Кризата по правило најмногу ги погодува микро и малите компании. А за време на криза ретко кој е фокусиран на инвестиции. И тоа можеби е и најголемата грешка, бидејќи мудрите инвестиции во тешки времиња, носат стабилна иднина.

Сакам да им се обратам на сите микро компании кои изминативе години мака мачат да ги покријат сите трошоци кои ги носи еден бизнис. Направете чекор напред! Сега е вистинско време! Мали промени во филозофијата и начинот на процесирање на активностите може да бидат вистинска инфузија за Вашиот бизнис.

Креиравме одлична можност за секој микро бизнис: Вашиот нов софтвер за 328 Еур! Закажете консултативен разговор!

Некој ќе рече: „Немам време јас за тоа. Сметководителот ми ги брка тие работи.“ Да. Секако дека сметководителот игра многу значајна улога во документирањето на Вашиот бизнис и поврзувањето со државните институции. Секако дека тој се грижи да бидете „чисти“ пред законот. Но, тој не го води Вашиот бизнис. Тоа е Ваша работа. Дали сметководителот треба да Ви води лагер листа? Дали негова работа е да креира фактури? Дали треба да го барате секогаш кога Ви треба материјална картица за некој производ? Или пак да чекате извештаи од него околу тоа во каква состојба е Вашиот бизнис? Не. Тоа не треба да си го дозволите во никој случај.

Нов софтвер

Земете го Вашиот бизнис во Ваши раце. Информациите имаат моќ само доколку се навремени. Не дозволувајте клиентите да чекаат. Имаме идеално решение за материјално и комерцијално водење на Вашиот бизнис. Погледнете ги тука сите можности.

„Искрено сè најдобро функционира. Никогаш немало проблеми со тоа што нѝ треба. Направен е во согласност со сите законски прописи. Презадоволни сме и од Вашата поддршка.“          „КОРНИ“ – Трговија на големо и мало со плочки и санитарна опрема

Креиравме систем кој комплетно ќе ги автоматизира сите процеси од Вашето работење. Со креирање на една калкулација, автоматски се креираат сите поврзани документи каде истата треба да се рефлектира. Во исто време се ажурира лагер листата, материјалната картица, сите извештаи, се упросечуваат цените …

Зборувам за систем кој значително ќе ја зголеми продуктивноста на Вашите вработени. Решение кое ќе Ви помогне да се фокусирате на работите кои Ви се навистина важни. Прочитајте тука како може да ја зголемите продажбата!

Создадовме специјален пакет за потребите на микро и малите компании. Знаеме дека не е време кога треба да се расфрлатe со пари. Не треба веќе да плаќате цело богатство за да си овозможите нов софтвер прилагоден на Вашите потреби.

Вашиот бизнис во Ваши раце! И тоа по најдобра цена од 328 Еур! Закажете консултативен разговор!