Една од најголемите грешки која ја прават дел од компаниите е тоа што на сметководственото работење гледаат само како на законска обврска кон институциите. Сметководствените политики можат да бидат главен показател за напредокот на компанијата и многу значаен фактор во анализата за остварување на успешни деловни резултати. Во продолжение прочитајте колку сметководствените политики влијаат на деловниот резултат:

Што е сметководствена политика?

Управувањето на една компанија не е возможно без информативен систем. Значаен дел од информативниот систем е сметководството. Финансиските извештаи се финален производ на сметководствениот процес во кој се вградени одбрани сметководствени политики. Каква сметководствена политика ќе примени едно претпријатие зависи од повисоките цели определени со деловната политика на компанијата. Целта на утврдувањето на сметководствените политики е да се овозможи реално прикажување на финансиската состојба и успешноста во работењето.

На пример, во производствениот процес, доколку еден репроматеријал на два различни датум е набавен по различна набавна цена, од сметководствената политика на компанијата зависи дал истиот ќе го пресмета по првата или втората набавна цена или пак ќе се пресмета по одредена просечна цена. Менаџментот на компанијата при изборот на сметководствената метода мора да води сметка оваа одлука какви последици ќе има на повеќе полиња како на пример трошоците, вредноста на залихите, состојбата на билансот, добивката, загубата и што значи тоа краткорочно и долгорочно за деловната политика на компанијата. Побарајте повеќе информации за сметководствените политики.

Проценка на ставките

Проценката на ставките на финансиските извештаи е еден од најважните сегменти на сметководствените политики. Во проблематиката на проценка на билансните ставки особено важна улога имаат одредени сметководствени претпоставки и начела:

Начелото на набавна вредност е појдовно начело во утврдување на вредностите на ставките на билансот на состојба. Со примена на ова начело, имотот прикажан во билансот ги прикажува трошоците за набавка на тој имот, а не неговата пазарна вредност.

Начелото за внимателност бара во услови на неизвесно работење добивките да не се преценуваат, а загубите да не се потценуваат. Аналогно на одредбите на ова начело имотот треба да се проценува по трошоците за набавка или нето продажната вредност во зависност од тоа која вредност е пониска. Со злоупотреба на ова начело постои опасност да се створи тивка прикриена добивка, со што се доведува во прашање објективноста на билансот. Тивки прикриени добивки ќе се појават и во случај на потценување на позициите на активата (на пример отпис на побарувањата, примена на забрзана стапка на амортизација, вреднување на залихите по пониски вредности) или преценување на позициите на пасивата ( резервирање на трошоци за ризик, пресметување на трошоци кои можат временски да се ограничат).

сметководствените политики

Покрај скриените добивки во билансот може да се појават и скриени загуби кои се појавуваат во случај на преценување на позицијата на активата или потценување на позицијата на пасивата.

Покрај начелата за набавна вредност и внимателност многу важно е да се почитува и начелото за конзистентност, кое бара еднаш избраната сметководствена политика доследно да се применува. Исто така, доколку сакаме билансот да биде квалитетна основа за анализа на работењето, потребно е да се почитуваат и останатите начела на: објективност, реализација, спојување, материјалност и потполно обелоденување.

Финансиските извештаи како двигател на Вашиот бизнис

Не би имале никаков корист од сметководствените политики доколку немаме пристап до финансиските извештаи и истите не ги користиме правилно во планирањето и развојот на компанијата. Интеграцијата на квалитетно софтверско решение за материјално и финансиско работење е една од најважните одлуки на една компанија. Од нас зависи дали ќе одбереме софтвер кој ќе биде главен двигател на нашиот бизнис или едноставен програм кој ќе ни служи само за евиденција и генерирање на фактури. Информацијата е најважен сегмент во носењето на одлуките. Секоја одлука, без разлика дали е добра или лоша, е само одраз на тоа со какви информации сте располагале во моментот. Одберете стабилен и просперитетен пат за Вашата компанија. Побарајте повеќе информации!