Стратегија за попуст се покажала низ годините како една од најдобрите техники за зголемување на продажбата. Според истражувањата 57 % од купувачите се одлучиле да купат некој нов производ благодарение на попустот, а дури 90 % од потрошувачите користат некаков попуст во текот на една година. Во продолжение прочитајте неколку одлични совети кои ќе ви помогнат да направите најдобра стратегија за попуст.

Јасно дефинирана причина за попуст

Честите попусти кои денес може да ги сретнеме на пазарот создаваат недоверба кај клиентите. Многу од потрошувачите сметаат дека попустите се вештачки и дека всушност не добиваат никакви поволности со истите. Токму затоа, многу важно е секоја акција за попуст да биде со јасно дефинирана причина која ќе ја разберат Вашите клиенти. Луѓето сакаат да имаат причина за сѐ што прават во животот. Без разлика дали ќе одлучите да дадете попуст за некаков јубилеј, празник, ребрендирање, нов производ… или ќе се одлучите за попуст специјализиран само за одредени клиенти како, на пример попуст за нови претплатници, новоосновани компании, одредена дејност… итн, креирајте стратегија со која Вашите клиенти ќе се почувствуваат важни.

Како софтверски да ја интегрирате Вашата стратегија за попуст?!

За да имате брз и ефикасен начин на менаџирање на Вашата стратегија за попуст, важно е истата да биде софтверски поврзана со Вашиот систем за комерцијално и сметководствено работење. Договорените купопродажни услови може да варираат во зависност од групата или брендот на артиклите кои се предмет на купување, односно продавање. Затоа е потребно во Вашиот софтвер да постои можност за дефинирање на генерални рабати по група, по бренд или по комбинација на група и бренд на артиклите. Освен споменатата можност за доделување на рабат за група на производи кои би важел за сите корисници, потребно е да имате и можност и за групирање на артиклите во т.н. ценовни групи кое е независно од стандардното групирање на артиклите.

6 супер начини за воведување на попуст

Постојат повеќе популарни видови на попуст кои можете да ги имплементирате во Вашата стратегија за попуст:

  1. Попуст за нов клиент

Нудењето на овој автоматски генериран попуст, покрај тоа што ќе Ви донесе нови клиенти и ќе придонесе за зголемување на прометот, значително може да Ви помогне во зголемување на Вашата база на потенцијални клиенти. Одлична техника е да воведете акција за попуст со која потенцијалните клиенти би се претплатиле на Вашиот билтен. Ова долгорочно ќе Ви донесе голем успех во подигање на свесноста за Вашиот бренд кај потенцијалните клиенти.

  1. Промотивен попуст

Промотивниот попуст е алатка која ги мотивира купувачите да купат веднаш. Истиот најчесто се врзува со одреден период, сезона, или пак можеби некој јубилеј или важен датум.

  1. Количински попуст

Количинскиот попуст е ефикасен во зголемување на просечноста вредност на нарачката, бидејќи истиот ги поттикнува клиентите да прават поголема нарачка како би добиле поголем попуст.

  1. Купи еден – заеми два производи

Истражувањата покажуваат дека дури 77 % од луѓето би избрале да добијат дополнителен гратис производ, наместо процентуален попуст на цената. Ова е одлична алатка да го исчистите лагерот на оние производи кои се помалку продавани.

  1. Програма за лојалност

Програмата за лојалност е најдобра техника која ќе Ви помогне како да имате поголема ретенција на клиентите. Во психологијата не секој човек е да се стреми да припаѓа кон одредена група. Токму затоа програмите за лојалност се одлични за создавање на припадност кај Вашите комитенти. Тоа долгорочно ќе Ви донесе редовни клиенти.

  1. Флеш продажба

Флеш-продажбата трае само краток временски период – од 24 часа до неколку дена. Овој тип на попуст функционира добро затоа што клиентите чувствуваат чувство на итност. Според статистиката, овој тип на попуст генерира просечно зголемување на прометот до 35 % .

Воведете победничка стратегија

Со нашето долгогодишно искуство можеме да Ви помогнеме во најдобра имплементација на Вашата стратегија за попуст. Одберете најдобро решение за менаџирање на сите видови акции, групи на произвади, различни ценовници, сезонски попусти, или пак попусти за онлајн нарачки. Побарајте бесплатни совети!