Политичката криза стана секојдневие во нашата земја. Честитите кризи и предвремени избори создаваат неспокој кај бизнисмените и деловните луѓе. Влијанието на политиката во економијата е преголема за да можат компаниите да останат рамнодушни на секоја политичка криза. Дали сте целосно беспомошни? Дали треба да останете со скрстени раце? Како може да влијаете? Подготвивме одговор на сите прашања кои Ве измачуваат периодов. Во продолжение прочитајте како да реагирате во време на политичка криза:

Стравот е најголемата кочница!

Ниту една позитивна работа низ историјата не била креирана со страв. Можеби еден од главните проблеми е тоа што најголем дел од компаниите во време на политичка криза се плашат од нови проекти, инвестиции, зголемување на бројот на вработени или зголемување на производствениот капацитет. Со други зборови, компанијата се плаши да расте! Стравот многу често е поголем проблем и од самата криза. Успехот ги следи храбрите. Политичката криза и заспаната економија можеби е одлична можност да ги реализирате плановите за развој кои долго време Ви стојат во фиока. Победниците секогаш напредуваат во услови на криза. Победете ја политичката кризата во работа а не во исчекување и емоционално измачување! Закажете бесплатен консултативен разговор!

Направете анализа на што може да влијаете

Политичката криза е надворешен фактор на кој Вие и не можете да влијаете. Оттаму апсурдно е да трошите премногу време и да седите пред телевизорот и да се навивате кога ситуацијата ќе се подобри. Анализата е основа за секој успешен бизнис. Храброста не значи дека треба да реагирате брзоплето без темелна анализа и јасно дефиниран план. Не мора да бидете камиказa за да бидете храбри! Понекогаш сме толку преокупирани со политичката криза што не ги гледаме останатите надворешни влијанија. Лошата состојба е секогаш можност за ново решение кое ќе го понудите на клиентите. Уметникот често своите најуспешни дела ги создава во период на апатична состојба. Претворете ја кризата во Ваша најголема предност!

Политичка криза

Свртете се кон себе!

Доколку не гледате поволна можност да ги искористите надворешните влијанија – свртете се кон себе. Кога последен пат сте направиле темелна анализа на сите внатрешни фактори во Вашата компанија? Ако Вие немате слика за сопствениот бизнис, кој треба да има?! Една од клучните анализи кои треба прво да ги направите е промет на производи по месеци и периоди. Често економската криза е резултат на погрешна политика околу тоа за кој производ во кој период треба да направиме кампања. Ова исто така повлекува можност за грешки во нарачките, расипување на производите, како и погрешен фокус. Исто така, многу Важна е анализата на клиентите и нивното однесување. Ќе се изненадите колку енергија трошите на некои клиенти кои и не Ви носат некаква заработка. Можеме да Ви помогнеме да направите моќна анализа. Закажете бесплатен консултативен разговор!

Кога не знаеш што да правиш – продавај!

Се чувствувате беспомошно? Немате веќе енергија да се борите со клиентите и државните институции? Веќе и не Ви се оди на работа? Не знаете што да правите со Вашиот бизнис? Има само еден лек! Продавајте повеќе! Нешто ако може експресно да Ве извлече од кризата е зголемената продажба. Но, како да ја зголемите продажбата? Креирајте стратегија! Продажен сектор без стратегија е како спортска екипа која влегува во натпревар без анализа на противникот, сопствените слабости и без никаква тактика. Поразот е неминовен. Голем број успешни македонски компании веќе долги години го користат Helix како сигурен систем за зголемување на продажбата. Работете мудро а не напорно! Побарајте бесплатна демо верзија!

Победниците напредуваат во време на криза!

Кризата не секогаш го одерува успехот на Вашиот бизнис. Понекогаш само една одлука е доволна за го промените курсот на движење на Вашата компанија. Победниците носат правилни и храбри одлуки, токму кога работите не се движат најдобро. Донесете победничка одлука! Закажете бесплатен консултативен разговор!