1.Проток на пари

Добриот проток на парите или cash flow  е една од основните за успешно водење на мали и средни претпријатија.  На друштвата им требаат парични средства за да можат да раководат со работењето, да ги плаќаат своите обврски и да им обезбедат заработувачка на своите вложувачи. Прибирањето на паричните средства не е секогаш засновано само врз редовното вршење на дејност (продажба на стоки или услуги). Често пати се земаат кредити, позајмици, се врши продажба на долгорочни материјални или нематеријални средства, се издава нова емисија на сопствени хартии од вредност и сл. Oд есенцијална важност за малите и средни претпријатија се квалитетните извештаи за паричен тек  за да знаат колку и за кои цели биле стекнати и потрошени парични средства и притоа дали тие биле ефикасно, ефективно и на најрационален начин стекнати и потрошени. Дознајте ја најмоќната  формула за успешен cash flow!

2.Добра ценовна политика

Определувањето и промената на цените е една од најважните стратешки одлуки на секоја компанија. Цената е маркетинг инструмент кој што треба да биде во хармонија со другите инструменти почитувајќи ги барањата на потрошувачот.  Флексибилната ценовна политика е сигурен начин како една мала или средна компанија најлесно може да стане конкурентна на пазарот. Пробивањето на пазарот често ќе побара од вас генерирање на различни ценовници за одредени компании или групации.  Поради ова многу важна улога во развојот игра и изборот на софтверското решение и неговата прилагодливост кон различни ценовници. Изберете уште од самиот почеток софтвер кој разбира како дише Вашиот бизнис. Мали грешки во ценовната политика акумулирани подолг период значат катастрофа за Вашиот бизнис. Донесете правилна одлука при изборот на софтверското решение!

3.Успешно менаџирање со залихите

Без оглед  дали се работи за производствено претпријатие, услужно претпријатие или се работи за трговија секое од овие претпријатија мора да држи одредени залихи. Тоа се суровини, материјали, резервни делови, готови производи… Тие не треба да се преголеми, ниту премали за да не би дошло до пореметување на производствениот процес  или пак предизвикување дополнителни непотребни трошоци. Успешните македонски компании одамна го користат Helix M како непогрешлив раководител на залихите. Погледнете тука, кои се 6-те најважни карактеристики за успешно менаџирање на залихите.

4.Секогаш работете во согласност со законските нормативи

Стравот од инспекции може да би биде кочница во креативниот дел на Вашето работење доколку немате доволно познавање во законските нормативи. Постојат два сигурни начини: или да станете правник или да ја препуштите таа задача на сигурен партнер! Доколку постои решение кое не им остава никаква можност на Вашите вработени да направат грешка во работењето  и ги имплементира законските измени уште пред да помислите да се јавите и да ги побарате, дали би биле заинтересирани? Helix најпрецизниот софтвер! Побарајте презентација!

5.Забавувајте се!

Водењето на компанија не значи дека треба да заборавите на приватниот живот и семејните вредности. Доколку немате време за Вас или пак не Ви е забавно на работа, многу веројатно е дека во некои работни процеси, кои може да се завршат поедноставно, вложувате премногу време и енергија.

Дознајте како можете да ги унапредите деловни процеси и при тоа двојно да го намалите потрошеното време! Квалитетот на бизнисот и животот зависи од тоа какви одлуки носете. Одберете елегантен начин на водење бизнис!

Закажете термин уште денеска!