fbpx

Проблемите и предизвиците со кои се соочуваме поради кризата предизвикана од Ковид-19 можат да бидат одлична можност за започнување на нов бизнис. Во суштина, секој проблем претставува одлична прилика доколку имаме добра идеја и визија да го подобриме квалитетот на животот на нашите потрошувачи. Доколку не би постоеле проблеми, луѓето не би имале потреба од ниту еден производ ниту услуга. Искористете ја кризата со Ковид-19 за нов почеток. Во продолжение прочитајте зошто да започнете Старт-ап бизнис во време на Ковид-19:

Секоја криза продуцира нови потрошувачки трендови

Масовниот светски карантин и работењето од дома значително ги промени потрошувачки навики, па дел од компаниите беа приморани да направат промени во бизнис моделот и начинот на функционирање. Сите овие нови трендови креираат многу можности за почеток на нов бизнис. Сепак, мора да бидеме свесни дека дел од потрошувачките трендови ќе завршат после кризата. Успешноста на еден старт-ап во голема мера зависи од способноста на претприемачот долгорочно да ги предвиди трендовите. Направете детална анализа. Креирајте стабилен бизнис модул кој ќе го освои периодот кој следува.

Сега е вистинско време за храбри одлуки! Во период кога домашната и светската економијата значително се реформира бидете еден од играчите кои ќе донесат храбри одлуки. Можеби сега е најдобро време да ја реализирате идејата која долго време сте ја чувале во себе или на хартија.

Искористите ги можностите од институциите

Почетниот капитал многу често е главината пречка зошто многу потенцијални претприемачи никогаш не се одлучуваат да ги реализираат своите идеи преку старт-ап бизнис. Затоа мудра одлука е да се искористи некоја од програмите и на проектите кои ги нудат државните институции или невладините организации. Ова се дел институции и организации каде може да побарате грант за Вашиот нов старт-ап:

Исто така, постојат и инкубатори и акцелератори, каде може да добиете бесплатно користење на простор, компјутер, телефон, интернет, услуги на правник, сметководител и да добиете бесплатна едукација одредени вештини, искуство и знаење што е практично применливо:

старт-ап

Креирајте издржан и стабилен бизнис план

Не можете да изградите куќа доколку претходно не ја замислите во главата а потоа истото не го пренесете на хартија. Исто е и со бизнисот. Добриот бизнис план, значи дека сте обврзале да изградите стабилен бизнис на здрави темели. Ова се клучните столбови на кои треба да се заснова Вашиот бизнис план:

  1. Резиме
  2. Лична карта
  3. Опис на бизнисот
  4. Производствен план
  5. Маркетинг план
  6. План за организација и кадри
  7. Правно законска проблематика
  8. Финансиски план
  9. Анализа на ризичноста
  10. Анекси на бизнис планот

Софтверска интеграција

Една од најголемите грешки кои ја прават новите компании е одложувањето на имплементацијата на софтверското решение со образложение дека компанијата прво треба да застане на здрави нозе. Вистината е дека Ви е потребен квалитетен софтвер за побрзо да застанете на здрави нозе. Не постои ниту една успешна компанија која нема добра база. Доколку не ја поставите компанијата на здрава основа, евидентно е дека ќе имате турбулентни периоди. Куќата секогаш се гради од темелот! Во бизнисот, базата на податоци е основа на една сериозна компанија. Темелната документација е една од клучните разлики кои ги дели успешните претприемачи од останатите. Бидете дел од успешните! Можеме да ви помогнеме во процесот на софтверска интеграција. Закажете бесплатен консултативен разговор!

Верувајте во вашата идеја

Сите овие анализи и предлози значително ќе Ви помогнат во реализирање на Вашата идеја за нов старт-ап. Сепак, нема да имате никаква корист од нив доколку Вие самите не верувате во истата. Размислувајте како победник! Закажете бесплатен консултативен разговор!