Тимот на Зонел Софтвер континуирано ги следи најновите законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истата ја имплементира во HELIX. Имплементирани се три нови Законски измени согласно најновите измени во законската регулатива со важност од 01.01.2020 година:

Законска 89 (01.01. 2020): Ограничување на износ на фискална сметка до 180000 ден. за плаќање во готово

Со Законот за дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на РСМ“, бр. 275/19 година) забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги, ќе се однесува на готовински плаќања во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Над износот од 3.000 евра во денарсака противвредност наплатата ќе може да се изврши со платежни картички или со упатување на купувачот плаќањето да го изврши преку банка.

Законска 88 (01.01. 2020): Нови стапки за пресметка на придонеси за плата

Врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2020 година, се променети и тоа за следните придонеси:

  • Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување
  • Придонес за задолжително здравствено осигурување
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/641)
Вид на придонес Стапка
2020
Стапка
2019
Стапка
2018-2010
Стапка
2009
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18,8% 18,4%  18%  19%
Задолжително здравствено осигурување 7,5% 7,4% 7,3%  7,5%
Дополнителен придонес за здравствено осигурување
за случај на повреда на работа и професионално заболување
0,5% 0,5%  0,5%  0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2% 1,2% 1,4% 1,4%
Придонес за стажот на осигурување
што се смета со зголемено траење
Стапка
2020
Стапка
2019
Стапка
2018-2011
Стапка
2010
Стапка
2009
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 9,4% 9,20% 9%  9%  9,50%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 7,83% 7,67% 7,5%  7,5%  9,92%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 6,27% 6,13% 6% 6%  6,33%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 4,7% 4,60% 4,5% 4,5% 4,75%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци 3,13% 3,07% 3% 3% 3,17%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци 1,57% 1,53% 1,5% 1,77% 1,77%

Законска 87 (01.01. 2020): Нови стапки на данокот на личен доход

Со Законот за изменување на законот за данокот на личен доход (Службен весник на РСМ бр.275 од 27.12.2019 година) од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2022 година НЕМА да се применуваат стапките по кои во 2019 година, се пресметуваше и плаќаше данокот на доходот за следните видови на доход:

  • Доход од работа,
  • Доход од самостојна дејност,
  • Доход од авторски и сродни права,
  • Доход од продажба на сопствени земјоделски производи,
  • Доход од права од индустриска сопственост,
  • Доход од закуп и подзакуп,
  • Доход од капитал,
  • Капиталните добивки,
  • Доход од осигурување, и
  • Друг доход

Пресметката и плаќањето на данокот на доходот за 2020, 2021 и 2022 година ќе се врши по стапка од 10%, за следните видови на доход:

Вид на доход Даночна стапка
Доход од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход  10%
Доход остварен до добивки на игри на среќа  15%

За повеќе детали околу оваа  Законски измена имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.