Несомнено вонредната или кризната состојба има големо влијание на бизнисот и економијата. Во вакви ситуации, многу е важно е да пронајдеме начин како нормално да функционира нашиот бизнис. Но, вистинска добивка е доколку пронајдеме начин како проблемите и вонредната состојба да ги искористиме како наша предност. Ова не значи да се стремите кон брз профит користејќи ја ситуацијата, туку создавање на нови идеи, можности и производи кои долгорочно ќе Ви донесат голем успех. Работата на развој во еден ваков период може да биде вистинска инфузија за Вашиот бизнис. Во продолжение прочитајте неколку практични совети, зошто е важно да работиме на развој во вонредни услови:

Овозможете услови на Вашите вработени да бидат продуктивни

Еден од главните проблеми со вонредната состојба, покрај економската криза, се намалените работни обврски на вработените. Ова е значаен проблем, не само поради тоа што со ова компанијата губи ресурси, туку и поради губење на работна кондиција и професионален развој на вработените. Затоа, една од првите работи во кои треба да се вложите и да ги искористите Вашите менаџерски вештини е да креирате можност како Вашите вработени да останат максимално продуктивни, па дури и да ја зголемат продуктивноста. Без разлика дали во една ваква ситуација, Вашите вработени работат од дома или од канцеларија, добрата меѓусебна комуникација е многу важна. Помалата побарувачка и заспаната економија евидентно е дека ќе ги намали обврските, па можеби најдобар начин како Вашите вработени да останат максимално продуктивни е работењето на развој. Развој е одлична можност како вонредната состојба да ја свртите во Ваша полза. Само компанија која константно се развива е спремна за сите нови предизвици.

Пронајдете нови можности

Сите квалитетни производи и иновации се креирани за да решат одреден проблем на потрошувачите. Оттука, мудро е да ги гледате на вонредната ситуација како можност за нови предизвици и иновативни решенија. Поради брзиот живот и начинот на кој функционира деловниот свет, многу често доста одлични идеи остануваат само во фиока. Еве конечно можност да се посветите на Вашите иновативни идеи за развој. Никогаш не се знае токму која идеја ќе биде отскочна штица за Вашиот бизнис во годините кои доаѓаат. Постојат повеќе институции и организации, како на пример, ФИТР кои може да Ве поддржат во процесот на иновација. Ова е идеално време за изработка на Вашиот нов иновативен проект. Немојте да трошите премногу енергија на работи на кои не можете да влијаете. Одберете иновација наместо депресија!

razvoj

Дигитализација на работењето

Периодот на изолација не научи дека многу бизниси можат во голема мера да функционираат и онлајн. Дигитализацијата на бизнисот е одлична можност за нови иновации. Тука не станува збор само за нови производи и услуги, туку и иновации во системот на работењето. Голем дел од корпоративното работење може да се заврши комплетно дигитализирано и онлајн. Вашиот софтвер тука мора да биде главен двигател во процесите на дигитализација. Пред се, тука особено треба да се инвестира во интернет пристап до софтверот за материјално и финансово работење, како и онлајн поврзување со државните институции, како навремено и без проблеми би можеле да ги завршувате сите обврски кон државата. Со нашето искуство, значително можеме да Ви помогнеме во процесот на дигитализација. Ако имате потреба од дополнителни информации, можете да закажете консултативен разговор тука.

Подобрете ја услугата и грижата за корисниците

Успешноста на еден бизнис најмногу зависи од задоволството на клиентите од услугата и грижата. Вложете се максимално во креирање најдобра корисничка поддршка токму во овој период. Грижата за корисниците е единствен сигурен пат кој не води кон излез од секоја криза. Зависно од дејноста и начинот на кој работат клиентите во овој период, насочете се кон подобрување на комуникацијата и навремена испорака на побарувањата и обврските. Процесот на дигитализација и во овој сегмент може значително да Ви помогне, па размислете дел од комуникацијата и услугите да ги испорачувате онлајн. Не гледајте на периодов само како закана поради која мора да го прилагодувате работењето туку како можност за долгорочно подобрување на севкупната грижа за корисниците. Вашите задоволни корисници се гаранција за стабилна компанија!

Излезете посилни од кризата

Работата на развој е најдобар начин како посилни и со поквалитетни услуги, производи и знаење да излезете од вонредната ситуација. Кризата не е период во кој треба само да седиме со скрстени раце и да се молиме што побрзо да заврши. Бидете проактивни и носете храбри одлуки. Ви стоиме на располагање за било какви прашања и консултации. Закажете бесплатен консултативен разговор!