fbpx

Развој и дополнувања на HELIX – М – Верзии постари од 4.10

Симни најнова верзија на HELIX

Измените со доплата не се однесуваат на редовни корисници со месечна паушална наплата за одржување. Во цената не е содржана инсталацијата од страна на ЗОНЕЛ

Верзија
датум
Верзии со доплата Цена (Eur)
без ДДВ (18%)
Li
ght
Busi
ness
Prof
essi
onal
Поновите верзии од 4.10 погледнете ги на следниот линк:  Понови верзии од 4.10
4.10
03.06.2007
Види подетални информации … Покрај другото: Курсна листа, заштита на денарски фактури со девизен курс, преглед на промет по месеци и со претпоставена набавна цена, детална анализа на купувачи со повеќе објекти на кои се фактурира одделно, печатење на налог ПП10, експорти во Excel, … 62 82 95
4.00
20.07.2006
Објава на финална, стаблина верзија. Пожелен, но не е неопходен услов инсталирана кирилична подршка на Вашиот оперативен систем; 0 0 0
3.9 b
20.06.2006
Материјално:
– Комплетна опција за евиденција со сериски броеви, рокови на траење и во врска со истек на гаранција према купувач;
– Комплетна опција за евиденција и изработка на барања за понуди, понуди-нарачки, профактури и фактурирање со структурен, споредбен и детален увид на текот на секоја нарачка или профактура. Овде е вклучена и евиденција на резервации со посебен увид во лагерлиста со стварно расположиви и резервирани количини;
– Комплетна евиденција на одложено плаќање сосема одвоена и интегрирана со останатото комерцијално работење. Евиденцијата вклучува оставени и вратени гаранции, како и задолжување и раздолжување на купувачите во 3 сосема независни валути (МКД, ЕУР и УСД);
– Можност за селектирање и печатење комитенти кои немаат ниту една излезна фактура;
– Рок за плаќање за секој комитент во денови. Со ова програмот автоматски предлага валута на излезна фактура;
– Брз експорт во Excel на шифрарник на производи;
– Брз експорт во Excel на преглед на влезни калкулации;
– Можност за комплетно бришење на селектирани влезни калкулации;
– Податок за дистрибутер во влезна калкулација;
– Автоматски прием во повеќе магацини на основ на една влезна калкулација;
– Автоматско префрлање на влезен производ од влезна калкулација како ново основно средство;
– Брз експорт во Excel на преглед на излезни калкулации;
– Можност за комплетно бришење на селектирани излезни калкулации;
– Можност за задавање на фиксна набавна цена на излезен производ;
– Брз експорт на лагер листа во Excel;
– Печатење на лагер листа по групи (до 5 ниво-а);
– Брз експорт на трговска книга на големо во Excel;
– Брз експорт на книга на документи (F2) од влезни калкулации во Excel;
– Проширена анализа на промет по производи (F6) од материјално – излез по периоди, денови, добавувачи и брендови;
– Дополнителна колона за маржа во книга F6 (промет по производи) од материјално – излез;
– Брз експорт на промет по производи (материјално – излез) (F6) во Excel;
– Доделување на произволен рабат на сите производи од една излезна фактура;
– Тип на услужна фактура (Авансна / завршна);Малопродажба:
– Брз експорт на преглед на малопродажни калкулации во Excel;
– Печатење на проширен преглед на малопродажни документи;
– Брз експорт на содржина на малопродажна калулација во Excel;
– Брз експорт на трговска книга (ЕТ) во Excel;
– Брз експорт на трговска книга (ЕТ) по даночни тарифи во Excel;
– Брз експорт на проширена лагер листа од малопродажба во Excel;
– Брз експорт на брза лагер листа од малопродажба во Excel;
– Брз експорт на лагер по продавници (малопродажба) во Excel;
– Проширување на опциите за промет по производи (F6) од малопродажба како истата опција од материјално – излез;
– Опција за изработка на профактури и фактури со повик на веќе готова профактура;Благајна:
– Дополнително поле за платежна валута (МКД, ЕУР и УСД);Шифрарници:
– Меморирање произволен број бар-кодови за еден производ;Бесплатни промени:
– Комплетно преуреден екрански изглед на HELIX со можност за избор на маска за работната околина (форма и боја на копчиња, компоненти, табели, …);
– Преструктуирање на сите лабели, мени-ја и текстуални пораки со кирилична подршка;
– Прегрупирани повеќе мени-ја и дополнети повеќе печатени извештаи;
15 45 69
3.00
23.10.2005
Материјално:
– Можност за копирање на повеќе селектирани излезни калкулации во еден малопродажен парагон или малопродажна влезна фактура;
– Печатење на лагер листа со две продажни цени;
– Книга на промет по производи (F6) со можност за дополнителни услови за износ со или без ДДВ, преглед само за производи со рабат и само за еден корисник;
– Три допонителни рабати на секој влезен документ. Можност и за скенирање и меморирање на секој влезен документ во вид на слика;
– Три допонителни рабати на секој излезен документ;Малопродажба:
– Потполно автоматизирана количинска евиденција во продавница по многу сличен принцип на програмот за материјалното работење. Воведени се нови типови документи од малопродажба: излезен парагон (касов извештај) и излезна фактура од продавница. Присутни се и неколку лагер листи со количина, продажна и просечна набавна цена;
– Комерцијална евиденција со познатите: наплати (F4) и книги F2, F3 и F6 за листа на излезни документи, спецификација на должници и промет по производи;
– Филтер во преглед на малопродажни калкулации;
– Заклучување и отклучување на калкулации;
– Експорт на малопродазна калкулација во Excel;Благајна:
– Можност за неограничен број независн благајни со своја независна евиденција на каса прими/исплати, салда и книжења;Шифрарници:
– Структура на типови и начини наплаќање (се однесува највеќе на HELIX-P пакетот за малопродажно работење преку издавање на парагони и водење детална евиденција за дневен промет по продавачи и начини на плаќање). Сега засега само од информативен карактер;
– Шифрарник на производи: Доделување на бренд и добавувач за секој производ, Независно пет (5) нивовско групирање на производите, слика за секој производ, забрана за пренос на избрани производи во одредени продавници, контрола на договорени цени и рабати за секој производ со добавувачот;Системски опции :
– Професионално сетирање на повеќе опции во разни сегменти од HELIX од начин на работа,
видливост/невидливост на колони и полиња, избор на фискален апарат, режим на работа и сл.;Бесплатни промени:
– Преуреден изглед, подобрен изглед на главните печатени извештаи и многу други ситни промени од к олоритет до форматирање на нумерички податоци;
19 29 34
2.00
08.11.2004
Материјално:
– Скратено печатење на материјлна картица со датум, документ, комитент, влезена количина, излезена количина и продажна цена без ДДВ;
– Лагер листа со колона за критична количина и количина за набавка на истиот преглед со можност за печатење. Исто така на истиот екран долу е присутна и сума на вкупна количиназанабавка;
– Печатење на лагер листа со набавна, продажна цена и разлика во цена на присутните производи и количини;Малопродажба:
– Можност за селектирање и деселектирање на малопродажни калкулации;
– Масовно доделување терк и налог на сите селектирани калкулации;
– Масовна потврда на сите пресметки за секој производ од малопродажна калкулација (симулација на Ентер+F9);
– Копирање на селектирани калкулации како влезни во магацин;Шифрарници, спецификација за граѓански чекови:- Комплетно внесување и ажурирање на преглед на банки (шифра, име, сметка за спецификација за граѓански чекови и даночен број);
– Ново поле при внес на спецификација за граѓански чекови – трасат;Системски опции :- Потполно автоматизиран сервис на самата база на податоци. Ги отклонува сите неправилности поради падови на оператвниот систем, падови на напон, кочења на програмот поради хардверска неисправност на компјутерите или насилни рестартирања на системот;Бесплатни промени:
– На главното мени – копче со можност за потполно автоматска надградба на програмот со нова верзија преку најобична интернет конекција во било кое време од денот (24/7/365);
– Копче со содржина на најновата верзија на HELIX во секое време;
– Копче за најновите законски промени во HELIX;
– Испратете било какво прашање или предлог до ЗОНЕЛ во секое време од денот (24/7/365) директно од главното мени од HELIX !
0 15 15
1.10
08.08.2004
– Можност за доделување продажна цена и рабат на било кој производ за било кој комитент посебно;
– Материјална картица за сите магацини – континуирана картица за еден призвод со промени во сите магацини на еден заеднички преглед со печатење;
– Копирање на позиционирана влезна калкулација во соодветна излезна со идентични податоци за сите производи;
– Доделување продажни цени на сите производи од избрана влезна калкулација;
– Можност за заклчување на излезни и влезни калкулација и исклучување на секаква можност за нивна промена (само за опција System Security). Посебна привилегија за нивно отклучување со лозинка;
– Брзо внесување на производи во големи излезни калкулации со можност за исклучување на моментален преглед на внесените производи. Ова се уклучува и исклучува по избор на корисникот;
– Масовно доделување на продажни цени од ценовник на сите производи од избрана излезна калкулација;
– Промена на продавница во преглед на малопродажни калкулации без излегување од самиот преглед;
– Комбиниран преглед на книга Ф2 на излезни калкулации со наплатите на истите документи;
– Можност за филтер во книга Ф6 (промет по производи) со податок за префикс за број на калкулација и дистрибутер;
– Можност за филтер во книга Ф3 (книга на комитенти) со податок за префикс за број на калкулација;
– Можност за селектирање на комитенти и нивно печатење според услов за припадност во регион, град или продажно место;
– Експорт на преглед на комитенти во Excel;
– Промена на магацин во самиот преглед на излезни и влезни калкулации;

Најава:
Водич за едноставно креирање излезни документи (калкулации) со и без автоматско книжење. Нови сервисни процедури за корекција на кориснички и системски грешки; Нови опции за префрлање почетна состојба од една во друга календарска година, …;
9 38 45
1.09
10.01.2004
– Дистрибуција по региони, градови, продажни места за секој град и градови во секој регион, како и следење преку книга на должници (Ф3) за независни услови од претходно наведените атрибути;
– Печатење на материјална картица во проширен формат со набавни и продажни цени и финансиска состојба;
– Печатење на материјална картица само со влезни односно излезни позиции;
– Книга по комитенти (од излезни документи) со можност за само преплатени документи;
– При фактурирање за секој избран производ преглед на минати продажни цени со датум на трансакција и одобрен рабат за дадената цена;
– Книга Ф6 од продадени производи: можност за сортирање по најпродадени производи според количина, продажен износ или остварена разлика во цена (маржа);
– Печатење на лагер листа без присутна количина, само со позиција за рачен внес на количина;
15 40 40
1.08
14.07.2003
– Печатење норматив;
– Книга на фактури Ф2 од влез (комерцијално) со можност за филтер за само денарски, девизни документи или сите;
– Сума за наплата, наплатено и остаток за зададен филтер (Ф12) на преглед на излезни документи;
– Книга на фактури (комерцијално) според помината валута (15, 30, 60, 90 и 120 дена);
– Лагер листа само за префикс по помошна шифра; Книга Ф3 на комитенти од влезни документи;
3 19 19
1.07
01.05.2003
– Лагер листа за повеќе магацини (до 10);
– Книга на влезни документи со преглед од аспект на калкулации или финансови налози со групирани информации по тарифни групи за набавен износ без ДДВ, ДДВ и набавен износ со ДДВ со можност за екрански приказ и печатење;
– Можност за внес на слободен текст на секоја влезна и излезна калкулација;
– Експорт на лагер листа во вид на влезна калкулација (Pro);
– Експорт на влезна калкулација со критични количини во Excel (Pro);
9 19 24
1.06
20.01.2003
Експорт во Excel документ на книга на фактури (Ф2), книга по комитенти (Ф3) и промет по производи (Ф6) од излез од магацин. 35
1.04
10.12.2002
Почетна состојба
– Водич за префрлање почетни материјални и финансиски салда во следна календарска година.
– Автоматска контрола и сигнализација при отворање нови производи и комитенти во преодниот период (јануари и февруари 2002) во фирмата од 2002 година со предлог за нивно отворање со идентична содржина и во 2003 година (комплетно решение).Сервис
– Специјално дизајнирани сервисен центар за материјално работење: Автоматско детектирање и корекција на кориснички грешки (невалидни датуми, …), непрефрлени калкулации, негативни количини … Многу корисна помош во период на составување завршни пресметки;
27 27 27
1. 03
01.12.2002
– Креирање на Excel документ од содржина (производи) на влезна калкулација);
– Креирање Excel документ од лагер листа со главна и помошна шифра
20
1. 02
01.11.2002
Можност за внесување слободен опис при секој излезен производ и менување или дополнување на називот на
производот;
15 15 15
1. 00
01.09.2002
Прва официјална верзија на HELIX. Ги интегрира сите досегашни дополнувања. 0 0 0

НАПОМЕНА: Наведените цени важат само за корисници со договор за одржување по повик со наслов “ПАКЕТ 10: Mини Пакет“ склучен пред 30.04.2013 година.

4 причини зошто HELIX

  1. Иновативни решенија

    Cloud Решенија

    Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил

  2. Ефективни решенија

    Поврзаност на податоците.

    Автоматско книжење.

    Лесно управување.

  3. Исплатливи решенија

    Комплетна поддршка.

    Внимание на детали.

    Зголемена конкурентност.

  4. Интелигентни решенија

    Намалени трошоци.

    Точни податоци за правилни деловни одлуки.