fbpx

Како сопственик на бизнис, секогаш барате начини да ги намалите трошоците.

Се разбира, намалувањето на трошоците Ви помага да го зајакнете протокот на пари. Како сопственик на бизнис, знаете дека протокот на готовина е важен. Бизнисот кој има стабилен и постојан проток на готовина може да напредува. Негативниот готовински тек, од друга страна, предизвикува пропуштени можности и огромен личен стрес.

Добра вест: има брзи чекори за подобрување на протокот на готовина и намалување на трошоците. Овие едноставни стратегии можете да започнете да ги користите веднаш. Во оваа статија, тимот на експерти за сметководство и финансии споделува практични совети кои ќе Ви помогнат да го контролирате протокот на пари и подобро да управувате со Вашите деловни финансии.

1. Редовно анализирајте ја Вашата финансиска состојба

Кога последен пат ги разгледавте деловните финансии? Истражувањата сугерираат дека образованието за управување со паричните текови треба да биде клучен приоритет на малите бизнис.

Подобрувањето на управувањето со Вашиот проток на готовина започнува со разбирање на финансиските извештаи за Вашиот бизнис.

Разгледајте ги вашите трошоци и запрашајте се:

  • Дали ми требаат сите овие услуги?
  • Дали има поевтини алтернативи?

Прегледајте ги Вашите месечни трошоци и преговарајте со компаниите за можно намалување на трошоците, како што е осигурувањето, на пример. Осигурителните компании секогаш се подготвени да преговараат за подобри стапки.

Карвин Гордон, финансиски сметководител

2. Секогаш барајте попусти кај добавувачите

Добивањето на добра понуда, долгорочно прави голема разлика.

Барајќи попусти од добавувачите, можете брзо да ги намалите Вашите трошоци.

Многу добавувачи нудат пониска цена по единица за редовни клиенти и поголеми нарачки, а други нудат попусти за предвремена исплата. Прашајте го Вашиот добавувач ако не сте сигурни. Ако сте долгогодишен купувач, Вашиот продавач веројатно ќе размисли да Ви понуди попуст дури и ако тоа не е јасно наведено.

Дури и ако овие заштеди изгледаат навидум мали, тие на долг рок прават видлива разлика во вашиот тек на готовина.

трошоци

3. Не создавајте големи залихи

Купувањето на големо може да Ви помогне да ги намалите трошоците … но тоа не е секогаш така.

 Исто така, може да изгубите пари. Некои компании имаат тенденција да прават преголеми залихи, не земајќи ги предвид трошоците за складирање на овие добра или можноста залихите да застарат.

Залихата е исто така врзан готовински тек, кој потенцијално можеше да се искористи поефикасно на поинаков начин. Бизнисмените треба да се обидат да имаат што помалку залихи на располагање и да нарачаат поголеми количини само ако се понуди попуст, а компанијата е сигурна дека ќе се продава стоката.

4. Споредба на понудите

Кога сте во потрага по нов добавувач, споредете ги понуди. Потрошеното време за споредба на цени, може да ви донесе подобра зделка.

Откако ќе ја добиете фактурата, споредете ја со првичниот понуда. Секогаш проверувајте ги фактурите од добавувачите и цената на понудата.

5. Инвестирајте во софтвер и технологии

Има одредена вистина во старата поговорка: „Времето е пари“.

Ова е особено релевантно за мали и средни бизниси. Размислете колку време поминувате Вие и Вашиот тим за правење мануелни, повторливи задачи.

Инвестирајте во софтвер кој ќе Ви помогне во заштеда на време во секојдневните активности за да можете да ги спроведете деловните активности од претходно наведените точки.

Софтверскиот пакет HELIX е тука за Вас да Ви даде брз и точен одговор на следниве прашања:

  • Кој се вашите најпродавани производи
  • Кој производ Ви носи најголем профит
  • Периоди во годината кога одредени производи најдобро се продаваат
  • Максимални и минимални количини на залиха од одреден производ
  • Кој клиент Ви носи најголем профит
  • Како плаќаат Вашите клиенти

Направете анализа уште денеска, детектирајте  ги сите слабости во вашата палета на производи, направете промени и едноставно уживајте како расте Вашата банкарска сметка.

Дали е толку едноставно? Да! Единствено квалитетната анализа и промените после истата ќе Ве однесат едно скалило погоре.

Доколку целиот тој процес би можел да се сведе само на еден клик со маусот сигурно дека би биле заинтересирани. Дали постои такво решение? Да! Ве интересира како? Закажете бесплатна презентација тука и добијте бесплатен совет како да направите моќна анализа! Дознајте како преку 1 900 македонски компании го развија својот бизнис. Станете дел од успешните!