fbpx

Се повеќе трошоци, плати, даноци… Понекогаш имате чувство дека контролата на бизнисот Ви бега од рацете и дека всушност работите за други луѓе. Постои начин како да ги намалите трошоците во Вашиот ресторан и да го зголемите профитот. Во продолжение прочитајте ги најважните правила:

Работете секогаш согласно законот

Не мора да бидете правник, но сепак, секогаш е добредојдено да имате основни познавања на законот. Особено, многу важно е брзо да реагирате на промените во законите. Во овој дел исто така, клучно е да имате беспрекорна врска со софтверската компанија чие решение користите. Денеска на пазарот има многу софтверски решенија кои со години немаат направено никаков развој ниту законска промена, па угостителите мора да импровизираат за да избегнат дополнителни непријатности со државните институции. Импровизацијата по правило секогаш завршува со непредвидени дополнителни трошоци. Дали во Вашето софтверско решение веќе е имплементирана најновата измена во ресторанското работење – забрана за сторно сметка по изминување на 15 мин од издавање на фискална сметка? Заборавете на стравот од инспекции!

Одберете сигурен партнер!

Среќни келнери значи среќни и задоволни гости

Сите сме биле во ресторан каде келнерите во трката со времето да ги услужат навреме сите гости имаат изморен и скиснат израз на лицето. Набргу таа енергија се проширува  и меѓу гостите и се создава напната атмосфера како во породилно. Како да ги направите Вашите келнери посреќни а во исто време да ја забрзате и услугата? Едно е сигурно: Доколку се натпреварувате со времето сигурно ќе бидете поразени! Затоа работете мудро а не напорно. Постои можност сите грешки при нарачките да ги елиминирате со користење на мобилни уреди. Ова значи дека може со еден клик персоналот во сите сектори ќе добие навремена информација да се подготви нарачката. Обезбедете беспрекорна комуникација на келнерите со шанкот и кујната преку софистициран систем. Доколку постои решение кое ќе Ви помогне да го направите Вашиот ресторан место за вистинско уживање на Вашите гости дали би биле заинтересирани? Дознајте како работат елитните ресторани

Закажете бесплатно советување!

Ресторан

Кој е најскап софтвер за ресторанско работење?

Традиционално, ресторанското работење на нашите простори подлежи на  најмногу „дупки“ во систематската поставеност. Јавна тајна е дека во голем број на случаеви персоналот си обезбедува и дополнителен приход поради лошото менаџирање.  Знаејќи го ова, апсурден е фактот дека, според анализите, најголемиот дел од рестораните сеуште користат стар програм направен во ДОС, кој скоро и да нема никаков контролен систем. Исто така, многу е важно да разберете дека софтверското решение не е исто со каса. Многу ресторани користат некои понови софтверски решенија кои се всушност само каса во електронска форма. Доколку софтверот не е главна корекција и поддршка на Вашиот бизнис  во Вашиот ресторан е исто како да го немате. Дали во моментов можете да проверите кој е најпродуктивен келнер? Кој производ е најмногу продаван во различни периоди? Зошто би користеле програм кој ги нема потребните извештаи и анализи? Причината за ова веројатно единствено може да се побара во цената на софтверското решение. Оттука легитимно е да си го поставиме прашањето: Кој е најскапиот софтвер за ресторанско работење? Доколку темелно ги анализирате сите факти, ќе заклучите дека најскап софтвер е всушност најевтиниот! Еднократно вложување во квалитетен софтвер ќе Ве чини многу помалку отколку долгогодишно расфрлање на Вашите ресурси!

Побарајте бесплатна демо верзија!

Инвестирајте!

Велат, сиромавиот плаќа два пати. Нашето долгогодишно искуство и сведоштвата на клиентите во многу наврати не уверила во вистинитоста на оваа мисла. Немојте да се плашите од инвестиции кои долгорочно ќе ги намалат тековните трошоци!

Побарајте бесплатен консултативен разговор!