Производствената индустрија е многу динамична и конкурентна по природа, императивно е ваквите бизниси да имаат ЕРП решение што може да ја подобри ефикасноста, да ги намали трошоците, да ја зголеми продажбата и профитабилноста, но најважно е, да и овозможи на организацијата да донесе точни, информирани и стратешки решенија. Систем за планирање на ресурси на претпријатието може да биде одговор на сите овие барања. ЕРП решенијата ги интегрираат сите аспекти на бизнисот (ресурси, операции, мониторинг, известувања, продажби, сметководство и финансии, итн.) и им овозможува на бизнисите да функционираат непречено со одржување на единствена база на податоци.

Во последните неколку години, поголем број бизниси се определија за ЕРП решение. Во случај да не сте сигурни за сите придобивки од  ЕРП решение, во продолжение прочитајте за  5 главни придобивки од вакво решение што може да ви помогнат да разберете зошто секој производствен бизнис мора да се определи за квалитетно ЕРП решение:

Ги автоматизира и ги насочува деловните процеси со поголема адаптибилност

Комплетно ЕРП решение ги насочува деловните процеси и придонесува за автоматизација во производствени организации. Со насочување на процесите, сите податоци се достапни на централизирана локација со целосна видливост во сите функционалности – развој, дизајнирање, попис, набавка, производство, финансии, продажба, испорака и друго. Покрај тоа, секој вработен може да го следи статусот на производство во реално време, без никаква зависност од индивидуа или тим. На пример, тимот за дизајнирање може да го следи прогресот во производството и да ги ажурира одделите за набавки и финансии за потребите на дополнителни материјали. Ова придонесува за ефикасност во системот, ја подобрува продуктивноста и им помага на компаниите да ги одржат своите (обврски/ветувања) кон клиентите. Со автоматизирање на процесите, компанијата исто така ја намалува својата зависност од рачните процеси. Ова не само што го забрзува процесот на производство, но ги минимизира грешките и значително ја подобрува профитабилноста

Побрза реакција на барањата на пазарот

ЕРП системите обезбедуваат анализа на податоци во реално време им помагаат на (бизнисите)  подобро да проценат, планираат, прилагодуваат и реагираат на подобро менување на барањата на пазарот. Донесувачите на одлуки се потпираат на извештаи генерирани од системот во редовни интервали за да ги разберат различните побарувања на пазарот и да профитираат од трендовите на купување на клиентите. Деталните увиди им даваат на менаџерите преглед од 360 степени, помагајќи им да ги намалат грешките при прогнозите за движењето на пазарот и да ги искористат  најдобро сите можности кои се појавуваат на пазарот .

ЕРП решение

Донесување на стратешки одлуки

Сеопфатноста на ЕРП решението ја подобрува способноста за одлучување на една организација. Обезбедува темелен увид и видливост во секој оддел и деловен процес, помагајќи и на компанијата да донесува информирани, точни и побрзи деловни одлуки. Пристапот до клучните мерила за перформанси, како што е целокупната продажба, маргината на продажбата итн. Им помага на производствените компании да останат усогласени со своите цели и да ги преземат потребните внатрешни одлуки доколку има потреба. Целосната видливост на внатрешните процеси и оддели исто така му помага на раководството да го оптимизира секојдневното работење.

Намалување на трошоците

Робустно ЕРП решение им помага на производствените организации да ги намалат вкупните оперативни трошоци, рачните процеси одземаат многу време, тие процеси се заменуваат со автоматски, насочени процеси со бизнис информации во реално време. Покрај тоа, со зголемување на продуктивноста на работниците, ЕРП решението ги минимизира трошоците за работна сила, а подобрената прецизност и пониска стапка на грешка ги намалува загубите. Способноста точно да се следи залихата и да се интегрира ефикасно со планирање на производството го елиминира вишокот на залихи и трошоците за складирање. И на крај, подобрената видливост на организацијата им помага на менаџерите да заштедат каде е возможно.

Закажете Ваш термин за консултативен разговор.

Подобрете го задоволството на клиентите

Точното планирање на производството, засилена контрола врз залихите, насочено распоредување на процесите и координација на каналите за дистрибуција им овозможуваат на производителите да ја подобрат навремената испорака на производи. Испораката на производи на време е клучно за одржување на задоволството на клиентите.

ЕРП решенијата за производствени организации нудат податоци во реално време, така што носителите на одлуки можат да добијат реален преглед на нивоата на залихи во секое време.

Побарајте бесплатна демо верзија за софтверот кој го користат најмногу сметководители во земјава!

Кое ЕРП решение е најдобро за Вашата Компанија?

Вистинскиот одговор на ова најважно прашање е мора да да изберете за  партнер, компанија со искуство во имплементација на ЕРП  решенија, за да дојдете до вистинскиот софтвер за вашата деловна активност. 1800 корисници и 27 години искуство се гаранција дека со изборот на тимот на ЗОНЕЛ Софтвер, избирате партнер кој ќе Ве води успешно и безболно низ процесот на имплементација на ЕРП решение во Вашата компанија.

Одберете сигурен партнер Веднаш!