Сметководствениот софтвер може да овозможи брз поврат на инвестицијата  за мали и средни производствени компании кои бираат да инвестираат во квалитетен систем. За многу  производствени компании, придобивките од интегриран софтвер  значат позасилени контроли и стандардизирани податоци за производството кои овозможуваат тоа да се оптимизира. Софтверот исто така овозможува  подобра контрола врз залихата и синџирот за снабдување воопшто.

Но постојат и други критични сектори во секоја производствена компанија кои исто така имаат големи  придобивки од квалитетен и флексибилен софтвер. Една од клучните области која не секогаш е во фокусот а сепак во голема мера има придобивки од имплементација на квалитетен софтвер е сметководството на една производствена компанија.

Ова се најголемите придобивки од имплементација на квалитетен софтвер за сметководството во една производствена компанија.

1. Извештаи – обезбедува податоци кои може да го предвидат поведението и да ги препознаат шемите на бизнис процесите во претпријатието. Овие податоци се употребуваат во различни процеси од бизнисот, како што се продажба, маркетинг, синџирот за набавки, како и производство. Со ова се креира сеопфатна слика која овозможува сметководството да има целосен поглед од 360 степени врз финансиските текови. Користењето на стандардизирани податоци им овозможува да имаат пристап до податоци кои не се веднаш достапни на друго место и им помага за подобра прогноза и справување со ризиците.

2.Подобрени работни процеси Сметководствените сектори имаат работни процеси како и производствените сектори. Софтверот може да ги автоматизира задачите во рамките на работните процеси кои што се однесуваат на книжење, ревизија,  изработка на биланси,….. Поради тоа што овие функции се автоматизирани, веќе не е потребно време за да се собираат и анализираат податоци, па сметководствените менаџери може повеќе да се фокусираат на задачи со поголема вредност.

3. Заштеда – софтверот им заштедува пари на сметководствените сектори преку намалување на оперативните трошоци. Преку автоматизирањето на сметководствените процеси се намалува потребниот труд. Се на се, разни студии покажале дека квалитетно софтверско решение во просек заштедуваат 10-15% од оперативните трошоци, а сметководствените функции се вклучени во оваа пресметка.

4. Централизирано сметководство – ги интегрира и централизира податоците со што овозможува менаџирање со сметководството од една локација. Тоа ги намалува трошоците преку отстранување на излишни системи од различни локации. Ова овозможува подобро дефинирање на буџетот и распределба на трошоците за репроматеријали, работна рака и други придружни трошоци. Тоа исто така помага во менаџирање со текот на готовина и распределување на капиталот бидејќи податоците кои се употребуваат се во согласност со производствените барања.

5. Финансиски менаџмент – софтверот функционира и како систем за финансиско управување. Ова му овозможува на секторот да ги следи приходите, да одобрува кредитни лимити на клиентите и прецизно да управува со распоредот за плаќање на клиентите. Многу компании работат со 30, 60, 90 или 120-дневни термини за плаќања. Системот овозможува да се следат плаќањата, наплатата и приходите. Исто така, помага да се креираат извештаи за анализа на трошоците, следење на фактури и буџетирање.

смектовдствен софтвер

6. Меѓу-функционална оперативност – Многу компании користат различни системи за клучните активности. Во овие компании, финансиите, производството, одржувањето и ланецот на залихи и снабдување – сите можат да имаат свој посебен софтвер. Ова ја намалува соработката и остава можност за погрешна комуникација. Со интегриран софтвер, податоците се стандардизираат низ сите сектори. Затоа, соработката е подобрена и секторите работат во синхронизација со сметководството. Конзистентноста на податоците создава атмосфера за соработка затоа што секој ја користи истата база на податоци

7. Намален ризик – Интегритетот на податоците е клучен во секоја компанија. Без него, напорите во производството не успеваат, а синџирите на снабдување создаваат преклопување и расипничко надминување или недостиг на производи. Истото важи и за сметководството, исто така. Со интегриран софтвер, интегритетот на податоците се дели низ компанијата. Секој има пристап до истите податоци, анализи и стандардизирани дефиниции за податоци и мерни единици.

8. Податоци во реално време – Со интегриран софтвер за сметководство, донесувањето одлуки може да се направи во реално време. Способноста да се анализираат податоците во реално време наспроти отпосле, може да направи разлика помеѓу заштедените и изгубените пари.

9. Известување за залихи – Во зависност од тоа дали производителот се занимава со изработка на поединечни делови или комплетни готови производи, или дали врши изработка по нарачка, изработка според залиха, следењето на залихите е скап дел од сите операции. Точната  залиха може да заштеди пари и може да влијае на даночната обврска, исто така, во зависност од тоа дали компанијата поседува голема залиха на репроматеријали  или готови производи.

10. Намалување на трошоците – денешното опкружување на производството е посложено од кога и да било. Со имплементирање на интегриран софтвер и вклучување на сметководството во тој софтвер, се овозможува  да се анализираат побрзо и поедноставно податоците  за точно определување на трошоците на фабриката при производството. Ваквата интеграцијата на сметководството и дава на компанијата подобра слика во реално време за  сите трошоци поврзани со производството.

За имплементација на едно софтверско решение Вас не Ви е потребен само квалитетен софтвер, уште поважно е да се одбере сигурен партнер со искуство на кој можете да се потпрете при имплементација на решението. Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер со своето искуство и знаење Ви стои на располагање да Ви ја претвори работата во задоволство.

Закажете состанок Сега!!