Многу компании воведуваат систем за планирање на ресурсите на претпријатето (ERP). Еден ERP софтвер е интегриран систем со кој се управуваат внатрешните и надворешните ресурси на компанијата. Конкретните причини поради кои компаниите инвестираат во оваа технологија се разликуваат, но обично, намалување на трошоците и зголемувањето на продуктивноста се на врвот на листата на причини за воведување на ERP софтвер.

Паричен тек

Поради тоа што HELIX ERP системот ги интегрира сите аспекти на функционирање на една компанија, тој го намалува таканаречениот “циклус од нарачка до наплата“. Овој циклус одредува колку брзо компанијата ја врши наплатата за своите испорачани производи или услуги до корисниците. Компанијата со побрз “циклус од нарачка до наплата“ го забрзува финансискиот тек во компанијата. На компаниите кои немаат интегрирано ваков систем им треба многу повеќе време да ги извлечат податоците од повеќето неповрзани системи или од разни табели. Ова изгубено време го забавува процесот на редовно функционирање на компанијата при испорака и наплата на нејзините производи и услуги. Колку повеќе време и треба на една компанија да ги наплати своите услуги толку повеќе се јавува недостаток на финансиски средства во таа компанија.

ERP софтвер

Достапност

Еден од клучните компоненти на HELIX ERP софтверот е интегрирана системска архитектура. Оваа интеграција им овозможува на компаниите да се користи истиот систем низ повеќе локации. Една компанија која работи на HELIX ERP софтвер, може да има една продажна локација во еден град, еден магацин во друг град и седиште во сосема друга локација. Сите овие локации ги користат и ги гледаат истите податоци без оглед на нивната физичка локација. Со ова, HELIX системот ја елиминира потребата за чување на непотребни податоци на повеќе физички локации. Тоа, исто така, ја елиминира потребата за секоја локација да се испраќаат дуплирани податоци и повторно истите да се враќаат во централната локација.

Продуктивност

HELIX ERP софтверот во една компанија ја зголемува продуктивноста. Поради тоа што HELIX ERP системот ги интегрира податоците и процесите низ сите сектори и локации, ова овозможува побрзо раководење со производите, побрзо процесирање на нарачките, забрзување на системот за фактурирање и на крајот побрза испорака на производите или услугите до корисниците.

Информација

HELIX ERP софтверот им обезбедува на компаниите пристап до мноштво информации. Претходно, овие информации беа или недостапни или беше тешко да се добијат од другите системи. Исто така, информациите кои се добиени преку HELIX системот се одликуваат со повеќе точност и релевантност, бидејќи сето тоа доаѓа од еден извор, а не од повеќе различни извори. Бидејќи HELIX системот на компаниите им обезбедува различни алатки за креирање на различни извештаи, тој овозможува да критичните информации за компанијата се добиваат навремено и во формат кој е едноставен за користење за корисниците на ERP системот.

Вистински избор

Самото интегирање на ERP систем во една компанија не значи дека ќе донесе резултат за компанијата. Изборот на HELIX значи не само набавка на ERP софтвер во Вашата компанија, туку помош во имплементација на решението во Вашата организација, интеграција на Вашите тековни деловни процеси со софтверското решение, комплетна бесплатна обука за Вашите вработени, понатамошна поддршка за одржување, следење на развојот на Вашата компанија и развој на ERP решението врз основа на Вашиот развој.

За какви било прашања или консултации нашиот тим Ви стои на располагање.

Побарај понуда

, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,