Човечкиот потенцијал е најважниот ресурс во секоја компанија. Успешно менаџирање со вработените е најважен приоритет на секој лидер. Покрај грижата за обезбедување на потребните услови, позитивна работна атмосфера, грижа за целите на вработените и нивниот личен и професионален развој, постојат и законски обврски на секоја компанија како водење на прецизна евиденција за своите вработени. Во моментов, во нашата земја не постои ниту едно софтверско решение кое претставува интегриран систем кој ги задоволува сите аспекти во правец на прецизна евиденција за вработените. Па затоа, многу компании мора да користат најмалку три различни независни софтвери за да бидат чисти пред законот, но и да имаат барем некое основно следење на работните активности на вработените. Овој проблем беше наш основен водич при креирање на досега единственото, супер моќно и прецизно интегрирано решение за менаџирање со човечки ресурси, личен доход и евиденција на работно време.

Како до брза и точна пресметка на плата?

Неколку табели во excel, сложена програма, комплицирани формули, доцнење на платата за вработените, нова законска измена… и повторно хаос. Не постои сметководител на кого не му се познати овие предизвици при пресметката на плата. Статистички, во делот на пресметка на личен доход има најмногу законски измени секоја година. Поради ова, многу малку софтверски компании имаат капацитет, знаење и желба навремено да ги следат и систематски да реагираат на законските промени. Кога на сето ова ќе се додаде фактот дека во пресметката на плата за еден вработен треба да се земат во предвид податоци како редовни часови, прекувремена работа, работа на празник, ноќна работа, минат труд, додатоци на плата, боледување, годишен одмор, специјални услови … јасно ни е од каде потекнуваат главоболките на сметководителите. Јасно ни е бидејќи веќе 30 години сме заедно со Вас на терен. Јасно ни беше кога го создававме HELIX. Јасно ни е денес кога имаме зад нас многу Ваши успешни приказни. Токму затоа инвестиравме во решение кое нуди систематски пристап на предизвиците. Решение кое не може да го изненади никаква промена, после која би си ја удирале главата во ѕид со недоумица како овој месец пресметката на плата да ја направите навреме и без главоболки. Постои елегантен начин како до брза и точна пресметка на плата. Прочитајте повеќе!

Супер прецизен модул за човечки ресурси

Модулот за човечки ресурси овозможува евиденција на секој вработен во претпријатието, односно евидентирање на сите релевантни податоци за вработениот кои на кадровската служба и се неопходни во секојдневното работење. Податоците кои се внесуваат во модулот Човечки Ресурси може да се користат во модулот Плата за пресметка на платата на вработените. Решението овозможува менаџирање со сите потребни податоци за вработените:

  • Вработени
  • Работни места – договори
  • Квалификации
  • Степен на образование
  • Степен на инвалидност
  • Статус на вработен
  • Титули(Звања)
  • Тип на работни односи Курсеви
  • Наградни мерки
  • Боледување
  • Систематски прегледи
  • Казнени мерки
  • Странски јазици
  • Семинари
  • Тип на вработен
  • Држави
  • Национална припадност
  • Алати и опрема

Како да ја имате контролата во Вашите раце?!

Замислете само колку Вашето претпријатие губи за само еден ден од сите вработени по макар 10 минути каснење. Пример 45 вработени x 10 мин. = 450 мин. = 7,5 х, а тоа е 20,6 дена месечно – онолку колку што работи еден вработен цел месец.

Значи годишно Вие буквално фрлате 12 ПЛАТИ, А ТОА ВООПШТО НЕ Е МАЛКУ !!!
И тоа потполно неоправдано – ЧИСТА ЗАГУБА!

Соочете се со бројките! Тие никогаш не лажат. Доколку не сте задоволни од моменталната состојба на Вашата банкарска сметка променете нешто. Нема потреба повеќе од опомени, лоша енергија и расправии.

Конечно во Вашите раце ја имате најмоќната алатка! GATE  KEPEER ќе ги инспирира Вашите вработени да ги направат клучната промена во нивната философија. Нема повеќе простор за грешки и непродуктивно поминато време.

Вработените ги плаќате за вредноста која ја нудат во работното време. Зголемете ја нивната вредност двојно!

Покрај тоа, GATE  KEPEER  ги содржи сите потребни законски барања. Прочитајте повеќе!

Победа за Вашиот бизнис!

Еден интегриран систем, наместо работење на 3 различни софтвери значи вистинска победа за Вашиот бизнис! Егзактно групирање и управување со податоците е основно правило на сите успешни претприемачи. Заштедете време, пари и нерви!  Побарајте повеќе информации!