fbpx

Како се чувствуваат гостите во Вашиот хотел не зависи секогаш од тоа колку ѕвезди има хотелот, или пак од тоа колку имате финансии да инвестирате во истиот. Во продолжение Ви ја откриваме тајната за успешното водење на хотели:

Дали е до цената?

Честопати, помалите хотели главниот атрибут по кој се надеваат дека ќе привлечат гости е пониската цена и најдобрата понудата. Ова секако, игра голема улога при изборот на хотел, но сепак запрашајте се дали сте единствениот хотел во градот со таа цена?! Факт е дека, единствен начин да ја победите конкуренцијата е Вашето чувство за оригиналност и креативност. Бидете елоквентни! Одберете елегантен начин на водење на Вашиот хотел! Можеме да Ви помогнеме! Побарајте термин за консултативен разговор!

Ѓаволот е во деталите!

Малите детали со кои гостинот секогаш ќе се чувствува дека е важен ќе направат многу повеќе од вештачко креирање на гламур. Без разлика колку соби имате, дали Вашиот хотел има и други услуги како спа, фитнес, сауна, мини бар… или пак е само преноќевалиште внесете топлина во секој мал сегмент. Одберете вработени со пријатна и топла енергија секогаш спремни да ги услужат клиентите. Мали подароци, интересен избор на ентериерни додатоци, секогаш убаво опремени бањи со сите важни и неважни додатоци, свеж изглед и мирис во собите … е сигурна победа за сите.

Хотел

Каков софтвер треба да одберете?

Сериозна компанија правилно го документира секој процес од работењето. Изборот на софтверското решение многу кажува за Вашиот став и визија за Вашиот хотел. На што треба најмногу да обрнете внимание при изборот на идеалниот софтвер за Вас?

  • Изберете компанија а не производ! Потребно Ви е компанија која се грижи за Вас. Во софтверската дејност ова е најважната работа по која се разликуваат компаниите. Многу повеќе време потрошите во истражување на компанијата отколку барање на недостатоци во решението. Проверете колку долго е на пазарот, колку клиенти има, побарајте позитивни или негативни искуства од нивните клиенти. Денес е лесно да се направи софтвер, услугата како поддршка и одржување е прашање на сериозност и посветеност на компанијата и тоа е она што најмногу Ви треба.
  • Можност за развој! Денеска со развојот на технологијата, промените во хотелскиот бизнис се случуваат секојдневно. Спремноста на компанијата да го развива решението и да инвестира во Вашиот бизнис обидете се да ја откриете уште на првиот состанок. Не е на одмет и да прашате дали компанијата има план за развој и како до сега се реализира тој план.
  • Едноставно решение! Доколку Ви изгледа премногу сложено на прв поглед, многу веројатно е дека тоа не е решение за Вас. Одберете решение на кое Вашите вработени ќе работат со леснотија.

Беспрекорна врска со ресторанот и сметководството!

Еден софтвер во хотелот, друг во ресторанот, трет во магацин, четврт во сметководство… ова е најлошата комбинација која што можете да ја изберете! При изборот на софтверот за хотелско работење, без разлика дали во моментов имате ресторан и внатрешно сметководство одберете компанија која може да Ви понуди комплетна понуда за сите сегменти или проблематики со кои се соочувате во моментов или би се соочувале во иднина. Успешноста на една компанија најмногу зависи од тоа каква врска имаат воспоставено меѓусебно сите вработени и сите сектори. Победата е во правилна информација во правилно време!

Helix Hнови стандарди во хотелското работење!

Конечно решение во хотелскиот бизнис прилагодено на сите Ваши барања! Заборавете на сложени системи во кои не можат да се снајдат Вашите вработени.

  • Наједноставно регистрација на гости, без разлика дали е групна или поединечна.
  • Водете целосно досие за Вашите гости.
  • Отсега ќе имате можност за пополнување на извештајот на МВР за домашни и странски гости директно на Вашиот софтвер!
  • Одиграјте паметно. Вашиот хотел и ресторан треба да дишат како едно!
  • Имаме решение како да го водите Вашиот спа центар, фитнес центар, мини бар, сите сали… и сето тоа автоматски поврзано со Вашето сметководство.
  • Коригирајте ги сите слабости во работењето! Подготвивме моќен комерцијален извештај за сите услуги во Вашиот хотел.
  • За да не мора да ги евидентирате Вашите гости двојно, само за Вас, воведовме можност за интеграција со паметен систем за греење и ладење со кој ќе ја штедите енергијата и нервите.
  • Одберете нов стандард во работењето! Стандардот се гради преку искрено пријателство! Направете го Вашиот хотел место за Вистинско уживање на Вашите гости! Побарајте бесплатна демо верзија уште денес!