Пописот е една од најважните активности за трговските компании. Квалитетниот и редовен попис може правилно да ја насочи Вашата компанија кон прогрес. Во продолжение прочитајте зошто е важно редовно да правите контролен попис:

Пописот не е само законска обврска!

Една од најголемите грешки која ја прават трговските компании е тоа што го сметаат пописот само за законска обврска. Пописот се прави за да проверите што е она што недостасува во Вашиот бизнис. Не се работи само за тоа дали имате загуби. Пописот треба да биде еден од главните коректори на методите и принципите на Вашето работење. Редовниот попис ќе Ви помогне да имате точни информации:

  • Дали правите грешки во нарачките?
  • Дали е потреба дополнителна обука и едукација на персоналот?
  • За кои производи е потребно подобар маркетинг и продажба?
  • Дали начинот на кој работите предизвикува константни загуби на стоката?
  • Во кој правец се движи Вашиот бизнис?

Постои решение кое ќе ви помогне да направите наједноставен и најпрецизен попис. Пописот не мора да биде мачење! Закажете консултативен разговор!

Загуби на стоката – постепено губење на бизнисот!

Без разлика дали станува збор за загуби поради расипување на стоката или пак за константно мистериозно исчезнување на производи, секоја загуба води кон постепено губење на бизнисот. Расипувањето на производите е секогаш резултата на погрешна политика во нарачките. Покрај физичкото броење на производите, мора да водите беспрекорно уредна документација при приемот на робата. Ова, заедно со деталните комерцијални извештаи за продажба, ќе ви ја дадат точната слика на компанијата. Инвестирање во софтверско решение кое ќе ја усоврши Вашата работа значи дека сте подготвени и зрели да ја насочите компанијата во посакуваниот правец! Одберете да работите како победници!

попис

Како најлесно се прави попис?

Физичкото пребројување на производите не е секогаш најтешкиот дел од пописот. Долги години компаниите се соочуваа со недоволна документација е потешкотии да се направи правилна споредба. Голем дел од компаниите кои бележат прогрес изминативе години решението го пронајдоа во Helix – професионалниот софтвер. Контролниот попис со помош на Helix, се прави во материјално влез, и истиот во тип на документ се означува дека е контролен попис. Во содржината на овој документ се внесуваат сите реално избројани производи кои се наоѓаат во магацинот. За да се направи споредба помеѓу реалната (состојба од контролен попис) и книговодствена (состојба од лагер листа) едноставно се активира функцијата споредбен лагер. Датумот на контролниот попис треба да биде идентичен со крајниот датум на лагер листата. Со активирање на споредбениот лагер се креираат автоматски документи, споредбен влез и споредбен излез со кои состојбата од контролниот попис се изедначува со состојбата од лагер листата. По креирањето на овие документи, можете да испечатите пописна листа во која ќе се евидентираат кусокот и вишокот на производи. Калкулацискиот број на автоматски генерираните документи е уникатен и доколку имате потреба да имате повеќе контролни пописи односно споредбен влез/илзез едноставно само направите промена на калкулацискиот број и повторете ја постапката. Оваа постапка е наједноставно решение како да направите прецизен попис.

Пописот не мора да биде мачење! Побарајте бесплатна демо верзија!

 Што доколку има несогласувања?

Несогласувањата се секогаш резултата на грешки во материјалното работење. Доколку често Ви се случуваат несогласувања евидентно е дека мора да направите суштински промени во работењето. Направете промена! Подобриот живот е резултат на одлуките кои ги носите!

Закажете бесплатен консултативен разговор!