fbpx

Производство на квалитетни и безбедни производи е главната и основна цел на сите производствени компании. Сепак, набавката на репроматеријалите, нивниот квалитет и следливост е еден од главните проблеми со кои се соочуваат производствените компании. Одговорноста е голема, па затоа производствениот процес и самата набавка на репроматеријалите мора темелно и правилно да биде документирана. ЛОТ Броевите се клучен сегмент кој ќе Ви помогне како да имате контрола над производството, а подоцна и дистрибуцијата и продажбата на Вашите производи. Во продолжение прочитајте зошто се важни ЛОТ броевите во производството.

Ефикасна следливост на репроматеријалите

Единствен начин како најлесно да ги идентификувате сите потенцијални проблематични производи е да воведете ефикасен систем на евиденција со ЛОТ броеви во текот на производствениот процес. Слично на серискиот број кој идентификува одредена ставка, ЛОТ бројот е код (или шифра) што идентификува одредена количина на репроматеријал во текот на процесот на производство и дистрибуција. Производот со ист ЛОТ број е произведен од истата опрема користејќи ги истите компоненти на суровина за време на одреден временски период.  ЛОТ броевите играат клучна улога во обезбедувањето на квалитетот. Ако репроматеријалот не успее да ги исполни прифатливите нивоа, ЛОТ броевите се клучни за пронаоѓање и идентификување на она што е потенцијално погодено од неправилниот производ. Производот со ист ЛОТ број се смета за лош, без разлика дали проблемот е резултат на расипан репроматеријал или дефект на опремата во производство процес. Користејќи ги ЛОТ броевите може да ги предупреди своите клиенти за да ги тргнат од продажба проблематичните производи. Доколку Ви се потреби дополнителни информации – консултативен разговор можете да закажете тука.

Како правилно да ги дефинирате ЛОТ броевите?

Дефинирањето на ЛОТ броевите многу може да биде сложен процес доколку сакаме да имаме добра евиденција. Дел од компаниите се обидуваат да го поедностават процесот со тоа што, на пример, го водат производството во целиот месец како единствен број, но тоа може да резултира во непожелни последици. Производството во еден месец може да има разлики во составот и да се произведува на различна опрема. Во овој случај, доколку треба да ги известат клиентите за неисправен производ, најмалата група што може да се разликува е севкупното производство во целиот месец. Ова понекогаш може многу скапо да ги кошта клиентите. Различни процеси на производство бараат различни методи за дефинирање на ЛОТ броевите. Доколку се работи за производ  составен од уникатни, следливи компоненти тој може да се следи со единечен ЛОТ број. Другите процеси на производство вклучуваат мешање на специфични количини на суровини за производство на серии на производи, тука е потребен ЛОТ број кој ќе ги дефинира сите овие компоненти. Трет вид на процес бара мешање на специфични стапки на суровини заедно со обемна обработка или рефус материјали за континуирано производство.

лот

Софтверска интеграција на производството со ЛОТ броеви

За потребите на задоволување на критериумите за квалитет во производство на разни добра, и исполнување на условите пропишани со повеќе стандарди за квалитет, потребен Ви е софтвер кој има посебен модул прилагоден на потребите на Вашето работење.

Имено, производниот процес подразбира избор на репроматеријали со одредени ЛОТ броеви кои се употребуваат во конкретниот работен налог, и при тоа се генерираат готови производи со свои ЛОТ/сериски броеви.

Ова се најважни карактеристики кои треба да ги поседува Вашиот софтвер за производство:

  • Зависно од спецификите на самиот производен процес, програмот треба да овозможи повеќе режими на работа, во поглед на начинот на кои се избираат репроматеријалите за конкретен производен процес, како и критериуми за формирање на финален производ.
  • По дефинирањето на режимот на работа, потребно е програмот да овозможи да се дефинираат и магацините кои се вклучени во производниот процес.
  • Потребно е во соодветната фаза на производство со нормативи – програмот да има можност да генерира нови ЛОТ броеви, или да се преземе ЛОТ бројот од претходната фаза (репроматеријалот).
  • Многу важно е програмот да има доволен број на извештаи со кои би имале максимална следливост во користењето на репроматеријалите и производството на готови производи.

Повеќе информации како може софтверски да го оптимизирате Вашето производство  можете да побарате тука.

Намалена загуба и безбедни производи за Вашите клиенти

Квалитетен систем на производство со ЛОТ броеви значително ќе ја намали загубата и ќе обезбеди квалитет и сигурност на Вашите производи. Инвестирајте во задоволството на Вашите клиенти. Континуиран квалитет и безбедни производи е единствен сигурен пат до стабилна производствена компанија.

Закажете бесплатен консултативен разговор!