Нова законска измена? Без грижи! Веќе е имплементирана во Helix. За Вас! За Вашиот Helix да функционира најдобро и во согласност со сите нови и стари закони! Согласно последните промени во Правилникот за посебни податоци, Образецот „ДЕ” е заменет со нов образец. Поради ова е објавена нова Законска измена во HELIX:

Законска 99 (14.01.2021):Посебни податоци за државна евиденција

Оваа измена се имплементира согласно последните измени во Правилникот за посебни податоци, потребни за системот на државна евиденција и за формата и содржината на образецот за државна евиденција, Сл. весник на РСМ, бр.299/20 од 17.12.2020 година. Со овие измени Образецот ”ДЕ” се заменува со нов образец.

ЗАБЕЛЕШКА: Новиот XML фајл во моментов на објавување на законската измена сè уште не е објавен од страна на ЦРМ. После неговото објавување ЗОНЕЛ Софтвер веднаш ќе овозможи негово соодветно пополнување

За повеќе детали околу оваа  Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате  на следниов линк: Законски верзии.