fbpx

Вонредната состојба и ограниченото движење на граѓаните секако дека имаат огромно влијание на малопродажниот бизнис. Но сепак, ова не значи дека потрошувачите немаат потреба од Вашите производи во овој период на изолација. Сосема спротивно, кај одредени производи потребата и потрошувачката е значително зголемена. Затоа клучно за функционирање на Вашиот малопродажен бизнис е како да се прилагодите на ситуацијата и да им овозможите брза и едноставна можност на Вашите купувачи да дојдат во Вашите производи. Во продолжение прочитајте неколку практични совети како да водите продавница во услови на пандемија:

Зошто е важно добро менаџирање со залихите?

Без залихи не може да функционира ниту еден малопродажен бизнис. Залихите од секој артикал мора да бидат оптимални, што значи дека не смее да си дозволите да бидат ниту преголеми ниту премали. Особено во една ваква ситуација на криза каде пазарот се менува многу брзо. Многу е важно да не Ве фати паника и да направите преголеми залихи. Клучно е овој период да имате одлична комуникација со добавувачите и добро да ги следите трендовите и промените на пазарот како и состојбата во Вашиот магацин. Доколку залихите се преголеми се намалуваат обртните средства, постои можност за застарување на некои артикли, расипување, заземање преголем простор, како и опасност конкуренцијата да ги намали цените па да претрпите поголеми загуби. Доколку залихите се премали, се губат купувачите бидејќи немаат можност да го купат она што им е потребно, со што автоматски градите лош имиџ на продавницата. Залихите секогаш треба да се држат помеѓу максимум и минимум. Тоа значи дека Ви е потребен ефикасен систем кој ќе Ви помогне да управувате со залихите.

Закажете бесплатен консултативен разговор!

 

Како најлесно да менаџирате со залихите?

Во денешно време незамисливо е успешно да водите продавница без софтверска интеграција и прецизни податоци за максималната, минималната и оптималната количина на залихите. Ова е систем кој навремено ќе Ве алармира дека резервите на стоката се во сигнално ниво и дека е потребно да се активира набавниот циклус. Сите артикли не се со еднакво значење од аспект на прометот, вредноста и значењето. Затоа потребно е да се направи класификација на артиклите. Многу ефикасен е ABC методот:

  1. Во групата „А“ се мал број на артикли (пример 20 %) кои носат најголем процент (пример 75 %) во вкупниот промет на продавницата.
  2. Групата „B“ е поголема количински (пример 30 %), но во прометот учествува со видливо помал процент ( пример 20 %).
  3. Групата „C“ на пример, асортимански може да биде и 50 %, а вредносно да учествува во прометот само 5 %.

Сите овие групи треба да имаат различен третман при набавката, со што би имале оптимално ниво на залихи во магацинот. Доколку имате потреба од повеќе информации околу менаџирањето со залихите, бесплатни совети можете да побарате тука.

prodavnica

Онлајн продавница

Кризата поврзана со Ковид-19 и карантинот не научи дека најголемиот дел од нашите купопродажни активности можеме да ги завршиме онлајн. И пред кризата, онлајн продажбата изминативе неколку години бележи брз раст, па многу експерти сметаат дека иднината на малопродажниот бизнис е во онлајн продажбата. Затоа, доколку сеуште немате направено дигитална стратегија за развој на Вашиот бизнис, можеби ова е најдобро време. Според истражувањата, неколку фактори се најважни за купувачите при избор од каде ќе купуваат онлајн:

  • Релевантна понуда каде ќе почувствуваат дека се грижите за нивните потреби
  • Прифатливи цени
  • Едноставен и сигурен начин на плаќање каде ќе бидат сигурни за своите пари
  • Кампањи и акции со попусти
  • Лојална компанија каде ќе се почувствуваат дека се дел од голема заедница
  • Специјализирана продавница за одредени производи
  • Навремено ажурирање на цените
  • Добра комуникација и навремена информација за сите промени
  • Брза и ефикасна испорака

Од технички и корпоративен аспект, при интегрирањето на онлајн продавницата, многу е Важно да имате беспрекорна врска со материјалното работење и поврзување со останатите физички магацини и продавници. И сето тоа да биде поврзано со финансовото работење, како не би направиле хаос во целокупното работење на компанијата. Повеќе информации околу софтверска интеграција на работењето можете да добиете тука.

Посветете се максимално на клиентите

Пријатели велиме дека се оние луѓе кои остануваат со Вас и во тешките животни ситуации. Нема поголема инвестиција за Вашиот бизнис од тоа искрено и максимално да се посветите овој период на потребите на клиентите. Прилагодите го бизнисот според можностите и начинот на кој во моментов функционираат Вашите клиенти.

Закажете бесплатен консултативен разговор!