1. Поголема брзина значи поголем капацитет

Каде е моќта на сметководителот? Една производствена компанија ако сака да расте, го зголемува производствениот капацитет. Како може едно сметководствено биро да го зголеми капацитетот, покрај зголемувањето на бројот на вработени? Како да опслужите повеќе клиенти? Ако сметководственото работење го споредиме со производство ќе заклучиме дека брзината на работењето е всушност главната моќ на еден сметководител.

2. Паметна одлука за завршните пресметки

Периодот на завршни пресметки е ноќна мора за сметководителите. И покрај тоа што денеска постојат повеќе програми кои имаат автоматско креирање на завршна сметка, сепак, далеку од тоа дека сметководителите имаат полесна работа. Внимавајте при изборот на софтверско решение. Ако сакате елегантно да го поминете периодот на завршни сметки, повеќе време поминете во истражување на софтверската компанија отколку на самото решение. И најдобриот софтвер без соодветна поддршка не значи ништо во периодите на зголемен обем на работа или завршни пресметки. Побарајте бесплатна демо верзија од програмот кој го користат најмногу сметководители во земјава!

3. Слобода во работењето

Денеска постојат на пазарот голем број софтверски компании кои нудат решенија кои имаат автоматско книжење и ветуваат дека значително ќе го забрзаат Вашето работење. И вистина е дека кога работењето е автоматско, логично е да се завршува работата побрзо. Сепак, секогаш постои дилема дали ова е најдобриот и најсигурен начин на книжење? Дел од поискусните сметководители се уште се потпираат на старото и според нив најсигурно рачно книжење, најмногу поради слободата и различната логика на работење на сите сметководители.  На крајот се сé сведува на тоа дека потребно е автоматско книжење кое сепак не е автоматско. Кое книжење е најбрзо? Прочитајте тука.

4. Поврзете се со клиентите!

Одлична можност за сите сметководители! Поврзете се со сите Ваши клиенти! Сега! Со автоматското преземање на целокупното работење на Вашите клиенти можете да ги намалите вашите работни обврски и до 80 % ! Тоа значи повеќе време за вашето семејство и пријатели. Тоа значи фокус на развој на Вашата компанија. Тоа значи дека сте на вистинскиот пат! Одберете стабилна врска со Вашите клиенти! Побарајте повеќе информации како да се поврзете со клиентите.

5. Одберете решение кое ќе Ве инспирира на раст

Имаме решение како да го забрзате Вашето работење до неверојатни 100 проценти. Дуплирајте го бројот на вашите клиенти за само една година! Сметководството е бизнис кој исто така може да расте! Одберете софтвер кој ќе Ве инспирира на раст!  Закажете бесплатен консултативен разговор!