Нашата соработка не би имала никаква смисла доколку не растеме заедно. Ни претставува огромно задоволство да Ви го претставиме Helix 7.00!!! Сигурни сме дека ја делите истата возбуда бидејќи сте тука, со нас, сите овие години. Што добивате со Helix 7.00?!

Само некои од новостите:

Редизајн на Report Builder опцијата, која сега е преименувана во “Креатор на извештаи“, со нов изглед, нови функции, многу попрактичен пристап. Креирајте неограничен број сопствени извештаи од сите области, со колони по Ваш избор, export во MS Excel, печатење со Design опција, … Граница е само Вашата имагинација. Детални Видео упатства за користење на Креаторот на извештаи имате на следниот линк: Видео упатства

Multiform е нова можност за отворање повеќе исти форми независно една од друга. Сега можете да книжите во повеќе истовремено отворени и различни финансови налози, да работите со повеќе независни аналитички и финансиски картици, бруто биланси, независни Report Builder извештаи …

Дали податоците Ви се безбедни? Што ако се случи непланирано бришење на целиот Ваш труд? Сега можете да дефинирате точен распоред (ден и време) во кое ќе се врши автоматска копија на податоците, со помош на новиот BackUp Scheduler

Дали имате целосна контрола на сите акции од Ваша страна и од Вашите вработени? Од сега можете да ги погледнете сите евидентирани акции со точно време, содржина и кој ги направил со напреден филтер, преку LOG модулот на HELIX

Редизајнирана е и главната форма, со попрактичен и оптимизиран распоред. Сега можете да дефинирате и сопствена слика позади DashBoard-от, по Ваш избор и напредни сетирања.

Ако Ви е напорно често повикување на опции со долга патека (пример: Материјално – Други документи – Излез – Понуди), ова веќе е минато. На главната форма преку новиот Menu Bar можете да си дефинирате сопствени Икони (кратенки) за секоја опција од главното мени, со сопствен изглед на слика, текст, наслов, па дури и копче за повикување по Ваш избор!

Имплементиран е Напредниот Табеларен Приказ … И уште многу други дизајн и функционални подобрувања … Сите новини имплементирани во Верзија 7.00 можете да ги погледнете на следниот линк: Верзија 7.00