјална картица, Лагер листа (залиха), сите Комерцијални извештаи за должници, промет, фактури и ажурирање на сите финансиски картици и биланси во финансово
  • Во малопродажба: Моментално креирање на ПЛТ, Трговска книга (ЕТ), Книга за дневен финансов извештај (КДФИ), Приемница во дестинационен магацин или продавница, моментално ажурирање на сите картици и залихи во случај на преносница и ажурирање на сите финансиски картици и биланси во финансово. За дел од секунда и без притискање на ниту едно копче!
  • Нешто што го нема во ниеден друг софтвер: Сите шеми и теркови за автоматски финансиски книжења од сите видови документи ги креирате сами, без потреба од дополнително програмирање. И други програми книжат автоматски, но за промена на начинот на книжење треба да чекате програмер. Тоа се преведува како “тон главоболки“. Со HELIX сами управувате со Вашата креативност и тоа во секој момент!
  • Уште нешто што го немаат другите софтвери: Потполно автоматско составување на завршни пресметки! Но не како другите софтвери само со составување или печатење. После тоа дали можете да препишете пример 230 пресметки или да ги внесете преку web страна? Затоа HELIX составува се автоматски, презема од минати години и подготвува file во пропишан формат. Ваше е само да го прикачите. И тоа според правила кои на едноставен начин сами ги креирате. Повторно нема потреба од програмери и “тон главоболки“
  • Многу многу поминати задоволни контроли и инспекции. HELIX веќе го препознаваат, бидејќи секогаш и на време е по најновите законски прописи
  • Комплетна интеграција на Вашата трговија со модерни PDA уреди за теренска продажба преку GPRS, попис, прием, издавање роба, продажба преку web, … а за ресторани работа со таблети и за келнери и нарачки за гости
  • Моќен систем со кој сами ќе можете да составувате извештаи по Ваша желба и потреба. Креирање колони со информации, дизајн, сортирање, услови, снимање за повикување подоцна, печатење, Excel, …
  • Модерен систем за потсетување на оние кои Ви должат со сите подесувања и под Ваша контрола
  • Професионална екипа за поддршка со сите современи методи, дури и дежурен телефон 24/7/365! Ова го нема на други места
  • Посебно внимание за сите Ваши дополнителни потреби за доработки и проширувања …
  • . . . нема доволно место за сè да наброиме . . .

Ако сеуште сте во дилема, можеби и не е за Вас една ваква понуда за финансиска експанзија. Оставете ја за оние што знаат како да успеат …

Бидејќи Вие сте од оние што знаат од големата “ментална мешаница“, која одлука е правилна, продолжете на следните линкови:

Побарајте понуда

Што велат нашите корисници

Зошто HELIX?

Споредба со другите софтвери