Без обврски! Без плаќање! Без договори! Со доверба! Бесплатно! Не станува збор за демо верзија, туку комплетно функционален програм со кој можете да започнете да работите веднаш! Со вклучени сите можности и функции кои Ви се потребни! Прилагоден на Вас. На Вашиот бизнис. Токму онаков Helix каков што посакувате! Ефикасен! Стабилен. Моќен. Брз! Едноставен! Сега кога Ви е важен секој денар. Кога сите правиме претпазливи потези. За програмот нема да платите ниту денар! Единствен трошок е одржувањето и незадолжителна обука, кои се стандардни опции при купувањето на Helix, кој го добивате комплетно бесплатно во следните 4 месеци! Искористете можност која ќе значи вистинско освежување за Вашиот бизнис!

Дали навистина е без обврски?

Да! Нема скриени клаузули. Можете да го откажете програмот во било кое време! После бесплатните месеци самите одлучувате дали сакате да продолжите со Helix. Добивате комплетна слобода!

Внимание: Ова се клучни месеци!

Зошто токму сега Helix? Бидејќи сега е време да бидете чекор пред другите! Бидејќи ова се клучни месеци! Кога веќе полека се подобрува бизнис климата. Кога веќе сите веруваме дека доаѓа нов почеток! Бидете токму Вие со нова победничка енергија! Бидете тие кои знаат да ја искористат новата бизнис клима. Оној кој прв повлекува храбри и точни потези секогаш победува. Победете! Можеби менување на програм не Ви е главен фокус сега, но размислете два пати! Размислете дали токму сега е најважно Вашиот бизнис да делува беспрекорно? Да делува максимално компактно, организирано и победнички! Да ја зголемите продажбата! Да ги имате сите потребни комерцијални извештаи навремено! Да ја подобрите наплатата! Да можете да опслужите повеќе комитенти! Да го зголемите капацитетот! Да ја подобрите врската со комитентите! Да! Да за Helix! Да за правилен нов почеток! Да за нова победа!

Кои модули ги добивам бесплатно?

Сѐ што Ви е потребно! Добивате програм прилагоден на Вашиот начин на работење. Без разлика дали сте сметководствено биро, имате производство, сте трговска компанија на големо или мало, бутик, продавница, дуќан, ресторан, хотел, услужна компанија… имаме пакет специјално дизајниран за Вас! За вашето работење! Со предвидени сите ризици и ситуации кои ги носи Вашиот бизнис. И сето тоа го добивате бесплатно во наредниве 4 месеци!

Што добивам со одржувањето?

Во моментов најдобра услуга во ИТ индустријата кај нас! Можеби не делува симпатично од наша страна да го кажеме ова! Ниту пак е паметно од маркетиншки аспект. Можеби ќе Ви делува премногу арогантно и надмено. Но, од друга страна чувствуваме одговорност да Ви ги кажеме овие информации. Токму сега! Бидејќи сега е многу важно да донесете правилна одлука! На хартија можеби некоја компанија ќе Ви понуди слични услови. Но, никогаш, ниту една компанија на нашиот пазар не понудила нешто приближно слично на ова. Можеби сметате дека одржување е само да се јавите кај програмерот, и тој да Ви отстрани некој проблем во програмот. Малку да почекате. Да се понервирате малку. Да се реши проблемот и да продолжите со работа. Најчесто тоа и го нудат компаниите. И до некаде, каде подобро или полошо, поспоро или побрзо… ќе го добиете ова! И тоа е супер! Но зошто да не добиете нешто подобро!? Вие заслужувате! Зошто да не добиете поддршка која го разбира Вашиот бизнис? Зошто да не добиете поддршка со економско познавање? Зошто да не добиете круцијален совет во моментот, наместо само отстранување на проблемот? Бидејќи ако некој проблем еднаш се појавил, ќе се појави пак, доколку не се промени нешто во работењето! Зошто да добиете законски измени пред сите останати? Законски измени без да мора да се јавувате и да прашувате до каде е работата? Зошто да не добиете одржување фокусирано на развој на Вашиот бизнис?