Подарок: Преземете бесплатна демо верзија на HELIX-P!
Ви предлагаме еден мал предизвик. 30 дена бесплатно користете ги HELIX! Без никакви обврски. Не мора да се претплатувате. Искористете ја оваа одлична можност.
Брзата работа на каса и врвната услуга е најважен сегмент за успешна малопродажба! Овозможете им на Вашите продавачи систем кој самиот ќе ги води кон успешна и брза продажба. Ефикасна работа со бар код читач, брз пристап до сите потребни информации (лагер по продавници, магацини, величини, бои ...) брзо пребарување и замена и враќање на производи ... Бидете елегантни и кул!
Недоволната документација и немањето системска евиденција на работењето е една од главните причини за стагнација на многу компании. За да направите добра анализа на бизнисот, потребни Ви се вистинските податоци. Најпродавани производи по периоди и месеци, брендови, групи... анализа на продажба по комитенти, должници... Испланирајте го успехот на Вашиот бизнис!
Во денешно време незамисливо е успешно да водите продавница без прецизни податоци за максималната, минималната и оптималната количина на залихите. Одберете софтвер кој навремено ќе Ве алармира дека резервите на стоката се во сигнално ниво. Сите артикли не се со еднакво значење од аспект на прометот, вредноста и значењето. Затоа потребно е да се направи класификација на артиклите.
Изградете супер однос со Вашите клиенти. Со програмата за лојалност ќе покажете дека ги цените и почитувате нивните потреби. Со можноста за лојалност и за креирање на акции ќе добиете супер алатка со која ќе им овозможите на Вашите комитенти награди и одлични попусти!
Водете повеќе продавници во различни градови во еден моќен и автоматизиран систем! Моментално ажурирање на сите документи без никаков застој! Дури и кога нема интернет! Поврзете се ефикасно со Вашиот сметководител. Со само еден клик, целосно поврзување, без разлика дали имате внатрешно или надворешно сметководство. Нема веќе носење на купишта фактури, рачно книжење, грешки, нервоза и проблеми со законот.
Воведуваме супер иновативни технологии. Имаме план за развој кој го следи развојот на Вашиот бизнис и новите технологии. Унапредите го Вашиот бизнис со помош на вештачка интелигенција, зависно од карактерот на Вашите купувачи, трендот на производите, преку сигнали, предлог одлуки за попусти, акции и набавки ... Работете на современ CLOUD систем кој ги разбира потребите на Вашето работење.
При креирањето на HELIX-P се задржавме на главните проблемите кои ги мачат малопродажните компании. Немојте да купувате програм кој само ќе ја замени фискалната каса! Пописи, нивелации, упросечувања… ништо од ова веќе не мора да правите рачно. Конечно, благодарение на споредбените извештаи, и автоматизмот согласно извештаите за кусок и вишок, пописот веќе никогаш нема да биде тежок процес. Промената на цените не мора да биде квантна физика! Сега можете да направите автоматска нивелација со само еден клик. Водете елегантно наместо напорно!
Ви предлагаме еден мал предизвик. 30 дена бесплатно користете ги HELIX! Без никакви обврски. Не мора да се претплатувате. Искористете ја оваа одлична можност.