Без оглед дали водите бутик во мал град или футуристичка услуга за изнајмување беспилотни летала, го започнавте Вашиот мал бизнис затоа што уживате да го работите тоа – не затоа што сакавте изговор да останувате будни доцна и да ги средувате книговодствените книги.

Освен ако не сте доволно успешни да вработите свој книговодител со полно работно време, треба да ги знаете барем основите на книговодството за мали бизниси и како да ги користите основни сметководствени алатки за да опстанете.

Не грижете се. Следете го овој водич и ќе можете да го водите книговодството на Вашиот мал бизнис.

4 основни книговодствени работи за лидери на мал бизнис

За среќа, одржувањето на книгите исправени не бара докторски студии. Едноставно е потребно малку време, вистински алатки и внимание на деталите.

Следете ги овие четири чекори за да го работите сметководството брзо и прецизно, за да знаете каде се вашите пари и да бидете подготвени кога ќе дојде времето за оданочување.

Инвестирајте во софтвер за сметководство и користете го

Пред да ги депонирате Вашите први средства или да го запишете Вашиот прв трошок, направете си голема услуга и воведете сметководствен софтвер за Вашиот бизнис.

Софтверот долгорочно ќе Ви заштеди безброј часови, а сите тие часови се претвораат во време што можете да го вложите во развој на Вашиот бизнис.

Сметководствениот софтвер може да ги следи фактурите, плаќањето на сметките и да ги усогласува сметките (меѓу другото). Ако некогаш сте го работеле ова рачно, знаете колку време може да трае.

Покрај тоа што ви заштедува многу време, софтверот за сметководство е од витално значење и за одржување на  точните бројки за Вашиот бизнис на едно место за да можете лесно и правилно да ги поднесувате соодветните даночни пријави.

Држете ги вашите деловни и лични трошоци одделени

Откако ќе го поставите софтверот за сметководство, проверете дали сте го хранеле со релевантни информации. Воведете посебна кредитна / дебитна картичка за Вашиот бизнис  која ќе ја користите строго за деловни трошоци.

Постои консензус помеѓу сметководителите дека занемарувањето на поделбата на личните и деловните трошоци е една од најголемите и најчестите грешки што ги прават сопствениците на мали бизниси.

Зошто е ова толку скапо? Во најдобро сценарио, ќе мора да поминете безброј часови на прецизно пребарувајќи страници на банкарски трансакции и обидувајќи се да запомните кои трошоци се поврзани со деловните, а кои лични. Во најлошо сценарио, ќе завршите со даночна измама прикажувајќи некој  личен трошок како деловен и ќе добиете повик од УЈП.

Ниту има потреба (ниту изговор) за оваа грешка. Набавете деловна кредитна картичка, искористете ја за деловно трошење и задржете ја одделно од вашите лични картички.

Избалансирајте ги книгите на крајот на секој месец

Со вашиот софтвер за сметководство и деловните трансакции, подготвени сте да го следите тековно Вашиот проток на пари.

Вашиот биланс на состојба (што во суштина ги покажува сите средства на вашиот бизнис и сите негови обврски) е крајниот извор на вистински информации за финансискиот тек на Вашиот бизнис.

Откако ќе бидете сигурни дека целиот приход од Вашата деловна активност е рефлектиран во вашиот сметководствен систем  заедно со сите ваши трошоци, балансирањето на вашите книги ќе биде лесно и брзо

Следете ги Вашите основни извештаи

Одлична вест: Ако сте стигнале дотука, овој дел ќе биде лесен и брз. Го имате поставено вашиот софтвер за сметководство, ги одржувате деловните трошоци одделни од личните трошоци и се грижите дека сè е избалансирано на крајот на секој месец.

Сега можете да го користите Вашиот софтвер за да изработувате книговодствени извештаи што ќе Ви дадат слика како работи функционира Вашиот бизнис.

За почетници, еве ги трите најважни работи и што можете да научите од нив:

  • Биланс на состојба. Како што видовме во делот погоре, овој извештај ви покажува сè што имате наспроти сè што должите.
  • Биланс на успех. Исто така познат како извештај за добивка и загуба, овој извештај ви ги покажува сите средства што влегоа (приход) и излегоа од вашиот бизнис (трошоци) за одреден временски период.
  • Извештај за готовински тек. Слично како и во билансот на успех, во извештајот за готовински проток се прикажани парите што влегуваат и излегуваат од вашата деловна активност во одреден временски период. Разликата е во тоа што извештајот за паричен тек е само за движењето на парите, додека билансот на успех вклучува сметководство без готовина, како што се вредноста на недвижностите и амортизацијата на опремата.

Останете на врвот со соодветно книговодството за Вашиот мал бизнис

Сега ги знаете основите на книговодството за мали бизниси. Но, како што расте Вашиот бизнис, тоа ќе станува сè покомплицирано и на крајот ќе Ви треба помош.

Една од најпаметните работи што можете да ја направите како сопственик на бизнис е да признаете кога треба да повикате помош од професионалец и да вработите професионален сметководител за Вашиот бизнис.