fbpx

Финансиското здравје е еден од најдобрите показатели за потенцијалот на Вашиот  бизнис за долгорочен раст. Анализите укажуваат на тоа дека сопственици на компаниите кои имаат доволно познавања на деловните финансии, имаат компании со поголеми приходи и профит, повеќе вработени и генерално поголем успех. Првиот чекор кон подобрување на финансиската писменост е да направите финансиска анализа на Вашиот бизнис. Правилната анализа се состои од неколку клучни области, секоја област  содржи свој сет на податоци и коефициенти.

Приходи

Приходите веројатно се главниот извор на готовина на Вашиот  бизнис. Количината, квалитетот и тајмингот на приходите може да го одреди долгорочниот успех на Вашиот бизнис.

  • Раст на приходите

 (приход во овој период – приход во претходниот период) ÷ приход во претходниот период

При пресметување на растот на приходите, не ги вклучувајте еднократните инцидентни приходи. Ваквите приходи може да ја нарушат прецизноста на оваа анализа.

  • Концентрација на приходите

приходи од клиент ÷ вкупни приходи

Ако еден клиент генерира висок процент од Вашите приходи, може да се соочите со финансиски потешкотии доколку тој клиент престане да купува. Ниту еден клиент не смее да претставува повеќе од 10 проценти од Вашите вкупни приходи.

  • Приход по вработен

приход ÷ просечен број на вработени

Овој сооднос ја мери продуктивноста на Вашиот  бизнис. Колку е поголем односот, толку подобро.

Добивка

Ако не можете постојано да создавате квалитетен профит, Вашиот  бизнис може да не преживее на долг рок.

  • маргина на бруто добивка

(приходи – набавна цена на продадена стока) ÷ приходи.

Здравата маргина на бруто добивка ви овозможува да ги  апсорбирате турбуленциите  кај приходите или кај набавната цената на продадената стока без да ја изгубите способноста да ги исплатите тековните трошоци.

  • Маргина на оперативна добивка

(приходи – трошоци на продадени добра – оперативни трошоци) ÷ приходи.

Оперативните трошоци не вклучуваат камати или даноци. Ова ја одредува способноста на Вашата компанија да оствари профит, без оглед на тоа како ги финансирате операциите. Колку оваа маргина е повисока, толку подобро.

  • Нето профитна маргина

(приходи – трошоци на продадени добра – оперативни трошоци – сите други трошоци) ÷ приходи.

Ова е она што останува за реинвестирање во Вашиот  бизнис и дистрибуција до сопствениците во форма на дивиденда.

Оперативна ефикасност

Оперативната ефикасност мери колку добро ги користите ресурсите на компанијата. Недостаток на оперативна ефикасност доведува до помал профит и послаб раст.

  • Сооднос на промет со побарувања

нето продажба ÷ просечни побарувања од клиентите

Ова мери колку ефикасно управувате со кредитот што им го давате на клиентите. Поголем број значи дека Вашата компанија добро управува со кредитот; помал број е знак за предупредување дека  треба да го подобрите начинот на собирање на долговите од клиентите.

  • Промет на залихи

вредност на продадена стока ÷ вредност на просечната залиха

Ова мери колку ефикасно управувате со залихите. Поголем број е добар знак; помал број значи дека или не продавате добро или произведувате (набавувате) премногу за моменталното ниво на продажба.

Ликвидност

Анализата на ликвидноста се однесува на Вашата способност да генерирате доволно средства за покривање на трошоците. Ниту еден износ на раст на приходите или профитот не може да ја надомести слабата ликвидност.

  • Моментален однос

тековни средства ÷ тековни обврски

Ова ја мери Вашата можност да ги отплатите краткорочните обврски. Вредност помала од 1 значи дека Вашата компанија нема доволно ликвидни ресурси за да го стори тоа. Односот над 2 е најдобар.

  • Каматна покриеност

заработка пред камата и данок ÷ трошоци за камата

Ова ја мери Вашата способност да  ги исплатите каматите од готовината што ја генерирате. Вредност помала од 1,5 е причина за загриженост на Вашите заемодавателите.

Основа за споредба

Последниот дел од финансиската анализа е да се воспостави соодветна основа за споредба, за да може да утврдите дали перформансите се  во рамките на соодветните параметри. Ова важи за секој од поединечните параметри погоре спомнати, како и за Вашата вкупна финансиска состојба.

Првата почетна основа е минатото на Вашата компанија, за да утврдите дали Вашата финансиска состојба се подобрува или се влошува. Обично, изминатите три години на се доволни, но ако е имате пристап до постари податоци, треба да ги користите и нив. Споредбата на Вашата финансиска состојба во минатото и сегашноста исто така ви помага да забележите трендови. Ако, на пример, ликвидноста постојано се намалува, мора да размислувате да направите промени.

Втората почетна основа се вашите директни конкуренти. Ова може да обезбеди важна проверка на реалноста. Да се има раст на приходите од 10 проценти на годишно ниво може да звучи добро, но ако конкурентите растат со 25%, тоа ги нагласува Вашите лоши перформанси.

Закажете бесплатен консултативен разговор!

Моќно решение за моќна анализа

Најчесто компании поради брзиот начин на функционирање на бизнисот денес, многу малку време посветуваат на анализа и извештаи. И тоа е основен и главен проблем за стагнација на бизнисите. Сѐ би било поинаку кога овие анализа и споредби не би одземале премногу време и ресурси. Сѐ би било поинаку кога сето ова би можеле да го направите само со неколку клика. За среќа, денес постои такво решение. Моќен систем со кој ќе можете да направите ефикасна споредба на Вашиот бизнис за оваа и сите изминати години. Споредба каде сте Вие, а каде конкуренцијата.. Анализа каде се движи Вашиот бизнис, што треба да подобрите, што треба да промените…?

Пробајте бесплатно како функционира овој систем на следниот линк: Преземете бесплатна демо верзија.