Со активниот пакет на одржување имате можност да користите плејада привилегирани можности во функција на Вашиот бизнис. Услугата која ја добивате со одржувањето е гаранција дека Вашиот Helix ќе функционира најдобро во секое време. Денес на пазарот постојат повеќе програми кои нудат различни решенија. Дел од нив имаат навистина добри можности. Но ретко од кој софтвер можете да ги искористите сите можности доколку немате квалитетна поддршка. Темелниот пристап и грижата е она што не разликува од конкуренцијата. Еве зошто е мудра одлука да се префрлите на активен пакет на одржување:
1.Корисничка поддршка
Корисничката поддршка во Зонел Софтвер е во многу сегменти поразлична од конкуренцијата на пазарот. При креирање на моделот на функционирање на корисничката поддршка наша цел беше наместо класичен „call center“ да добиете поддршка со економско и корпоративно познавање. Зошто е тоа така? Бидејќи една работа е софтвер, а друга работа е како функционира секој бизнис посебно. Џабе ако само ги отстрануваме евентуалните проблеми во програмот, доколку истиот не е прилагоден на Вашето работење. Корисничката поддршка како надоврзување на процесот на имплементација и обуките е гаранција дека Helix ќе функционира според потребите на Вашиот бизнис. Ова го потенцирам за да ја искористите максимално услугата која ја добивате со активниот пакет на одржување.
За корисниците на активниот пакет на одржување, оваа услуга е вклучена неограничено од 8 до 16 часот секој работен ден. Истата можете да ја добиете преку телефон, мејл или преку новиот тикет систем, кој е модерен, брз и ефикасен начин како да добиете најдобра услуга.
2.Техничка поддршка 24/7
Зошто 24/7? Бидејќи знаеме дека Вашите клиенти во никој случај не би смеело да чекаат за да им издадете фискална сметка или фактура. Свесни сме дека одредени бизниси (ресторани, продавници… итн) работат и за викенди, па дури и празници. Техничката поддршка е креирана со цел да се отстрануваат навремено сите евентуални проблеми со програмот (пример ако не стартува програмот, проблеми со конекција, проблеми со фискалниот апарат…). Со други зборови, техничката поддршка е тука за да Вашиот Helix, функционира најдобро во секое време. Дежурниот телефон 24/7 за техничка поддршка е достапен само за корисниците на активен пакет на одржување.
3.Сервисни интервенции
Во некои случаеви, без разлика дали станува збор за корисничка грешка, инсталација, преинсталација, или пак проблеми со интернет, прекин на конекција со базата или вируси… сервисните интервенции се неопходни за да програмот функционира во најдобра ред. На пример, доколку станува збор за бришење на парагони од каса, после пријавување на проблемот од Ваша страна во корисничка поддршка, секторот за техничка поддршка веднаш работи на детектирање на проблемот и негово решавање. Зависно од времетраењето, овие интервенции се предмет на наплата, согласно пакетот за одржување кој го имате склучено. Како корисник на активното одржување, покрај законските измени, надградбата на нови верзии, корисничка и техничка поддршка, добивате и најдобри услови за сервисните интервенции. Ценовникот за одржување и сервисни интервенции можете да го погледнете тука.
4.Законски измени
Софтверски партнер кој нема план како да реагира на законските измени и не Ви е од некоја корист. Знаеме дека секоја законска измена е стресна, особено ако сте сметководител. Токму затоа, пред повеќе години одлучивме за прв пат во Македонија на законските измени да одговориме систематски. Токму така, систематски. (Погледнете тука на што мислам). Без разлика дали во текот на една година има три, четири или повеќе законски измени, со активниот пакет ги добивате сите законски измени навремено. Тоа значи имплементирани законски измени во Helix уште пред да ги побарате. Сепак, за да Ви биде инсталирана законската измена, потребно е да испратите барање, бидејќи не сите наши клиенти имаат потреба од сите законски измени.
5.Надградба на нови верзии
Покрај законските измени, имаме јасно дефиниран план за развој на Вашиот Helix. Бизнисот е жива материја. Особено денес, кога технолошкиот и индустрискиот развој е на едно повисоко ниво од било кога. Сигурно не би сакале да останете во минатото. Планот за развој на Helix е гаранција дека ќе бидете во тек со сите бизнис трендови. Секоја нова верзија нуди плејада на нови можности. Прочитајте тука што добивате со најновата верзија Helix 7.00. Покрај надградбата на нови верзии, Вашиот бизнис понекогаш има потреба и од специјални доработки. Секогаш сме подготвени да излеземе максимално во пресрет и секое Ваша барање се разгледува и изработува темелно. Дел од доработките за кои сметаме дека се корисни за најголем дел од компаниите ги имплементираме и во официјалната верзија. За да може да биде направена било каква измена или доработка потребно е да ја поседувате последната верзија на Helix. Ова е само уште еден сегмент, зошто е паметна одлука активниот пакет на одржување.
6.Можност за специјални доработки
Бизнисот е жива материја. Со растење на секој бизнис, се отвораат и нови правила на работа. Ова често е проблем за софтверските компании, бидејќи не се во можност да ги следат своите клиенти во својот развој. Но, тоа не е проблем и за Вас, ценети наши клиенти. Како корисници на активниот пакет на одржување, имате можност за специјални доработки во програмот по Ваша желба. Овие барања за доработки, прво ги проценува нашиот тим од корисничка поддршка, предложувајќи најефикасно решение според Вашето барање . Потоа тимот за развој на софтвер, прави конечна процена како оваа доработка би се имплементирала во програмот. Конечна цел е функционален програм, прилагоден на Вашиот начин на работа.
7.Моќен табеларен приказ
Табеларниот приказ е уште една привилегирана можност за корисниците на активен пакет на одржување. За Вас е вклучена дополнителна серија нови можности, како групирање на податоците, избор на видливост на колони, сортирање по избор на неколку колони, флексибилно филтрирање и нагодување на условите, снимање на повеќе аранжирани поставки за подоцнежна употреба, експорт во MS Excel и други опции. Слободата да работите според Вашиот начин и филозофија е главен сегмент во нашата политика за развој на Helix. Искористете ги сите можности кои Ви се нудат. Една од можностите е и снимање на поставките, односно можност да ги зачувате табелите или извештаите она како што сте ги креирале.
8.Мејлинг систем
Моќна врска со Вашите клиенти. Директно од Helix. Брз и едноставен начин за комуникација со Вашите клиенти. Системот нуди можност за потсетување на клиентите за долгови, испраќање финансиски картици, фактури… и.т.н. Целта е подобра наплата и олеснета комуникација со комитентите.
9.Пријатели
Можеби понекогаш сте ни лути зошто не сме изреагирале на време, не сте можеле да не добиете на телефон, не сте задоволни од реализираното… И тоа, без разлика дали сме свесни или не, е нормално за една долгогодишна соработка. Без разлика на околностите и на ситуацијата, сакаме да бидете сигурни дека целиот наш капацитет, знаење и ресурси се вложени во функција на Вашиот бизнис. Остануваме посветени на Вашиот бизнис. Нашата деловна соработка и пријателство е причина зошто повеќе од 28 години постои Вашиот ЗОНЕЛ Софтвер.