Нестабилната економија и честите промени на цените на пазарот на производите може да бидат голем проблем за трговците доколку немаат навремена информација и вистинска стратегија. Ценовната политика на компанијата мора да биде заснована врз потребите на потрошувачите, но и на сите други значајни фактори што ја одредуваат конечната продажна цена. Имаме решение кое ќе Ви помогне ефикасно да управувате со честите промени на цените.

Навремена информација – клуч за успех за секој бизнис!

Успешното управување со цените во голема мера зависи од прецизни и навремени информации за сите сегменти од кои зависи цената. Многу е важно  да имате темелна анализа и информации за промената на цените на производите од Вашите добавувачи. Овие информации треба да бидат достапни за сите засегнати сектори во Вашата компанија.

  • Последна набавна цена од добавувач

Овој податок е многу важен. Потребно е Вашиот софтвер да Ве информира за промената на цената на секој производ при внесување на секоја влезна фактура. Особено во овој период кога цените на производите се менуваат буквално секој ден.

  • Просечна набавна цена

Покрај податокот за последна набавна цена од добавувач, многу важно е да имате податок и за просечната набавна цена на производот, како би можеле долгорочно и ефикасно да управувате со цените.

Еве како треба да изгледа идеален прием на производи, односно внесување производ во влезна фактура:

Моќни извештаи

За да може ефикасно да управувате со ценовната политика од витално значење е да ги имате потребните извештаи. Како се движеле набавните и продажните цени, колкава е маржата, кои се најпродавани производи… во одреден период, по денови, месеци, години… Вашиот софтвер треба да биде главна алатка во дефинирање на Вашата ценовна политика:

Брзо печатење на цени

Честите промени на цените повлекуваат со себе и серија тековни активности. Една од нив е секако печатењето на цените. Рачното изработување и печатење на цените на производите мора да го оставите во минатото, доколку сакате да сте во тек со брзите промени. Потребно е Вашиот софтвер да ги печати со само еден клик при секој прием на роба.

Едноставна нивелација на цени

Многу малопродажни компании мака мачат со нивелацијата на цените. Главната причина е бидејќи немаат соодветна систематизација. Со цел да имаме точна евиденција на продажната цена на производите во продавниците потребно е редовно да правиме ажурирање на продажните цени во малопродажните објекти. Како наједноставно да може да правите нивелации на цените може да прочитате подетално на следното упатство: Нивелација на цени.

Носете храбри и паметни одлуки

Како ќе управуваме со кризата зависи најмногу од одлуките што ги носиме! Токму во овој период е од суштинско значење да ги носиме вистинските одлуки! Одберете компанија која навистина се грижи за Вас!