Изминатиов период беше прилично нестабилен во поглед на честите промени и покачувања на цените како и законските промени во однос на маржата за одредени производи. Во продолжение прочитајте ги овие одлични техники кои ќе Ви помогнат да управувате најдобро со ценовната политика во Вашата компанија.

Можност за масовна промена на цените!

Можноста за масовна промена на цени е многу важна доколку сакате да ги следите брзите промени. Оваа промена мора биде прецизна, навремена и ефикасна. Скоро и незамисливо е да можете успешно да менаџирате со цените доколку немате воведено систематски начин на масовна промена на цена. Најдобар начин е секако софтверска промена на цените со што ќе заштедите време, пари, нерви и дополнителни грешки и компликации. Побарајте повеќе информации како да воведете најдобар софтверски систем!

Воведете динамична промена на цените

Динамичкото одредување на цените е стратегија за цени која користи променливи цени наместо фиксни. Во неговото јадро, идејата зад динамичниот модел на цени е да се продава ист производ по различни цени на различни групи луѓе. Во пракса, трговците на мало можат да ги ажурираат своите цени секогаш кога сакаат да профитираат на променливиот пазар.

Еден од начините е динамична промена на цените базирана на групи. Во ова сценарио, компаниите користат статистички спојување за да понудат различни цени на различни групи. Ова може да биде едноставно како поделен тест A/B или пософистициран со предвидување на поголема подготвеност за плаќање врз основа на типот на производот, локацијата и демографските информации, дефинирајќи различна цена за одредена група.

Навремена информација – клуч за успех за секој бизнис

Успешното управување со цените во голема мера зависи од прецизни и навремени информации за сите сегменти од кои зависи цената. Многу е важно  да имате темелна анализа и информации за промената на цените на производите од Вашите добавувачи. Овие информации треба да бидат достапни за сите засегнати сектори во Вашата компанија.

Последна набавна цена од добавувач

Овој податок е многу важен. Потребно е Вашиот софтвер да Ве информира за промената на цената на секој производ при внесување на секоја влезна фактура. Особено во овој период кога цените на производите се менуваат буквално секој ден.

Просечна набавна цена

Покрај податокот за последна набавна цена од добавувач, многу важно е да имате податок и за просечната набавна цена на производот, како би можеле долгорочно и ефикасно да управувате со цените.

Повеќе специфики, како успешно да менаџирате со цените прочитајте тука: Управување со цени!

Дали најдовте начин како да ги спроведете новите законски измени за ограничување на маржата?!!

Овие законски измени  се врз основа на новата одлука на Владата  за посебните услови за трговијата на одделни стоки која влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ, односно на 9 март 2022 година.

Со новата Одлука се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата за следните стоки: леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња); сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло); брашно од пченица – тип 400; шеќер бел конзумен … итн.

Комплетната законска измена со сите нејзини специфики и супер предлог и начин како истата да ја имплементирате можете да прочитате тука: Ограничување на маржата на 0%, 3% и 4% за одредени производи!

Законската измена за  Ограничување на маржата на 5% и 10% за одредени производи (леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење…) можете да ја погледнете тука: Ограничување на маржата на 5% и 10% за одредени производи .

Неколку одлични техники за формирање на продажна цена

Пред да се обидете да поставите идеална продажна цена за Вашите производи мора да бидете свесни дека парадоксот е во тоа што идеална цена не постои. Затоа, поставувањето на цените со ориентација кон купувачите е многу поважно отколку обидувањето да се избере идеална цена. Најдобрата цена за Вашите производи треба да ја побарате некаде помеѓу максималната цена дефинирана од купувачите и минималната цена определена од вложените трошоци на бизнисот. Поставувањето на цените бара да анализирате повеќе информации и факти. Клучни фактори за анализа се: трошоци за производот, пазарни фактори – понуда и побарувачка, износ на продажба, цени на конкурентите, економски услови, локација на бизнисот, сезонска променливост, психолошки фактори, услови за кредитирање и попусти, чувствителност на купувачот за цената и посакуван имиџ кој сакате да го наметнете кај клиентите. Техниките како да креирате најдобра продажна цена, можете да ги прочитате тука: Како да одредите идеална продажна цена за Вашите производи?

Решение за победници!!!

Во денешно време скоро и незамисливо е успешно да менаџирате со цените без софтверска интеграција на материјалното и комерцијалното работење. Квалитетен софтвер значи дека во рацете имате алатка која Ви овозможува моќни комерцијални извештаи за најпродавани производи во различни периоди, можност за акции, попусти, сезонски попусти, групирање на производи, брз и едноставен процес на продажба, темелна документација како и автоматско поврзување со Вашето сметководство. Можеме да Ви помогнеме во креирањето на Вашата победничка формула! Побарајте повеќе информации!