fbpx

Со привршувањето на оваа за сите нас, би рекол, луда година, можеме да констатираме неколку работи. Ситуацијата во кој сите се најдовме не потсети колку ни се важни семејството, пријателите, колегите… Не научи дека сите треба да функционираме заедно, иако сме можеби физички одвоени. Меѓу другото не научи колку е важно за еден систем доброто функционирање на микро, малите и средните бизниси. И тоа е она на што сакам да се фокусирам најмногу. Тоа се продавници, бутици, ресторани, дистрибутери, услужни компании, сметководители… Ние веќе повеќе од 28 години сме заедно, токму со овие компании. Тоа е бизнис заедница од преку 1 800 задоволни корисници на Helix.

Денес, во време кога и нашиот бизнис е во исти проблеми како Вашите бизниси, одлучивме да инвестираме. Да инвестираме во Вас! Одлучивме да инвестираме 25% од сумата за имплементација на софтверот кој и оваа година е најпосакуван избор кај македонските компании. Дополнително на оваа инвестиција, за полесно да го надминеме овој тежок период, овозможуваме и два месеци гратис одржување на програмот.

Забелешка: Ваучерот Важи за оние компании кои ќе се пријават до 31.12.2020!

Ваучер

За Helix нема да зборувам многу. Веројатно веќе имате прочитано повеќе текстови, сте погледнале видеа…. можеби сте слушнале од пријатели, колеги, деловни партнери кои го користат Helix. Дел од сведоштвата можете да ги прочитате тука. Само ќе кажам неколку работи:

  • Нема веќе да се мачите со excel табели, пресметки, формули и пак да ги немате сите потребни извештаи.
  • Нема да го потрошите целиот ден во внесување на податоци во некој програм а пак на крајот на месецот да немате ништо.
  • Нема да се грижите дали инспекција ќе тропне на Вашата врата.
  • Нема веќе да имате непроспиени ноќи во периодот на завршни пресметки.
  • Нема да се грижите дали цените ќе ви испаднат шашави при правење нивелации и промена на цени.
  • Нема да се грижите дали комитентите се навремено информирани за долгот.
  • Нема веќе да го губите трагот на производите поради несоодветна следливост.
  • Нема веќе да испорачувате роба на клиенти без да имате точни информации за нивниот долг.
  • Нема да се бркате со програмерите околу сите доработки и законски измени во софтверот.
  • Нема да се грижите дали компанијата се движи во посакуваниот правец.
  • Нема да се откажете од Вашите соништа

Бидете најдобра верзија!

Helix ќе Ви помогне да ја остварите најдобрата верзија од Вашиот бизнис. А тоа го заслужувате. Бидејќи Вие сте многу важни за сите нас.

Резервирајте го Вашиот ваучер!