1. Креирајте мени на сезонска основа

Секогаш ново, свежо, ажурирано мени е многу важен сегмент за успешно менаџирање на Вашиот ресторан. Креирање на мени на сезонска основа и помага на Вашата кујна да ги одржува производите свежи и вкусни, а воедно и го олеснува процесот на набавка. Во текот на летото, на пример, праските и тиквичките се одлични додатоци за салата или предјадење. Во текот на зимата, зелената салата или пак туршијата навистина можат да го освежат Вашето мени. Постојат, многу начини како да бидете оригинални. Луѓето секогаш сакаат да пробаат нови работи. Ажурирањето на менито на сезонска основа е вистинска победа за Вашиот ресторан.

2. Создадете уникатен амбиентален простор

Сè е важно. Од осветлувањето, естетиката, просторот па до ситните елементи на масата, сè треба да биде во согласност со Вашата визија за бизнисот. Ефективниот дизајн на ресторанот има два главни елементи: релаксирачки амбиент и функционалност. Покрај тоа што Вашиот ресторан треба да зрачи топлина кај клиентите, воедно треба да биде и едноставен за чистење и одржување. Потрудете се да обезбедите доволно голем простор за складирање и функционален распоред на кујната, заедно со доволно простор за клиентите во случај доколку треба да почекаат за маса, или пак за нарачки за носење.

3. Следете ги технолошките иновации

Направете си го животот полесен со технологијата. Во последниве години, технологијата направи револуција во работењето на рестораните, обезбедувајќи им на менаџерите огромна помош во нивните секојдневни задачи како одржувањето на базата на податоци за клиентите, управувањето со резервациите и собирањето на повратните информации од гостите. Софтверско водење на материјалното и финансовото работење, системи за управување со маси, онлајн нарачки, напредни системи за известување итн., значително ја подобруваат оперативната ефикасност на Вашиот ресторан и Ви го прави животот поквалитетен.

Одлична можност: Паметен софтвер за ресторан од 360 €!

4. Редовно проверувајте ги извештаите

Со конвертирање на сметководствените податоци во дневни, неделни и месечни финансиски извештаи, менаџерот може да ги анализира операциите и да направи проактивна стратегија на ресторанот.

  • Дневните извештаи не треба да бидат комплицирани, но мора да му дадат на менаџерот некои основни информации, како на пример, дневниот извештај за готовина. Ова му овозможува на менаџерот да го следи недостатокот на готовина или вишокот на готовина со балансирање на продажбата на денот со готовинските депозити.
  • Неделните извештаи му даваат на менаџерот одреден увид во трендот на перформансите на ресторанот. Ако негативните дневни или неделни трендови не се идентификуваат, трендот, кој во суштина може лесно да се коригира, може да резултира со поголеми загуби.
  • Месечните финансиски извештаи, во најмала рака, треба да обезбедат информации за билансот на состојба и билансот на успех. Извештаите треба да овозможат точна слика за: профитабилноста на ресторанот, добивка и загуба и идентификување на можни кражби и неправилности.

Спроведувањето на овие финансиски процеси и извештаи му овозможува на ресторанот поефикасно да управува со своите трошоци и брзо да прави корекции што резултира со повисоки маржи за ресторанот.

5. Ефикасно управувајте со готовинскиот тек

Често бизнисите влегуваат во криза кога сопствениците не управуваат правилно со нивните парични текови. Плаќањата и давачките на бизнисот секогаш треба да бидат структурирани според очекуваните парични приливи. Ова е најдобриот начин да се обезбедите дека нема да доживеете привремена финансиска криза што може да доведе до голем проблем. Лошото управување со готовинскиот тек ќе го однесе Вашиот бизнис во долгови и ќе ве доведе во ситуација да не можете навреме да ги плаќате месечните плати и тековните трошоци.

6. Воведете канал за онлајн нарачки

Според истражувањата, помеѓу 59% и 63% од клиентите претпочитаат нарачки и испорака директно преку ресторанот, наместо преку други апликации. Дури 98% од клиентите користеле онлајн нарачки во текот на изминатата година, а 70% од клиентите претпочитаат онлајн нарачки во споредба со нарачка на лице место. Сите овие бројки укажуваат на тоа дека одлична инвестиција е системот за онлајн нарачки. Особено во зима и лето, поголема е веројатноста клиентите да нарачаат од Вашите одлични онлајн понуди во споредба со излегување надвор на минусни температури или пак пеколни горештини. Начинот на кој функционира денешниот модерен човек, исто така укажуваат на тоа дека онлајн продажбата е вистински погодок за Вашиот бизнис

7. Имплементирајте програма за лојалност

Во психологијата на човекот е да се чувствува дека е дел од група и дека е ценет и почитуван. Во една неодамнешна студија, 69% од испитаниците кажале  дека програмите за лојалност ги охрабруваат во одлуката за избор ресторан. Според статистиките, повратот на клиенти сочинува дури 64% ​​од бизнисот на ресторанот. Редовните клиенти носат долгорочен успех. Речиси 80% од потрошувачите сметаат дека програмите за лојалност треба да обезбедат гратис производи. Ова е добра вест за рестораните. Многу е полесно да ги контролирате вашите трошоци кога нудите бесплатно мезе или бесплатен десерт отколку да изгубите 100% од приходот од, на пример, стек бидејќи клиентот ги применил сите свои поени за лојалност на еден оброк. За да имате добра евиденција, многу важно е програмата со лојалност да Ви биде синхронизирана со Вашиот софтвер за материјално и финансово работење. Најдобра опција е кога сето тоа е во еден систем.

Побарајте повеќе информации како да интегрирате комплетен систем за ресторанско работење.