Нови законски промени. Веќе го имате побарано програмерот неколку пати. Се уште чекате термин да ги направи потребните законски промени. Клиентите се нервозни. Вработените не можат да земат плата… Сигурно ова Ви се случило повеќе пати во текот на Вашиот деловен живот. Заборавете повеќе на ова. Постои компанија која работи на поинаков начин! Конечно имате можност сите законски промени да ги добиете уште пред да помислите да го побарате програмерот!

Корисниците на Helix успешно ги користат последните законски промени:

Законска промена 89: Ограничување на износ на фискална сметка до 180000 ден. за плаќање во готово

Со Законот за дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на РСМ“, бр. 275/19 година) забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги, ќе се однесува на готовински плаќања во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Над износот од 3.000 евра во денарсака противвредност наплатата ќе може да се изврши со платежни картички или со упатување на купувачот плаќањето да го изврши преку банка.

Законска промена 88: Нови стапки за пресметка на придонеси за плата

Врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2020 година, се променети и тоа за следните придонеси:

  • Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување
  • Придонес за задолжително здравствено осигурување
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци

Сите стапки, и целата законска промена можете да ја погледнете тука.

законски промени

Законска промена 87: Нови стапки на данокот на личен доход

Со Законот за изменување на законот за данокот на личен доход (Службен весник на РСМ бр.275 од 27.12.2019 година) од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2022 година НЕМА да се применуваат стапките по кои во 2019 година, се пресметуваше и плаќаше данокот на доходот за следните видови на доход:

  • Доход од работа,
  • Доход од самостојна дејност,
  • Доход од авторски и сродни права,
  • Доход од продажба на сопствени земјоделски производи,

Сите детали околу новите законски промени можете да ги погледнете тука.

Работете секогаш согласно законите. Одберете компанија која се грижи за вас!

Изберете сигурен софтверски партнер!

Колку и да имаме квалитетни вработени и професионалци, сепак факт е дека човековиот фактор секогаш е подложен на грешки. Затоа многу важно е да поседувате сигурно софтверско решение како главен коректор на сите пропусти во работењето. Исто така, доколку сакате да ја олесните работата на Вашиот сметководител, и да му помогнете да се посвети на работата за која навистина го плаќате, од есенцијална важност е софтверското решение да има можност за автоматско поврзување со државните институции. Дали Вашиот софтвер овозможува комплетно автоматско поврзување со МПИН софтверот на УЈП? Дали даночните пријави и завршните пресметки Ви се достапни со само неколку клика?  Дознајте како може да направите конекција!

Вие бидете решението

Колку и да зборуваме за принципи и совети како да го решите проблемот со инспекциите и да го поставите Вашиот бизнис на здрави темели, сепак вистинската сигурност лежи во Вас самите. Донесете правила одлука уште денес! 

Договорете бесплатен термин!