Одлична успешна приказна на нашите партнери! КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР е компанија која со своите обуки секојдневно едуцира, инспирира и мотивира голем број на млади луѓе во областа на финансиите, сметководството и консалтингот.

Преку програмата Сметководство – комплетна ON-LINE дуална обука, која се реализира со програмскиот пакет HELIX, денес огромен број на нови сметководители влегуваат комплетно подготвени за сите предизвици кои ги носи сметководствената професија.

Повеќе од 20 години како лидери на економски-финансиска поддршка на малите и средни претпријатија во партнерството со
ЗОНЕЛ Софтвер  нудиме поддршка за дигитализација на административните капацитети на компаниите и експертски
обуки на човечките ресурси со поддршка на HELIX.

Едвард Софески -

КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР

Програмата на курсот опфаќа комплетна практична обука за финансиско и материјално сметководство согласно Меѓународните Сметководствени Стандарди (МСС). Со успешна реализација на обуката учесниците ќе можат самостојно да водат сметководство на мали и средни претпријатија.  Учесниците на обуката можат да бидат почетници со или без претходно формално економско образование, исто така можат да бидат и веќе искусни вработени во оддел за финансии кои имаат потреба за комплетни познавања на сметководствените процедури, тековни законски прописи за самостојно водење на финансиско и материјално сметководство. Повеќе за програмата прочитајте тука: КОСМО – Сметководство – комплетна ON-LINE дуална обука.

HELIX е софтверско решение кое го користат најмногу сметководители во земјава. Решение на кое се изработуваат убедливо најмногу фактури, приемници, ПЛТ, завршни пресметки и пресметки на плати во земјава! Преку програмата Сметководство – комплетна ON-LINE дуална обука, учесниците, покрај сметководствената едукација, добиваат и можност за практично работење со софтверски систем за сметководство, со што многу полесно можат да се вклопат на барањата на пазарот. Повеќе за HELIX сметководствениот систем можете да прочитате тука: Моќен софтвер за сметководство!

Нашата соработка со КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР е само уште еден доказ дека две компании кои имаат слична визија за просперитет и развој може да креираат стабилно партнерство кое позитивно влијае на бизнисот.