fbpx

Започнувањето на нов бизнис e возбудлив и креативен процес. Сепак, сопствениците на старт-ап компаниите треба да бидат многу внимателни со своите планови и визијата за компанијата која треба да биде поставена на реална основа. Деловниот свет е место каде не смеете да грешите премногу. Еден од клучните сегменти е имплементација на  софтверското решение. Во продолжение прочитајте кога е вистинско време за имплементација на софтвер:

Куќата се гради од темелот!

Една од најголемите грешки кои ја прават новите компании е одложувањето на имплементацијата на софтверското решение со образложение дека компанијата прво треба да застане на здрави нозе. Вистината е дека Ви е потребен квалитетен софтвер за побрзо да застанете на здрави нозе. Не постои ниту една успешна компанија која нема добра база. Доколку не ја поставите компанијата на здрава основа евидентно е дека ќе имате турбулентни периоди. Куќата секогаш се гради од темелот! Во бизнисот, базата на податоци е основа на една сериозна компанија. Темелната документација е една од клучните разлики кои ги дели успешните претприемачи од останатите. Бидете дел од успешните!

Закажете бесплатен консултативен разговор!

Победете го стравот од инспекции!

Проблемите со законите се чести причини за финансиски проблеми на компаниите па некогаш дури и за нивно згаснување. Многу често недоволното познавање на законите и нивните промени е фатално за старт-ап компаниите. Без разлика дали ќе одлучите почесто да контактирате со адвокатот, сметководителот или пак ќе вложите во софтверско решение адаптибилно на сите законски промени, факт е дека успехот лежи во добро реализирано сојузништво. Партнерство со стабилна и сигурна софтверска компанија е најсигурен начин дека Вашите вработени сите операции од работењето ќе ги извршуваат согласно сите законски нормативи. Дали Вашиот софтвер овозможува комплетно автоматско поврзување со МПИН софтверот на УЈП? Дали даночните пријави и завршните пресметки Ви се достапни со само неколку клика? Дали сте комплетно сигурни во точноста на работењето доколку утре тропне инспекција на Вашата врата?

Дознајте како може да направите конекција!

имплементација

Креирајте победнички план!

Сиромашни извештаи значи сиромашен бизнис! Не можете да се подобрите доколку не знаете каде сте сега. Приближување на реалната до големата слика за компанијата единствено е можно преку квалитетни извештаи и анализа. Во спортот екипата која подобро ги анализира противниците секогаш победува. Креирајте ја Вашата победничка стратегија! Каков бизнис имате во голема мера зависи од тоа какви извештаи генерира Вашиот програм за материјално и комерцијално работење. Можеме да Ви помогнеме како да ги обезбедите сите потребни извештаи за раст на Вашиот бизнис!

Креирајте го Вашиот победнички план!  

Успешните луѓе штедат!

Штедење на значи да ги чувате парите во сеф. Паметно инвестирање на времето и останатите ресурси е единствен начин како да воспоставите долгорочен систем на штедење. Ако барем само мал дел од процесите во работењето ги усовршите на повисоко ниво значи дека долгорочно сте заштедиле цело богатство. Имаме план кој ќе Ви помогне како да ги заштедите најважните ресурси. Заштедете ги Вашите пари и нерви!

Закажете бесплатен консултативен разговор!