Законски измени имплементирани во HELIX

  1. Законска 77 (01.01.2018): Електронско поднесување на обврска за плаќање на персонален данок преку систем за е-ПДД од 01.01.2018 г.– Цена – 90 Евра

    Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.190/2017), од 1 јануари 2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ПДД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk

    Со оваа законска измена во HELIX се направени следниве измени или дополнувања:

    • Креирање на нов XML за УЈП со потребните податоци во ПДД-ГИ и ПДД-ГИ ОЗП
    • Нови полиња за податоци потребни за новиот XML за УЈП: општина, вид на исплата (трансакциска или друго), датум на исплата и одбиток/задршка
    • Избор на нови шифри за тип и подтип на исплата преземени од УЈП
    • Импорт на податоци од Договор на дело со новите шифри и новите полиња за податоци.
  2. Законска 76 (01.01.2018): Пресметка на просечна саатнина од 16 просечни плати 01.01.2018 г. –  01.2018 г.– Цена – 70 Евра

    Законска промена поради измена на износот за највисока основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување.

    За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување од месец ЈАНУАРИ 2018 година, највисока основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување е износот од ШЕСНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примања од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, а износот од ДВАНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.

  3. Законска 75 (01.09.2017): Евидентирање на барање на финансиска помош за вработени со нето плата помала од 12,000 денари –  09.2017 г.– Цена – 40 Евра

    Законска измена се однесува за модулот Плата, за евидентирање на барање на финансиска помош за вработени со нето плата помала од 12000 денари, во периодот до 08.2017 година. Оваа законска ќе важи до 31.08.2018 година.

    Со оваа законска измена  се формира нова Шифра за во МПИН -401 и и со подготовка за МПИН ја носи шифрата во поле 3.23 во МПИН – клиентски софтвер.

    Во Менито Фирми -> Плата -> Матични податоци за вработен се избира соодветниот вработен

    После избор на Вработен во табот Податоци за вработување се избир шифра 401 во паѓачката листа Шифра за осл.дан МПИН

  4. Законска 74 (26.06.2017): Креирање на Excel датотека за ДДВ Евиденции за големи фирми 06.2017 г.– Цена – 100 Евра

    Врз основа на барањето на УЈП, ДДВ обврзниците со доставувањето на даночната пријава “ДДВ-04“, се должни да достават и:
    – евиденција на излезните фактури за оданочив промет и долгуван данок согласно член 55 став 1 и став 2 од Законот за данокот на додадена вредност; и
    – евиденција на влезните фактури со претходен данок кој може да се одбие и на исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок, за соодветниот даночен период.

    Промените се изработени во Финансово во Налози. Промените се имплементирани преку додавање на нова опција ДДВ Евиденции за големи фирми во менито Книги во формата Преглед на финансови налози за книжење

    Во новата форма Експорт на датотека за ДДВ евиденции во Ексел се внесуваат соодветните конта на кои се книжи ДДВ, се избира соодветниот даночен период и се кликнува на копчето Експорт.

     

  5. Законска 73 (27.01.2017): Креирање на Excel датотека за ДДВ Евиденции 01.2017 г. – Цена – 120 Евра

    Врз основа на барањето на УЈП, ДДВ обврзниците со доставувањето на даночната пријава “ДДВ-04“, се должни да достават и:
    – евиденција на излезните фактури за оданочив промет и долгуван данок согласно член 55 став 1 и став 2 од Законот за данокот на додадена вредност; и
    – евиденција на влезните фактури со претходен данок кој може да се одбие и на исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок, за соодветниот даночен период.

    Промените се изработени во Финансово во Налози. Промените се имплементирани преку додавање на нова опција Excel за УЈП – ДДВ Евиденции во менито Книги во формата Преглед на финансови налози за книжење

    Во новата форма Експорт на ДДВ во Ексел се внесуваат соодветните конта на кои се книжи ДДВ, се избира соодветниот даночен период и се кликнува на копчето Експорт.

     

  6. Законска 72 (01.01.2017): Нов XML за електронско поднесување на Даночна пријава на данок на додадена вредност –  ДДВ-04 образец 01.2017 г. – Цена – 75 Евра

    Усогласување со новата Даночна пријава на данокот на додадена вредност –  образец ДДВ-04.

    Во „Службен весник на Р.М“ бр.222/16 од 28.12.2016 година, објавена е новата Даночна пријава на данокот на додадена вредност – образец ДДВ-04 која ќе се применува за даночен период од 01.01.2017 година.

    Промените се имплементирани во делот на Финансово во Аконтативна пријава за ДДВ е воведено ново копче Е-ТАХ документ за ДДВ-04 од 01.01.2017.

  7. Законска 71 (05.08.2016): Промена на шифрите за ослободување од придонеси и/или персонален данок во МПИН поле 3.23 за нововработени лица 08.2016 г. – Цена – 40 Евра

     

    Промените се воведени поради донесување на измените и дополнувањата на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на РМ“, бр.119/16), се продолжуваат активностите од проектот „Македонија вработува“, во чија втора фаза предвидена е можноста работодавачот од приватниот сектор, по претходно поднесено барање до Агенцијата за вработување, да биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход, под одредени услови пропишани со законот.

    Промените се имплементирани во делот на Матични податоци за вработени со воведување на нови шифри за користење на ослободувањето од плаќање на придонесите и/или ПДД, во полето Шифра за МПИН за нововработени во зависност од категоријата во која припаѓа невработеното лице:

  8. Законска 70 (09.02.2016): Дополна на АОП правила за завршна пресметка 2016 г. – Цена – 120 Евра

    Овие промени се воведени поради промените во  Образецот за ДЕ. Во Службен весник на РМ, број 9/2016 година објавен  е нов Образец ДЕ за трговски друштва кој ќе се применува на годишна сметка за 2015 година. Новиот образец има 167 полиња, односно 28 повеќе од стариот.

    Промените се имплементирани во делот од кориснички интерфејс:

    – за внес на новите АОП позиции,
    – дополнување на АОП правилата со новите позиции,
    – експорт на xml датотеката за завршна пресметка,
    – делот за архивирање и пренос во следна календарска година.

    Преработени се сите темплејти за печатење според новиот образец целосно и со преглед пред печатење.

  9. Законска 69 (09.02.2016): Нов образец за електронско поднесување на Даночен биланс 2016 г. – Цена – 20 Евра

    Усогласување со новиот образец за XML-фајлот за електронско поднесување на Даночен Биланс.

  10. Законска 68 (31.12.2015): Законска измена за ослободување од печат на фактура  01.2016 г – Цена – 80 Евра

    Согласно со измената на членот 53, став 10, точка 10 од Законот за данок на додадена вредност (Службен весник на РМ бр. 112/14) наместо потпис и печат на издавачот на фактурата уредната ДДВ фактура мора да содржи: ИМЕ, ПРЕЗИМЕ И ПОТПИС НА ОВЛАСТЕНОТО ЛИЦЕ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ФАКТУРИ КАЈ ИЗДАВАЧОТ НА ФАКТУРАТА.

    Од 1 јануари 2016 година отпаѓа обрската за задолжително ставање печат на фактурата за целите на ДДВ.

    ИЗДАВАЧОТ на фактури (било кон субјекти во земјата или во странство) законска обврска е фактурите да го имаат како задолжителен елемент следното: „овластено лице за потпис на фактура“ или „овластен потписник на фактура“ или „фактурирал – овластено лице“ и сл. а потоа да се наведе неговото: име и презиме и потпис.

    Додавање на потписник на фактура во HELIX:

    Во HELIX во менито Фирма -> Избор на фирма  во податоци за фирма ги внесувате податоците за потписник на фактурите и ја избирате сликата за потпис која ќе важи за сите корисници.

    Zakonska Faktura 1

    Во случај кога за различни корисници на HELIX има различен потписник на фактурта истиот им се доделува преку менито Систем -> Корисници и таму на корисникот му се доделува потписникот на фактурата со сите потребни податоци и  сликата за потпис.

    Zakonska Faktura 2

  11. Законска 67 (11.12.2015): Измени во Плата за пресметка на коефициент на сложеност  10.2015 г. – Цена – 50 Евра

    Промената се однесува на измените во пресметка на минимална плата во секторите земјоделство и прехранбена индустрија.

    Основната плата се утврдува така што износот на најниската плата се множи со коефициентот на степенот на сложеност на одделна група на работи на која припаѓа работното место согласно договорот за вработување.

  12. Законска 66 (01.12.2015): Измени во МПИН за Агенции за Привремени Вработувања – 11.2015Цена – 50 Евра

    Усогласување со новите измени во МПИН за Агенции за Привремени Вработувања.

    Со член 3 од Законот за дополнување на законот за агенциите за привремени вработувања („Сл. Весник на РМ“, бр.98 од 15.06.2015 година) извршено е дополнување на членот 11-а од овој закон, со кое предвидено е Агенцијата за привремени вработувања да подготвува и доставува посебна пресметка за плата и придонеси од плата и за вработените во Агенцијата за привремени вработувања поединечно.
    Поднесувањето и исплатата на платата започнувајќи од МПИН пресметките за месец 11/2015 година

  13. Законска 65 (30.11.2015): Нови шифри за МПИН за ослободување од придонеси, за замена поради породилно отсуство 09.2015 г. – Цена – 50 Евра

    Во Пресметка на плата се воведени новите шифри за МПИН за следниве категории на нововработени лица:
    – Замена на работник кој користи породилно отсуство до 270 и
    – Замена на работник кој користи породилно отсуство до 450 дена.

  14. Законска 64 (20.05.2015): Нови шифри за МПИН за ослободување од придонеси 05.2015 г. – Цена – 50 Евра

    Во Пресметка на плата се воведени новите шифри за МПИН за следниве категории на нововработени лица: невработено лице до 35 години возраст, невработено лице на возраст од 35 до 50 години, невработено лице на возраст над 50 години, невработено лице на возраст над 58 години, невработено лице со социјален ризик

  15. Законска 63 (20.03.2015): Максимална Основица за Придонеси – 12 Просечни Бруто Плати од 03.2015 г.Цена – 95 Евра

    Со оваа измена е имплементирана Законската измена за највисока основица за пресметка и уплата на придонеси согласно измените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

    Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кој е во сила од 25.03.2015 година, а се применува почнувајќи со пресметките за месец март 2015 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување е:

    • Износот од дванаесет просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос;
    • Износот од дванаесет просечни плати за плаќање на придонеси за примањата по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа;
    • Износот од осум просечни плати за пресметување и уплата на придонесите за самовработено лице.
  16. Законска 62 (01.03.2015): Книга на влезни фактуриЦена – 60 Евра

    Воведена е Книгата на влезни фактури за евиденција на влезните фактури.

  17. Законска 61 (20.02.2015): Измени во МПИН за Агенции за Привремени Вработувања – 2015Цена – 60 Евра

    Усогласување со новите измени во МПИН за Агенции за Привремени Вработувања

  18. Законска 60 (15.01.2015): Пресметка на Плата – Се Укинува Максималната Бруто Основица за Пресм. на ПридонесиЦена – 80 Евра

    Имплементирани промените во пресметка на плата согласно  Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување кој е во сила од 12.02.2015 година. Со овој Закон е предвидено е дека при пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување започнувајќи од месец јануари 2015 година не се применува лимитот од шест просечни плати како највисока основица за пресметка на придонесите, односно придонесите се пресметуваат на целиот износ на бруто основицата.

  19. Законска 59 (15.01.2015): Архивски број на документЦена – 80 Евра

    Имплементирана можност за внесување на архивски број при креирање на излезни калкулации во Материјално, Малопродажба и Услуги.

  20. Законска 58 (20.01.2015): Договори – пресметка на придонеси за ПИО и  здравство – 2015Цена – 80 Евра

    Имплементирани барањата кои се предвидени со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со кои се утврдуваат категориите на обврзниците кои од 1 јануари 2015 година имаат обврска за плаќање на Придонес за пензиско и инвалидско осигурување (ППИО) и Придонес за здравствено осигурување (ПЗО) за приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа.

  21. Законска 57 (20.01.2105): Нови обрасци за печатење на завршни пресметкиЦена – 60 Евра

    Усогласувања со новите обрасци за печатење на завршни пресметки

  22. Законска 56 (20.01.2015): Нов образец за ПДД-ГИ, ПДД-ГИ-ОЗП – 2015 – Цена – 60 Евра

    Усогласувања со новите обрасци за ПДД-ГИ и ПДД-ГИ-ОЗП

НАПОМЕНА: Наведените цени важат само за корисници со договор за одржување по повик со наслов “ПАКЕТ 10: Mини Пакет“ склучен пред 30.04.2013 година.

За постари Законски измени имплементирани во HELIX кликнете на следниов линк: Постари законски измени.

4 причини зошто HELIX

  1. Иновативни решенија

    Cloud Решенија

    Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил

  2. Ефективни решенија

    Поврзаност на податоците.

    Автоматско книжење.

    Лесно управување.

  3. Исплатливи решенија

    Комплетна поддршка.

    Внимание на детали.

    Зголемена конкурентност.

  4. Интелигентни решенија

    Намалени трошоци.

    Точни податоци за правилни деловни одлуки.